Контакт

Изложби

Прва изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Објавено пред

Во понеделник (27 Мај), во просториите на Музејот на град Скопје, ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Поставките на изложбата се изработени како студентски проекти и макети по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање-основи и реализација, Индустриски дизајн- современи движења и Резбарство.

Оваа изложба, единствена по својот концепт и дизајн, претставува одлична можност, младите студенти-идни дизајнери на мебел и ентериер, да ѝ се претстават на јавноста и да ги презентираат цртежите и макетите, кои ги изработиле во текот на студирањето.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети. Свеченото отворање на изложбата ќе биде на 28 Мај со почеток во 19 часот. На отворањето, на гостите ќе им се обратат Деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Проф. Д-р Зоран Трпоски и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски. Изложбата ќе трае до 2 јуни.

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер е основан во 2010 година како следбеник на четиридецениската традиција на студиите од областа на дрвната индустрија, механичката технологија на дрвото и проектирање на мебел и ентериер, што до учебната 2009/10 година се организираа во рамките на студиските програми на Шумарскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер претставува единствена високообразовна и научно–истражувачка установа од областа на технологијата на дрво и дизајн на мебел и ентериер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Ново издание на „Сквер арт“ во Ресен

Објавено пред

На плоштадот во Ресен денеска се одржува традиционалната манифестација „Сквер арт“. 20-тина ученици од ликовната секција при Домот на културата „Драги Тозија“ на отворен простор имаат можност да ги претстават своите ликовни креации, цртајќи на хартија, но и да ја покажат ликовната умешност, цртајќи на подните плочки на плоштадот „Цар Самуил“.

Директорот на јавната установа Дом на култура „Драги Тозија“, Васко Василевски, истакна дека оваа манифестација е многу важна за нив како организатори, затоа што ја побудува креативноста кај младите, истовремено мотивирајќи ги да креираат и заеднички да се дружат.

„Членовите на нашата ликовна секција преку овој настан се мотивирани јавно да ја покажат својата умешност на дело и да остават белег во однос на ликовната уметност во Преспа. Наша задача е да ги мотивираме, а воедно и да им даваме постојана можност да се усовршуваат. Кој знае, можеби еден ден некој од денешните учесници ќе биде голем ликовен уметник“, рече Василевски.

Покрај учениците, и случајните минувачи имаа можност да нацртаат нешто и да учествуваат во манифестацијата. Организатори на овој настан се Домот на култура „Драги Тозија“ и Општина Ресен. Ликовната работилница „Сквер арт“ е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за проекти од национален интерес од областа на културата за 2019 година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на графики од Илија Пенушлиски во „Акантус“

Објавено пред

Изложбата со наслов „Градот“ од уметникот Илија Пенушлиски ќе биде отворена на 7 јуни во галеријата „Акантус“.

Станува збор за изложба на графики инспирирана од мотиви на градовите. Изложбата ќе биде отворена до 26 јуни.

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски во Прилеп

Објавено пред

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, утре, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски.

Морфолошката структура на пејзажните знаци како автономна појава со автентична еволуција, како и достапните локални ресурси – картоните, втиснувајќи им ја универзалната димензија, се извор за мојата уметничка идејавели авторот.

Оваа ликовна инсталација од ѕидни објекти е генерирана од локалниот биоотпад, трансформиран во галерискиот простор.

Рустикалната обработка на картоните на соодветен начин ги нагласува линијата и формата како елементи на изразување на уметноста. Ритмичното повторување на мотивите силно ја нагласува динамиката, која во голема мера зависи од позиционирањето на формата, бојата, движењето и рамнотежата на композицијата. Оваа модулација дава најкомплексно објаснување на геометриските форми, која од постоењето на овој феномен ѝ дава статус на филозофска категорија идентична со принципот на функционирање на космичкиот поредок и одговара на теоријата на ритмичко повторување на животот што се движи и постојано се менува. Тоа е фактор што го прави редот, носи хармонија во хаосот, тој е оној што е врвен принцип и монитор што ги регулира сите уметнички елементи.

Давид Атанасоски е роден во Прилеп 1995 година. Во 2018 година заврши Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство во класата на професор Исмет Рамиќевиќ, со конзервација и реставрација.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести8 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија9 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт9 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Македонија10 часа

(Видео) Невреме кај Кичево – град ги прекри патиштата, сообраќајот отежнат

Силно невреме проследено со пороен дожд и град го зафати подрачјето во близина на Кичево. На патот после Кичево, кога...

Вести12 часа

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт13 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет14 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ16 часа

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет17 часа

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет18 часа

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет18 часа

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет18 часа

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија1 ден

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија2 дена

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија2 дена

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Економија2 дена

Тевдовски: Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на земјата

Aгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување...

Топ2 дена

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот...

Досие