Контакт

Книги

Промоција на книгата „Залутани записи“ од Иван Шопов во Софија

Објавено пред

Денеска во КИЦ на Македонија во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на книгата од македонскиот писател Иван Шопов со наслов „Залутани записи“. Книгата излегува како издание на издателство „Ерго“ во превод на бугарски јазик од Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

За книгата ќе говорат Мартин Христов од издателство „Ерго“, Тања Попова и бугарскиот писател и сценарист Михаил Вешим.

Во „Залутани записи“ се собрани кратки раскази и есеи од македонскиот сатиричар Иван Шопов. Тие се духовит сеизмограф на нашето време, хроника која нè тера да се насмевнеме, но често таа насмевка има горчлив вкус. На централно место во книгата се поставени малите луѓе и страничните појави и настани, кои не можат да се сретнат во учебниците по историја и туристичките брошури.

Михаил Вешим: Кратките парчиња проза на македонскиот писател Иван Шопов се како делови од сложувалка – ако ги наредиш правилно, се добива една апсурдна слика – дијагноза на нашиот заеднички Балкански синдром, опишан порано и од Станислав Стратиев.

Иван Шопов (1987, Скопje) дипломира на Факултетот „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, со насока „Општа и компаративна книжевност“. Долгогодишен редактор во издателство „Темплум“ и на интернет-порталот Okno.mk. Автор е на зборникот раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за кој ја добива наградата „Новите!“ за најдобра дебитантска проза; стиховите во проза „Меше на годината“ (2012); зборникот раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2018); зборник сатира „ Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018); миникнигата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од застава 750“ (2019) и „Скопје: изгубените чевли на градот“ (2020). Пишува и поезија и хаику. Неговите раскази и стихотворби се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија7 часа

Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството…...

Свет7 часа

Главниот преговарач на Москва се огласи и испрати порака: Русите секогаш го добиваат своето

Војната и преговорите во историјата отсекогаш се воделе истовремено, изјави шефот на руската делегација за преговори со Украина и помошник...

Македонија12 часа

(Видео) Бело платно со имињата на жртвите од пожарот во Кочани пред Обвинителството

Иницијативата „Кој е следен“ со герила акција побара правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март...

Македонија13 часа

Обвинителите објавија нова видеоснимка на која Манев се враќа по лопата: „Однапред се подготвувале за убиството на Вања“

На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година,...

Македонија14 часа

Четворица повредени од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, во странство остануваат уште 11 лица

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и...

Македонија15 часа

Ексдиректорите осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ексдиректорите на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор за...

Македонија15 часа

Добив втора шанса за живот: се огласи повредениот гитарист на ДНК

По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на...

Македонија17 часа

Меџити ќе чека на „Вреди“ да се приклучат членови од опозициските албански партии, а потоа ќе предложи нов министер за здравство

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити како еден од лидерите на „Вреди“ денес рече дека предлогот за нов...

Европа18 часа

(Видео) Почна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина почна во петокот во Истанбул под водство на...

Македонија18 часа

Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад...

Македонија19 часа

До ОЈО Куманово доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се...

Македонија19 часа

Мицкоски за „Евроњуз“: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Премиерот Мицкоски во неговото интервју за „Еуроњуз“ се осврна и на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaцијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската...

Македонија20 часа

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија ангажирани 14 нови вработени, сите Македонци и ниеден Албанец“, велат од ДУИ

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија се ангажирани 14 нови вработени – сите Македонци – и ниту еден...

Европа21 час

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија...

Свет21 час

Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат...

Свет22 часа

Хамас: Подготвени сме да ги предадеме сите заложници за да се стави крај на војната во Газа

Висок политички лидер на Хамас повтори дека се подготвени „веднаш да ги предадат сите затвореници“ доколку таков потег доведе до...

Македонија1 ден

Дојава за бомба и евакуација на концерт на српски пејач во Јане Сандански

Драма во салата Јане Сандански во Скопје, каде за вечерва беше закажан музички концерт на Пеџа Јовановиќ. Како што информираа од...

Македонија1 ден

Мицкоски за „Еуроњуз“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Премиерот, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на „Еуроњуз Србија“ истакна дека нема аргументи за прифаќање на...

Македонија1 ден

Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија, вели градоначалникот кој го повика Град Скопје да преземе мерки

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна...