Контакт

Култура

Со спуштање на бајракот затворена „Десет дена Крушевска Република“

Објавено пред

Со спуштање и засолнување на бајракот и почесна стрелба, официјално се затвори манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

dobivaj vesti na viber

„Изминатите 10 дена имавме богата програма, опфативме повеќе културни области и привлековме многу туристи. Достоинствено го одбележивме Илинден и покрај тоа што манифестацијата понуди забава, се вративме назад да ја доживееме историјата. Им се заблагодарувам на сите што присуствуваа во Крушево“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

На затворањето на „Десет дена Крушевска Република“ концертот на Дац и Александар беше прекинат поради дожд, кој почна во текот на настапот, информира организаторот.

Култура

„Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“ во Музејот на современата уметност

Објавено пред

По повод осумнаесеттото издание на Италијанскиот ден на современата уметност на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот институт за култура во Белград, во соработка со Музејот за современата уметност во Скопје, организираат уметничка изложба со наслов „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата на овој иновативен уметнички проект на италијанските уметници Антонио Масаруто и Роберто Геци претставува еден вид заокружување на нивното современо уметничко истражување реализирано во април 2022 година на падините на новосоздадениот Национален парк Шар Планина, проследено исто така и од локалните студенти од катедрата за уметност и дизајн при Универзитетот во Тетово.

Проектот исклучиво третира прашања поврзани со животната средина имајќи цел да ја стимулира јавната свест за важноста на природното наследство на Северна Македонија, како и да ја истакне уметничката вредност на нејзиниот биодиверзитет, особено по формирањето на овој нов национален парк, кој патем ја зголемува целосната површина на заштитено подрачје до 14 отсто.

Инаугурацијата на оваа уникатна уметничка колекција ќе се одржи в сабота, 8 октомври 2022 година, во 12 часот, во просториите на Музејот на современата уметност во Скопје.

Уметничките дела ќе бидат изложени до 26 октомври 2022 година, во првата изложбена сала, а потоа некои од нив ќе бидат донирани на Музејот (кој веќе вбројува значајна донација на италијански современи уметнички дела), како и на институциите вклучени во проектот. Некои од инсталациите ќе бидат оставени на самиот терен каде што биле создадени (Шар Планина) како симбол на логичко затворање на природниот круг.

Изложбата е организирана со поддршка на Министерствата за култура и за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, а во соработка исто така и со Националниот парк Шар Планина, Планинарскиот клуб „Љуботен“ и Македонското еколошко друштво.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на книгата „Попатно“ од Александар Пљачковски

Објавено пред

Во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, денеска, во 18 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Попатно“ од Александар Пљачковски. За пораките на изданието пред присутните ќе говори авторот на книгата.

dobivaj vesti na viber

Александар Пљачковски – Скопје, 1998 година, е инженер по електротехника и информациски технологии по професија, но исто така е и софтверски инженер за развој, писател, поет, активист и хуманист. Почнува да пишува кратки текстови, есеи и поеми уште од рана возраст, но својот прв роман го завршува на седумнаесет години. Неговите реченици и зборови се препознатливи по креативниот и уметнички начин на пишување, преку кој ги наведува луѓето да се пронајдат себеси и да живеат достоинствено, истовремено овозможувајќи им да се видат себеси во напишаното. Да ја развијат својата будност, која несомнено ќе им помогне во разбирање на причинско-последичните ефекти на сè што прават, како и да развијат енормни чувства за сето она што е важно за нив со цел да се инспирираат и мотивираат продолжувајќи напред кон своите цели.

Она што го пишува е произлезено од искуството во неговиот живот, запознавањето со други животи преку моќта на книгите, формалното и неформалното образование и знаење, како и меѓусебната комуникација со другите луѓе.

Преку својот активизам и хуманизам тој се залага да биде лидер и амбасадор за заштита на човековите права, рушење на поделбите, подигнување на свеста и свесноста на луѓето, нееднаквоста, економската, но и комуникациската, сиромаштијата, борбата против климатските промени, социјалната инклузија, вклучувајќи го и младинскиот активизам и хуманизам, здравјето и благосотојбата, како и иновациите, кои претставуваат двигател на нештата.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на Музејот на современата уметност – Скопје во Кунстхале, Виена

Објавено пред

Во почетокот на следната година во престижниот простор Кунстхале (кој е дел од Музеум квартиер), еден од најголемите европски културни центри во срцето на Виена, на 1.000 квадратни метри ќе биде претставена првпат селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Концептот предвидува 8 меѓународни уметници да направат своја селекција од колекцијата и да осмислат поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу овие дела и нивната работа. Идејата е да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка настаната преку уметничката солидарност. Дел од изложбата ќе биде и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ – Скопје и неговата колекција. Тоа значи дека во една од европските метрополи и најпознати уметнички центри ќе бидат афирмирани и драгоцената збирка на МСУ и градот Скопје, вели организаторот.

dobivaj vesti na viber

Уметниците што веќе избираат дела од колекцијата на МСУ – Скопје со кои ќе воспостават дијалог помеѓу делата и нивната работа се: Брук Ендру (Австралија), Јане Чаловски (Р. С. Македонија), Христина Ивановска (Р. С. Македонија), Синиша Илиќ (Србија), Иман Иса (Австрија) и Ѓулсун Карамустафа (Турција). Уметницата што создава фотографии од Скопје и МСУ е Елфи Семотан (Австрија) и уметницата што прави патопис низ градот и музејот е Барби Марковиќ (Србија).

Досега во посета на Скопје и МСУ беа најголемиот дел од уметниците, кои веќе почнаа со фотографирање и избор на дела од уметничката колекција на Музејот. Присуството на Брук Ендру и Иман Иса во МСУ – Скопје, покрај нивните обврски врзани со претстојната изложба, МСУ го искористи да одржат и Artist talk за поширока публика. За време на својот престој во МСУ, Синиша Илиќ ја истражуваше колекцијата и правеше избор на дела, а Барби Марковиќ во своите истражувања за Музејот и за Скопје собираше информации, кои понатаму ќе ѝ послужат за креирање пишани текстови поврзани за изложбата. Неодамна во посета на МСУ беше и Елфи Семотан, една од најреспектибилните и најпознати фотографки на денешницата, која направи фотографии од нашиот музеј и од неколку клучни локации на Скопје.

Уметничката директорка на „Кунстхале Виена“, Сабина Саболовиќ, веќе двапати беше во работна посета во Музејот на современата уметност – Скопје, каде што заедно со директорката на Музејот, Мира Гаќина, и дел од кураторскиот тим работеа на подготовки за овој голем проект. Неодамна, пак, директорката на МСУ, Гаќина, заедно со тим куратори беше во возвратна работна посета на музејот „Кунстхале“, каде што со тамошниот стручен тим го разгледаа просторот во кој ќе бидат поставени делата од уметничката колекција на МСУ.

„Во Кунстхале имавме неколку работни средби на кои разговаравме за овој амбициозен проект. Кураторскиот тим на оваа важна институција и неколку меѓународно признаени уметници претходно веќе беа во МСУ – Скопје, каде што почнаа да ја прават селекцијата за тоа кои од значајните дела на нашата колекција ќе бидат изложени в година во Кунстхале. Она на што работиме сега е да видиме и каков е интересот за гостување на овој проект и во други сродни музеи во Европа и пошироко. Важно е да се знае дека ова ново читање на нашата колекција ќе ѝ биде претставено и на нашата публика по завршувањето на изложбата во Кунстхале во Виена. Нашите активности врзани за промовирање на колекцијата на МСУ предизвикаа и реакција кај значајни современи уметници, кои одлучија да донираат свои дела на МСУ: Ахмет Огут, Јонас Стаал, Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, колективот „Шчо делат“, Танија Бругера и други. Се работи за едни од водечките уметници на светската уметничка сцена денес“, вели Гаќина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Зеленски: Мора да се добие војната за да не можат руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од европските лидери уште оружје за да ги спречи руските тенкови да стигнат до Варшава...

Економија3 часа

Владата ја ограничи маржата на млечните производи

На предлог на Министерството за економија, Владата ја замрзна маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано...

Македонија4 часа

МНР повика на зрело и достоинствено однесување по најавените протести поради бугарскиот клуб во Охрид

По повод најавеното отворање на бугарскиот културен клуб во Охрид, како и повикот за протест, Министерството за надворешни работи упати...

Македонија4 часа

Ковачевски-Мицотакис: Заедничките стратешки проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, во Прага. Ова е втора средба која...

Македонија5 часа

(Видео) Ковачевски во Прага: Солидарноста е неопходна за да се надмине енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски во Прага, во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена...

Македонија6 часа

Маричиќ: Помалку емоции, а повеќе факти во градењето на добрососедските односи

На денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан...

Регион6 часа

(Видео) Вучиќ: Загреб нема да ја води политиката на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Прага изјави дека Хрватска сама се пофалила дека е одговорна за тоа што Западен Балкан...

Македонија8 часа

Премиерот Ковачевски официјално пречекан од чешкиот премиер Фијала во Прага

Со официјален пречек на шефовите на држави од страна на премиерот на Чешка, Петр Фијала, почнува првиот состанок на Европската...

Македонија9 часа

Мицкоски повика на масовен протест поради отворањето на бугарскиот културен клуб во Охрид

На 7 октомври во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен клуб во Македонија, а ќе го носи името „Цар...

Регион10 часа

Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да...

Свет10 часа

Сируп против кашлица причина за смрт на над 60 деца во Африка, СЗО апелира на претпазливост

Индија чека докази од Светската здравствена организација за поврзаноста помеѓу индискиот сируп за кашлица и смртта на десетици деца во...

Свет10 часа

Познат мотивот за масакрот на Тајланд: убиецот дошол да си го земе детето, а збеснал кога дознал дека го нема

Полицијата спроведува опсежна истрага за масакрот што се случи денеска во градинка во североисточниот дел на Тајланд. Во нападот на...

Европа11 час

(Видео) Мајки врескаат, се бројат жртви, се појавија снимки од пред градинката на Тајланд

На социјалните мрежи се појавија првите видеа од пред градинка на Тајланд, каде што имало масовно пукање. Според последните податоци,...

Европа13 часа

Премиерот на Чешка: Целта на самитот во Прага е само пробен договор за безбедност, енергија и клима

Премиерот на Чешка, кој претседава со Европската Унија, Петр Фијала, го најави денешниот прв самит на 44 шефови на држави...

Свет13 часа

Северна Кореја лансира балистички ракети, шести пат за помалку од две недели

Северна Кореја лансира две нови балистички ракети, шести пат за помалку од две недели, јавуваат агенциите во светот. Пјонгјанг објави...

Свет14 часа

Мексико: Вооружени напаѓачи убиле 17 лица, меѓу нив и градоначалник

Вооружени напаѓачи го убиле градоначалникот, татко му и уште 16 лица во државата Гереро во јужниот дел на Мексико, соопштија...

Европа14 часа

Претседателот на Австрија: „Путин ме измами“

Претседателот на Австрија, кој се кандидира за нов мандат, Александар ван дер Белен, вели дека било грешка да не се...

Европа1 ден

Шолц: Имаме проблем со работната сила, потребна е функционална миграциска политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал...

Европа1 ден

Земан: Ризикот од нуклеарен конфликт е висок, верувам во силен воен одговор

Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска во...

Економија1 ден

Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет

Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот...