Контакт

Култура

„Танец“ со концерт во чест на Васка Илиева

Објавено пред

Одложениот концерт на „Танец“ во чест на Васка Илиева ќе се одржи овој четврток, 9 ноември, во 20 часот, во Домот на АРМ.

dobivaj vesti na viber

Васка Илиева (1923 – 2001) е доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика. Оваа знаменита скопјанка својата музичка кариера ја почнува во 1950 година токму во Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас Васка Илиева многу бргу станува популарна и настапува на безброј концерти не само во татковината туку и во светот. И денеска нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја. Оттука, заслужени се сите епитети што Илиева доби за време на својата долга музичка кариера, меѓу кои и кралица на македонската народна песна.
Концертот на „Танец“ во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева е замислен како ексклузивна гала-вечер, каде што солистите и ансамблите на НУ „Танец“ ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар, а ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на чествуваната уметница.

Култура

Денеска ќе се отвора изложбата на фотографии насловена „Шумовидение“

Објавено пред

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст- Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“, како дел од неформалниот тековен концепт- проект „ЅидНаУметноста“ денеска ќе ја отворат изложбата на фотографии насловена „Шумовидение“ на Златко Лозаноски.

dobivaj vesti na viber

– Изложбата „Шумовидение“ која ја подготвивме за струмичани презентира селекција од неговите најдобри дела, фотографии кои засебно говорат за една магична тема, а целата целина создава автентично патување низ светогледот на фотографот. Секоја фотографија од овој циклус кој сочинува 12 фотографии ни презентира одредена филмска кадрација, вивидна и исполнета со длабока емоција. Изборот да се занимава со црно- белата фотографија како техника го одделува од останатите фотографи во Македонија, а драматичноста која ја доловува може да биде основа за развој на дополнителна инспирација кај гледачот, соопшти организаторот Митко Гогов во освртот кон изложбата.

Златко Лозаноски е македонски фотограф роден 1980 година во Кичево, основно и средно образование завршува во родниот град, кадешто живее и работи до денес. Фотографијата е секојдневно прибежиште на Златко и иако обврските и секојдневието понекогаш му го крадат времето што може да го потроши во создавање уметност, тој знае како да најде начин да се врати на своето хоби, со искуство од околу 20 години. „Шумовидение“ е негова прва самостојна изложба.

Прикажи повеќе...

Култура

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотеката: презентација на проект за дигитална реставрација и 4-дневна филмска програма

Објавено пред

На 28 октомври (понеделник), во 12 часот, Кинотеката на Македонија ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот ПИСМО на филмскиот и театарски режисер Васил Христов – Вуси. А до крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

dobivaj vesti na viber

Среднометражниот игран филм ПИСМО е реализиран во 2000 година во холандска продукција. Благодарение на EYE-Filmmuseum, националниот филмски архив на Холандија, неодамна и Кинотеката на Македонија доби копија од филмот, бидејќи продуцентот, кој повеќе не е активен, целата своја филмска архива ја има депонирано во EYE.

На презентацијата во понеделник ќе говорат преставници од Управата за заштита на културно наследство, нода Кинотеката на Македонија и од инволвираните стручни лица во процесот на дигитална реставрација, а ќе биде присутен и режисерот на филмот.

Како што погоре спомнавме, од понеделник до четврток, односно од 28 до 31 октомври, на репертоарот на кинотечното кино ќе се прикажуваат домашни филмски наслови чие создавање и постоење треба да го потенцираме токму оваа 2024 година. Пред сè, тука се краткиот документарен ДАЕ (1979) на Столе Попов и играниот ПРЕД ДОЖДОТ (1994) на Милчо Манчевски, кои своевремено беа во трката за престижниот „Оскар“ како претставници на нашата кинематографија, а се закитија со подеднакво значајни награди и на други врвни светски фестивали – ДАЕ со „Гран при“ на МФФ во Оберхаузен, а ПРЕД ДОЖДОТ со „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал. Потоа следи и партизанскиот трилер ПОД ИСТО НЕБО (1964) на режисерската двојка Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ, па комитската драма НЕЛИ ТИ РЕКОВ (1984) на Стево Црвенковски, како и документарниот првенец ОГАН, повторно на Столе Попов, од 1974 година. Сите овие филмови во 2024 година одбележуваат свој јубилеј – од премиера, од прикажување, од создавање…

27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е востановен од УНЕСКО, а го одбележуваат сите светски филмски архиви, кинотеки, музеи, библиотеки и организации кои работат на полето на заштитата на аудиовизуелната граѓа, предводени од Координативниот совет на здруженија на аудиовизуелни архиви (CCAAA –Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations). Со проекции, изложби, промоции, тркалезни маси, презентации и други настани и програми сите овие организации, тела и институции се обидуваат да го свртат вниманието кон неопходноста од заштита и сочувување на филмското наследство како дел од колективната културна меморија.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на романот „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски

Објавено пред

Македонскиот писател Михајло Свидерски ќе гостува во КИЦ на РС Македонија на 25 октомври (петок) од 18:30 часот по повод својот роман „Последните денови на Ханс“. Ќе го претстави издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев. На настанот ќе учествува и преведувачката Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во романот има загатка која веднаш ја зграпчува љубопитноста, извонреден психологизам кој го пленува читателот и пророчка длабочина со видение за невидливите кукловоди кои владеат со општеството.

Германски емигранти се населиле во едно зафрлено село некаде во Јужна Америка. Тие живеат во изолација, исклучувајќи ги посетите на малиот Сантијаго, кој му служи на стариот и болникав господин Ханс. Двајцата стануваат пријатели и момчето ги впива знаењата на беспомошниот и никому нужен старец. И додека селото е потресено од насилното преземање на власта во земјата (хунта, тоталитаризам), во болната свест на старецот, кој го крие својот вистински идентитет, вилнеат сеќавања од неговото минато – како понижено, малтретирано и угнетено дете, неостварен уметник, психопат диктатор, кој го потчинил половина свет со своето влијание. Зарем тој не е поврзан и со убиствата на луѓе од селото?

Роман во кој загатката не се открива до последната страница. Референците за конкретната историска личност се очигледни, но дали ликот е навистина тој, Адолф Хитлер? Читателот се претвора во детектив, во лавиринтите на психолошката драма.

Модерен европски роман кој може да се постави до делата на Шницлер, Џојс и Волф, неслучајно номиниран за најпрестижната македонска книжевна награда – „Роман на годината“ како и за Европската награда за литература, вели организаторот.

Покрај маестрално извајаниот наратив, романот импресионира со своите болно прецизни размислувања за слободата, осаменоста, стравовите и насилството што раѓа насилство.

Михаjло Свидерски создал роман кој го надминува балканскиот регион и е дело од светска класа, се истакнува во информацијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Се снимал и сликал со бомби кашикари во раце, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи...

Македонија3 часа

Стрелките на часовникот ноќеска се враќаат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат...

Топ18 часа

38-годишен маж силувал малолетник во Струмица

Синоќа во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 – годишен жител на Струмица. Тој се...

Македонија22 часа

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра кога минималната кошничка е над 1.000 евра, раст на минималната плата да има и годинава

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,...

Македонија22 часа

„Ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник“, напиша Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. „1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии,...

Македонија22 часа

Трговците се алчни, во септември ги покачија цените за во октомври да ги намалат и да останат со истиот профит по замрзнувањето на маржите, вели Трендафилов

Вклучување на Сојузот на синдикати при креирање на мерките кои Владата ги носи за да им олесни на граѓаните и...

Македонија1 ден

Шилегов: СДСМ е заробена партија со двајца октроирани „лидери“, тоа се тезгароши

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ,...

Регион1 ден

В недела граѓаните на Бугарија одат на седмите предвремени избори во последните 4 години

Бугарските граѓани во недела одат на седмите предвремени избори во последните четири години, додека поделените политички партии во земјата се...

Македонија1 ден

Потпретседателката Камала Харис испрати писмо до македонската заедница во САД

Пред неколку недели, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) испрати прашалник до кампањите на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и до...

Европа1 ден

Мишел: Ние треба да одлучиме кој ќе влезе во ЕУ, а не шверцерите на мигранти

Изразеното единство во реакциите на пандемијата на Ковид и рускиот напад врз Украина се најголемите достигнувања на ЕУ во последните...

Свет1 ден

Шефот на ОН се ракува со Путин, па повика на мир во Газа, Либан, Украина и во Судан

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш им порача на лидерите на БРИКС, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, дека...

Свет1 ден

(Видео) Израелската војска уби командант на Хамас, кој учествувал во нападот на 7 октомври 2023 година, а работел и за Агенцијата за помош на ОН

Војската на Израел синоќа соопшти дека убила командант на Хамас, кој учествувал во напад на јужен Израел на 7 октомври...

Регион1 ден

(Видео) 15-годишен тинејџер со нож уби полицаец во БиХ, испратил чудни пораки пред нападот

15-годишен тинејџер синоќа ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа, каде убил еден полицаец, а друг тешко ранил. Нивниот идентитет...

Македонија2 дена

(Видео) Кое племе е ова, од каде дојдоа: Јакимовски најави дека ќе јa напушти ЗЕЛС ако продолжи теророт од власта

Градоначалникот на општина Карпош на денешната прес-конференција најави дека Oпштина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од...

Македонија2 дена

Фон дер Лајен го потсети Мицкоски: Треба да поминат уставните промени, кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи, а проширувањето ќе остане приоритет за ЕК во следните пет години

Добро е да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна...

Македонија2 дена

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов,...

Македонија2 дена

(Видео) Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и наркобосовите, прашува Кузеска

„Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се...

Македонија2 дена

Таравари ја прими вакцината против грип и повика граѓаните да се заштитат: Спречува компликации, особено кај повозрасните што имаат и други болести

Министерот за здравство, Арбен Таравари, и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, утрово се вакциинираа против грип и...

Македонија2 дена

Маж падна во бездна со мотор кај Црно Езеро на Шар Планина, полицијата успеа да го извлече

Вчера, во 17.31 часот, примена е пријава за повредено лице по пад во бездна со мотор. Локација била на тешко...