Култура
Балетската класика „Рајмонда“ на сцената на Националната опера и Балет
По повод Светскиот ден на балетот, кој оваа година се одбележува на 2.11.2022, на сцената на Националната опера и Балет, на 1 ноември 2022 (вторник), со почеток во 20 часот, ќе се изведе еден од бисерите на балетската уметност, раскошната балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов. Безвременски балет, кој е израз на целосната убавина на класичниот танц.
Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Прекрасните костими и спектакуларната сценографија се на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин.
Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лочеи (Унгарија), Абдурахман: Васил Чичијашвили (Грузија), Илијана Данилов, Христина Наќевска, Наташа Трендафилова-Гицев, Игор Веланоски и Ендру Кук (Англија).
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и Балет.
„Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург во јануари 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија, која го обележува времето на романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90 отсто
Магијата на Black Friday пристигна во книжарниците на „Литература.мк“!
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозно големи попусти, дури и до 90%!
На попуст од 70% се бестселери, мотивациски книги, современи класици, биографии и книги за деца и млади од издавачките куќи „Арс Ламина“, „Култура“, „Полица“, „Бата прес“ и „Сакам книги“, „Антолог“ и „Три“.
До 90% намалување има на дел од гифт-програмата, на играчки, едукативни материјали, друштвени игри, украси за домот и канцеларијата, подароци, колекционерски производи, куфери и друго. Станува збор за селекција на производи од престижни интернационални брендови, како: Lego, Baci Milano, Ferrari, Scooterice, Clementoni, Fundamental, BG Berlin, PBM express, Abysse, Erik, Cerda, One collection, Cogo, CV Cristal, Alessi, 4М, Lexon, Italeri, Manopulos, SOL expert group, Matador и Hanipol.
Попустите важат во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“, Битола и Струмица), како и за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk.
Со оваа акција се овозможува навреме да си обезбедите новогодишни подароци, но и да го дополните својот дом со нови книги и уникатни производи по супер намалени цени!
Каталогот со попустите можете да го разгледате на следниот ЛИНК.
Култура
(Видео) „И јас сум Сирма” ја запали Македонија: лектира, историска читанка и „Оче наш“ на секој Македонец
Најновата книга „И јас сум Сирма“ на авторот Зоран Спасов-Sоф ги сруши сите стереотипи за промоција не една книга. Издавачот „Арс ламина“ направи своевидна револуција во промовирањето на овој исклучително контроверзен роман.
Горат социјалните мрежи, порталите, брендирани автобуси возат низ градот, дваесетметарска реклама осамна спроти Владата, на радиостаниците ги слушаме трите реклами со баритонот на Александар Микиќ…
Двоецот „Арс ламина“ – Sоф ја помести границата за промоција на едно дело од областа на културата. Дури и оние што не читаат книги ја посетуваат веб-страницата www.ijassumSirma.mk за да дознаат повеќе информации за овој роман.
Првиот дел од кампањата заврши со спектакуларната промоција во МКЦ, каде што преку илјада книгољупци ја дочекаа Сирма да се појави на бината, придружена од нејзиниот „Сирма рокенрол-бенд, кој со еден пинкфлојдовски и седумосмински аранжман ја изведе „Заветна”.
Книгата се продава во салоните на www.literatura.mk. Исто како и пртходно, и овој пат, кога станува збор за „Арс ламина“ и Зоран Спасов-Sоф, средствата од продажбата ќе бидат наменети во хуманитарни и добротворни цели.
ПР-текст
Култура
Претставатата „Земја на штркови“ вечерва гостува во Свети Николе
Вечерва со почеток од 20:00 час. во ДК “Крсте Мисирков” – Св.Николе, гостува Театар Провокација со претставата “ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ” во режија на Роберт Ристов.
Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до каде – тоа сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!
Играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски.
Истата оваа претстава на 26.11 гостува во Пробиштип, на 06.12 Велес, на 10.12 по втор пат ќе гостува во Охрид, а на 11.12 ќе ја има и скопската премиера во МКЦ.