Контакт

Култура

Драмскиот театар гостува на меѓународниот фестивал „РУТА група Триглав“ во Сараево

Објавено пред

Од 20 до 27 јуни НУ Драмски театар Скопје учествува на меѓународниот фестивал „РУТА група Триглав“, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, со претставата „Диши“ (на 22.6.2022).

dobivaj vesti na viber

Оваа претстава, која е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Бојан Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.

Улогите ги толкуваат: Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

Култура

Прва ликовна колонија во Кисела Вода

Објавено пред

Започнува првата ликовна колонија во Кисела Вода, која ќе се одржи овој викенд, 11, 12 и 13 октомври во Домот на култура во Драчево.

dobivaj vesti na viber

„Со оваа манифестација која за првпат се одржува, имаме за цел да го збогатиме културниот капацитет и потенцијал на општината и истата ќе биде збогатена со дела од реномирани автори од Македонија и регионот кои ќе бидат изложени во културните домови во Кисела Вода.

Во петок, во 10 часот се тргнува со организиран превоз од собирно место пред паркингот кај општината, а потоа следува прошетка до црквата Свети Ѓорѓија и легендарната „чешма” според која е настаната Кисела Вода, месноста Пеленица и други локации во Драчево. Пристигнување во домот во Драчево околу 12 часот и творење до 16 часот, па враќање дома.

Сабота: тргнување со организиран превоз од пред паркингот кај општината во 11 часот; Недела: тргнување со организиран превоз од пред паркингот кај општината во 11 часот“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Им посакувам успех на сите учесници и нека оваа ликовна колонија прерасне во традиција“, додаде Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Култура

„Здраво, млади“ 14. пат во МКЦ

Објавено пред

На денот на Народното востание на македонскиот народ, 11 октомври, ќе се реализира 14 издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади” во организација на Младинскиот културен центар –Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на програмата, публиката ќе има можност да погледне 17 различни музички артисти од 6 земји од Европа. Оваа година, програмата претставува вистинско изобилство од музички артисти кои пленат со своите настапи во живо, претставувајќи сериозна музичка разгледница од светот.

Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив “Гола планина / Мртов коњ”, публиката ќе има можност да ги чуе младата дарквејв артистка “ATA” (MKD), енергичните “KLOTLJUDI” (SRB), дрон/фолк артистот “СТОЈ, ПОСЛЕ!” (MKD), панк-рок изведувачот “DIMISH” (МКД), инди составот “ZANADU” (MKD), психоделичните “VAGINA CORPORATION” (MKD) како и диџеите Пепи и Шабан.

Оваа година, Младинскиот културен центар оствари тесна соработка со Холандската амбасада во Скопје, каде со нивна организациска и финансиска поддршка, како и поддршката од партнерите од европската мрежа “Liveurope”, ќе се реализира музчката програма насловена како “Liveurope & NL” селекција. Во неа, публиката ќе ги проследи настапите на иновативните “VELOCITY MADE GOOD” (NL), експлозивното трио “HOUSEPAINTERS” (NL), соло проектот и хрватскиот хит “IDEM” (HR), панк изведувачот “TANDARA” (HR) како и полските џез експериментатори “KOSMONAUCI” (PL).

Во соработка пак со холандската издавачка куќа “YUGOFUTURISM”, „Здраво млади“ ќе ги угости интензивното нојз трио “TEXOPRINT” (NL), андерграунд нојз- поп сензацијата “SØWT” (NL),кантавторката “EERIE WANDA” (NL/HR), како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа “YUGOFUTURISM”, Кун Хегде или диџеј VIKENDICA.

Свој диџеј сет ќе има и резидентниот диџеј на Здраво Млади уште од своето прво издание, Диџеј Фиц од Ирска.

Програмата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, Холандската
амбасада во Скопје и мрежата “Liveurope”.

Влезот на 14. издание на ЗДРАВО МЛАДИ е слободен, додека програмата ќе започне во 19 часот.

Прикажи повеќе...

Култура

Долг аплауз за Камерниот оркестар на Националната опера и Балет во Виена

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер, во познатата Почесна сала (Ehrbar Saal) во Виена го проследи концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и Балет, чиј настап многубројната публика го поздрави со долг аплауз.

dobivaj vesti na viber

На концертот, на кој присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор, Камерниот оркестар на НОБ, под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, изведе композиции од: Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.

Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј настап ја збогати уникатната можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурна размена и промоција на македонската уметност во светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Оставка на директорот на основното училиште во Ѓорче Петров каде деца се обидоа да силуваат соученик

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека од лични и морални причини оставка поднел директорот на општинското основно...

Македонија2 часа

(Видео) Огромни гужви за излез од Скопје, на патарината „Миладиновци“ колони од два километри

Огромни гужви има попладнево на наплатната станица „Миладиновци“ на излез од Скопје. „Тука е полошо од грчка граница. Сите свират,...

Македонија5 часа

Македонците во Бугарија се обесхрабруваат да се идентификуваат, не постои свест за правата на малцинствата, нотира Советот на Европа

Советодавниот комитет на Советот на Европа во својот најнов извештај посочува дека во Бугарија постои значителен недостаток на свест за...

Македонија5 часа

Член на Надзорен одбор на банка извршил измама преку злоупотреба на чувствителна информација

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе...

Македонија7 часа

Минчев: Јавната администрација е некомпетентна, нестручна и непрофесионална, вработените ќе мора да се преедуцираат за да не ја загубат работата

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, давајќи отчет за „100 дена Влада“, рече дека административците што не покажуваат добри резултати...

Економија10 часа

Димитриеска-Кочовска: Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цените, ефектите нема да бидат толку големи, особено во услови на ниска инфлација

Во изминатите 100 дена работевме без штедење, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. Изрази задоволство од...

Македонија11 часа

Веќе е готов нов закон со кој се предвидува не само етничка туку и полова и секаква друга застапеност во институциите, уверува Таравари

Со нов закон ќе се гарантираат етничка, полова и застапеност во институциите на сите категории луѓе што живеат во државата,...

Свет12 часа

(Видео) „Кога ќе се раздени, веројатно ќе ги собираме телата“, вели шеф на полиција на Флорида

Во Брадентон, Флорида, е 4 часот наутро, а шефот на градската полиција разговараше со новинарите на Би-би-си неколку часа по...

Свет14 часа

(Видео) Милтон сега е ураган од прва категорија

Околу 12:30 часот по локално време, „окото“ на бурата се придвижи кон внатрешноста, носејќи обилни дождови на североисток кон Орландо....

Европа15 часа

(Видео) Масовен напад врз Русија, погоден магацин со дронови, гори кај воениот аеродром

Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала. Експлозиите се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј...

Свет16 часа

(Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки

Ураганот Милтон пристигна на Флорида околу 20:00 часот по локално време (02:00 часот по македонско), предизвикувајќи торнада и го зафати...

Свет16 часа

(Видео) Сателитот го сними моментот кога ураганот го погоди брегот на Флорида

Ураганот Милтон во средата навечер навлезе во Флорида како бура од трета категорија, според Националниот центар за урагани на САД,...

Свет16 часа

(Видео) Снимен бран од 8,5 метри во близина на окото на ураганот

Дрон снимил бран висок 8,5 метри и удари на ветерот од речиси 122 километра на час во близина на центарот...

Македонија1 ден

Костадиновски по укинувањето на балансерот: Ако јас како мнозинство добијам 100 поени, а вие како малцинство 40 и вие ја добиете предноста, дали ќе имаме стручен јавен сектор

Со мнозинство гласови денес Уставниот суд укина делови од одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни...

Македонија1 ден

Шеесетмина се затруле на Воената академија, Мисајловски, место храна, сега им исплаќа пари

Вкупно 60 луѓе се затруле од храната на Воената академија минатиот месец, извести денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во...

Свет2 дена

(Видео) Егзодус на Флорида, илјадници бегаат, заглавени на патиштата, без гориво

Денеска е последниот ден за жителите на Флорида да се евакуираат или да се предадат пред ураганот Милтон од петта...

Македонија2 дена

Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасошот, вели СДСМ

„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но...

Македонија2 дена

„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево – Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои...

Европа2 дена

Украински историчар: Зеленски е сакан во странство, но презрен дома

Јарослав Хрицак, професор по историја на Универзитетот во Лавов, во интервју за Corriere della Sera зборуваше за слабостите на украинскиот...

Свет2 дена

(Видео) Предупредувања до жителите на Флорида: Бегајте или ќе умрете

Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи...