концерти
Концерт „Скопје Виа Созопол“ на Брасстет Скопје
Утре, со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатар, стар град Созопол, во рамки на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ ќе се одржи концерт „Скопје виа Созопол“ на БРАССТЕТ СКОПJE ( Александар Златески – труба, Диме Танчев – труба, Горан Илијевски – баритон, Енис Мехмедов – тромбон, Мицко Дамњановски – туба, Теодор Теодосиевски – ударни инструменти).
На програмата ќе бидат застапени дела од Нино Рота, Карлос Гардел, Анхел Виљолдо, Сони Компанек, М. Родригес, Астор Пијацола, Освалдо Фарес, Консуело Веласкез, Луис Бонфо.
„Брасстет Скопје е нов (2019), но одличен брас состав од Македонија. Составен од одлични музичари кои со нивното повеќегодишно искуство од речиси сите сфери на музиката ќе пробаат да донесат добар звук, свежа програма и одлични настапи. Претежно свират музика прилагодена (аранжирана) за брас квинтет со додадени ударни инструменти. Тенденцијата е да се ‘избегне’ стереотипна програма за ваков состав и да се доближи популарната музика (вклучувајќи и филмска музика и популарната класика) до публиката“, велат од КИЦ.
Секогаш се обидуваат да имаат настапи на отворени сцени концерти во паркови, на плоштади и други места на кои не можете многу често да слушнете концерт. Така всушност и почна приказната на Брасстет Скопје. Првиот концерт се случи на почетокот на летото на фестивалот Скопско лето 2019 – Концерт на плоштадот Јадран. Продолжи на завршувањето на летото преку концерт на фестивалот Звуците на чаршијата со концерт во скопската чаршија. Но, во 2020 следуваат серија концерти на повеќе затворени концертни сцени низ Македонија (Скопје, Кочани, Кавадарци, Неготино).
Како приоритетна програма од таму ги издвојуваат популарната класика, компилации од филмска музика, евергрин теми и поп теми од повеќе жанрови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

