Контакт

Култура

Македонија ја потпиша ревидираната Конвенција за филмски копродукции, двојно се намалува процентот за учество

Објавено пред

Во почетокот на октомври Македонија ја потпиша ревидираната Европска конвенција за копродукции во кинематографијата на Советот на Европа, која е усвоена во 2017 година.

dobivaj vesti na viber

Ревидираната Конвенција е резултат на забрзаниот развој на филмската индустрија во периодот од 1992 година, кога е утврдена Конвенцијата, до 2017 година.

Целта на ревидираната Конвенција е да се обезбеди правна и финансиска рамка за копродукциите на филмови што вклучуваат најмалку три копродуценти основани во државите потписнички на Конвенцијата. Конвенцијата може да биде употребена и како билатерален договор меѓу две страни.

„Со потпишувањето на ревидираната Конвенција се создаваат формално-правни претпоставки за поголема достапност на странските филмски фондови (фондовите на Еуримаж) за копродуцентите од Република Македонија, ќе се олесни процесот на реализација на копродукции, а размената на странските искуства ќе има позитивно влијание врз унапредувањето и развојот на филмската дејност во Република Македонија“, информираат од Министерството за култура.

Како особена придобивка од потпишувањето на ревидираната Конвенција за копродукции во кинематографијата на Советот на Европа е нагласено намалувањето на процентот на учество во копродукцијата. Кога станува збор за мултилатерална копродукција, учеството од 10 проценти се намалува на 5 отсто, а кога станува збор за билатерален договор, процентот за учество се намалува од 20 на 10 отсто.

Во тек се активности за изработка на закон за спроведување на ратификацијата на ревидираната Конвенција, кој ќе биде доставен до Собранието на РМ на усвојување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почина Тоше Поп-Симонов

Објавено пред

Истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов почина денеска на 63 годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Поп-Симонов својата музичка кариера  ја започна во 1980-тите, како еден од основачите и гитарист на култната скопска рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок бендот „Асторија“.

Тој остави силен белег на македонската музика во периодот на 1990-тите, кога соработуваше со речиси сите позначајни имиња од поп, рок, како и од фолк сцената во земјава и изведувачи од регионот, меѓу кои и Тоше Проески, Мизар, Архангел, Меморија, Анастасија, Дарио, Верица Пандиловска, Силви бенд, „Фрајле“ и Алка Вуица.

Неговите пријатели и соработници се простуваат од него со објави на социјалните мрежи.

Погребот на Поп-Симонов ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел од 11:30 часот.

Прикажи повеќе...

Култура

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Објавено пред

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски синоќа беше премиерно прикажан во Москва, во рамки на престижниот Moscow International Film Festival (Меѓународен филмски фестивал – Москва).

dobivaj vesti na viber

Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А листата на филмски фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција.

Основан е во 1935 година, a редовно почна да се одржува од 1959 година. Фестивалот е познат по тоа што комбинира светски премиери, авторски филмови и амбициозни независни продукции од различни земји.

„Јон Вардар против галаксијата“ денес ќе има уште една проекција во Москва.

Првиот македонски долгометражен анимиран филм успешно го продолжува својот фестивалски живот, откако минатата недела се прикажуваше и на меѓународниот фестивал во Буенос Ајрес, БАФИЦИ, кој се смета за најголемиот и најважен фестивал за независен филм во Латинска Америка.

„Јон Вардар против Галаксијата“ е поддржан од Агенцијата за филм, со копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо од „Линкс студио”, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Скорин, арт директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.

Прикажи повеќе...

Култура

Со реномирани џез музичари од Франција и САД започна осмиот Џез фактори фестивал во Битола

Објавено пред

Со настапот на Laurant Coulondre од Франција, во Народниот театар во Битола, започна 8 издание на Џез фактори фестивалот, кој оваа година се одржува од 16 ти до 19 ти април.

dobivaj vesti na viber

„Нема да зборувам колку беа тешки изминатите години бидејќи се уште се тешки, како и секогаш кога се работи за уметност е тешко, затоа што бројот на публика и мал и варира. Но, ние се трудиме, се бориме и ќе се избориме. Ќе ни биде полесно после 10. издание, кога ќе броиме двоцифрена бројка“, истакна на почетокот директорот и основачот на фестивалот, професорот Сашо Поповски.

Џез фестивалот минатата година беше избран за една значајна светска асоцијација, од Шангај, Кина каде беше единствен фестивал од Македонија.

„Ние одлично ја претставивме Македонија и Битола, а со тоа ја поставивме на Битола на светската мапа на џез фестивали“, додаде Поповски.

Францускиот џез пијанист Laurant Coulondre е познат по својот иновативен пристап кон музиката. Добитник е на неколку престижни награди и соработувал со истакнати џез уметници како Paul Jackson и Pierre de Bethmann.

„Јас навистина уживав, ми се допадна публиката, имавме одлична размена на енергија. Луѓето беа жедни за повеќе добар звук, а тоа мене ме мотивираше на настапот“, рече тој после концертот.

„Ваквите фестивали се одлични. Одлична можност е и да се патува и промовира и слави музиката. Ова е еден вид подарок во мојот живот, да дојдам во Македонија да ги видам сите тие луѓе кои се вљубеници во џезот“, додаде.

После него следуваше настапот на Corey Wilcox и WORKING CLASS HEROES, (Соединети Американски Држави). Wilcox е мултиинструменталист со неверојатна техничка вештина и музичка разновидност. Како долгогодишен член на Jazz At Lincoln Center Orchestra, настапувал на светски сцени како Carnegie Hall и Newport Jazz Festival.

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Шпанија, и Делегацијата на Европската Унија. На свеченото отворање беше присутен градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, амбасадорот на Франција, грчкиот конзул, почесниот конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, директорот на Францускиот институт, гости од други градови, љубители на џезот.

Вториот ден е резервиран за работилницата во соработка со Здружението Пелагонија, JAZZ FACTORY FOR KIDS, промоција на Ненад Георгиевски, Press and play, книга која ја истражува македонската музичка сцена, работилницата на светски познатата саксофонистка Swantje Lampert од Австрија. Концертната програма започнува во 20 часот со настапот на Триото на пијанистот Jaume Miquel од Кралството Шпанија. Ова трио комбинира традиционален и модерен џез. Членовите на бендот се искусни музичари кои настапувале со џез великани како Kurt Rosenwinkel и Dave Holland. Од 21 часот следува настапот на саксофонистката и композиторка Swantje Lampert. Нејзината музика е инспиративен спој на класичен и современ џез стил. Од 22 часот во Паб Бурбон Стрит Битола , настапува квартетот на Јован Цветковиќ од Македонија. Тој е млад и перспективен џез пијанист, наградуван за својот уникатен музички израз. Со својот квартет, носи свеж звук инспириран од традиционалниот и современиот џез.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Меџити: Вреди ќе се менува, платформата станува партија

Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави...

Свет2 часа

Откриен големиот воен проект на Трамп, Илон Маск е вклучен во сѐ

Компанијата на Илон Маск, заедно со партнерите „Palantir“ и „Anduril“, моментално е еден од главните кандидати за развој на клучните...

Македонија3 часа

Г.г. Стефан: Страдањето во Кочани нè соочи со суровата стварност на смртта, само надежта во воскресението ни даде утеха

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Од велигденската светлина да црпиме сила за солидарност и човечност

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати велигденска честитка до поглаварите на верските заедници и до сите верници од христијанска вероисповед...

Македонија6 часа

Христос воскресе објавено во полноќните литургии, црквите преполни со верници

Православните верници денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник – Велигден, денот на Христовото воскресение, кога, според верата, Исус Христос ја...

Македонија6 часа

Сончево и топло низ целата земја, температури до 27 степени

По нестабилностите од претходните денови, денес ќе има стабилизација на времето во целата држава. Ќе биде сончево и топло, со...

Свет19 часа

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во...

Свет20 часа

Путин објави велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ. – Руската страна, водејќи се...

Македонија23 часа

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца

Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои...

Топ1 ден

Деветнаесетгодишно момче загина откако со БМВ излета од пат

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил БМВ, што го управувало, излетало...

Топ1 ден

МВР го објави идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“,...

Македонија1 ден

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица....

Македонија1 ден

Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката...

Топ1 ден

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од...

Македонија2 дена

Велигден е тука, но нашите деца ги нема, не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, пишува Златкова, мајка на загинато момче во дискотеката во Кочани

Велигден е тука, но нашите деца ги нема. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја. Некои биле...

Топ2 дена

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија2 дена

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија2 дена

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ2 дена

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија2 дена

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...