Контакт

Култура

„Македонскиот збор одекнува на сите континенти“ – отворена 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Објавено пред

Македонскиот збор одекнувал, одекнува и ќе одекнува во светот, на сите континенти! Со вложувањето во развојот на странската македонистика се следи и остварува аманетот на Мисирков. На Летната школа по македонски јазик, литература и култура, покрај семинаристи од земјите од кои редовно има учесници, сега повторно има семинаристи од земји во кои се надеваме тамошни универзитети ќе постстанат или повторно ќе бидат академски средишта во кои се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура – во Охрид се семинаристи од сите страни на светот: од Кина до земјите од регионот.

dobivaj vesti na viber

Ова се дел од пораките и информациите што беа истакнати денес, на свеченото отворање на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, која се одржува во Охрид и ќе трае до 31 август. На отворањето во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се обратија ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Јанкуловски на почетокот на обраќањето го цитира аманетот на Мисирков: „Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, затоа што тој е наш, како што е наша и татковината“. Притоа посочи дека за остварување на овој долг од аманетот на Мисирков клучен е развојот на современата странска македонистика.

„Без неа, заложбите и сонот на Мисирков, ама и на неговите потомци, а наши претходници, не ќе беа целосно остварени. За неа, клучна е токму оваа Летна школа – стожерот на странската македонистичка мисла“, порача ректорот на УКИМ.

Тој посочи дека годинава има семинаристи и од НР Кина – таму веќе се одвива настава по македонски јазик, а минатата година првпат беше избран лектор и се прави сè лекторатот да почне забрзан развој. Додека повторно има семинаристи и од САД, Јужна Кореја и од Италија, а од Турција, покрај семинаристи од Истанбул, годинава има и од анкарскиот универзитет. Нагласи дека на оваа Летна школа има учесници и од Албанија, во период кога интензивно се работи до крај да се оствари иницијативата за повторно отворање лекторат по македонски јазик во Тирана. По 2-3 години, се вратија и семинаристите од Романија, на Школата има учесник и од Украина и се зголемува интересот за изучување на македонскиот јазик од семинаристи од Грција. А тука се и семинаристи од земји, од кои традиционално, без прекин, има учесници на Летната школа: Франција, Полска, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Руската Федерација, Чешката Република.

„Сето ова го нагласувам затоа што сакам да укажам дека за нас, секој од вас, кој е подготвен македонскиот збор, мисла и вистина да ги пренесува во својата матична културна средина и во светот, е од исклучителна важност. И тие што сте веќе со децении или години посветени на македонистиката, вклучително и универзитетски професори, истражувачи и докажани преведувачи, кои и при исклучителни предизвици останавте доследни на ставовите за македонистиката и меѓународно ги афирмиравте. И тие што сте од новите генерации странски македонисти и сте на почетното или средното рамниште на познавање на македонскиот јазик – затоа што вие сте иднината“, порача Јанкуловски обраќајќи им се на семинаристите.

Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска, посочи дека се потврдува оти ја разбравме пораката што Крсте Мисирков ни ја остави по објавувањето на неговата книга „За македонцките работи“, а неговите идеали сè уште не биле остварени: „Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи“.

„Потребата тој факт да се афирмира пред светот, особено пред академската заедница, афирмирајќи ја и посебноста на македонскиот јазик и на македонската литература, била причина да се почне со организација на оваа Летна школа. Неоспорно, тој факт веќе одамна е афирмиран во светот и Мисирковите идеали веќе се остварени. Ама причините за непрекинато одржување на оваа Школа со текот на годините станаа и помногубројни. Клучната причина е што постојано има странски македонисти од сите континенти, кои со голема посветеност и со конкретни остварувања тој факт го афирмираат во светот“, истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Мојсова-Чепишевска и директно им се обрати на учесниците на Школата, притоа цитирајќи и стихови на Ацо Шопов: „Од врвот на светот ја здогледав и препознав мојата земја / распарчена и разграбена од темни братоубиствени војни, / од туѓи желби и посегања да ја присвојат за себе. / Само здивот на едниот нејзин дел / се извишува високо до непознати небеса / и како пролетен ветар од Шара / го заплиснува убавиот Пирин на Јане / и го разбранува синиот Егеј потемнет од мака…“

„Искрено се надеваме дека на оваа Летна школа вие не само што ќе ја препознаете и што подобро ќе ја запознаете туку уште повеќе и ќе се приврзете за нашата земја, со продлабочени знаења за македонскиот јазик, литература и култура. Ние ќе сториме сè за тоа да се случи!“, им порача таа, меѓу другото, на учесниците на Школата.

Во завршницата на своето обраќање, повторно потсетувајќи на некои стихови на Шопов, таа особено ја истакна важноста и семинаристите од младите генерации, кои годинава доаѓаат првпат или не биле многупати, да останат посветени на македонистиката и да продолжат да се среќаваат на Летната школа во Охрид следејќи ја традицијата на многумина свои претходници и современици.

„Затоа што, само ако таа традиција продолжи, и овде кај Охридското Езеро се среќавате и по многу лета, вклучително и вие што годинава доаѓате првпат или не сте биле многупати, и во времето што е пред нас, фактите за македонскиот јазик, литература и култура ќе одекнуваат во светот, порача директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

На отворањето на Школата беше промовиран и зборникот со предавања од минатогодишното издание на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промоторка беше проф. д-р Гордана Алексова, лекторка со долг стаж на школите на семинарот.

Веќе утре, по отворањето, ќе се одржи и првото предавање, а семинаристите веќе следат и лекторска настава. Покрај наставата, во текот на Школата се предвидени и промоции на книги, учества на семинаристите на културни манифестации итн.

Како што беше истакнато на отворањето, Летната школа се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура. Некои од програмските активности се остваруваат со поддршка од Општина Охрид. На отворањето, од страна на директорката, Мојсова-Чепишевска, од името на МСМЈЛК при УКИМ беше упатена благодарност до сите овие фактори што ја препознаваат важноста на Летната школа.

Култура

Голем двоен меѓународен успех на познатата штипска оперска пејачка Виолета Арсовска

Објавено пред

Од

Оперската пејачка професор м-р. Виолета Арсовска неодамна оствари двоен меѓународен успех на престижни натпревари во САД и Русија. На International Youth Music Competitions во Атланта, САД, во конкуренција со пејачи од 23 држави од целиот свет, таа освои прва награда и беше прогласена за „апсолутен победник“ за изведбата на „Марика мома убава“ од Томислав Зографски во пијано придружба од Трајче Роглев. Во оценката за нејзиниот настап стручното жири меѓу другото напиша:

dobivaj vesti na viber

„Настапот беше обележан со лесен, добро поддржан тон и стабилна вокална техника. Звукот е постојано слободен и резонантен, а пеењето се одликува со природна леснотија што ѝ овозможува на музичката линија да тече без напор. Целокупниот впечаток е израз на самодоверба и вокална сигурност. Изразната посветеност на музиката е јасно видлива, а карактерот на делото е многу ефективно пренесен. Визуелниот контакт со публиката ја зајакнува комуникацијата и ја зголемува непосредноста на изведбата, особено кај дела со ваква изразна природа. Севкупно, ова е многу силна и изразна изведба, полна со достоинство, музикалност и техничка стабилност. Награда: Прва награда и апсолутен победник во категоријата.“

Претходно, Арсовска учествуваше и на 13. International Moscow Music Competition, каде во исклучително силна конкуренција, оценувана од строго и еминентно интернационално жири, го освои второто место со тоа што првото место не беше воопшто доделено.

Таа беше единствен претставник од Македонија во возрасната категорија 36–45 години каде настапи со внимателно избран вокален репертоар од нејзината изведба на македнските композиции „Со маки сум се родила“, „Шарпланинска приспивна“ од Тодор Скаловски и познатата руска композиција „Подмосковние вечери“.

Прикажи повеќе...

Култура

Подгответе се за магијата на Моцарт – легендарната опера „Дон Џовани“ оживува на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари

Објавено пред

Едно од најзначајните дела во историјата на оперската уметност, операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, по подолга пауза ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Ова возбудливо и комплексно оперско остварување, инспирирано од вечната легенда за Дон Жуан, плени со својот драмски контраст – спој на комично и трагично – и со незаборавната музичка генијалност на Моцарт.

dobivaj vesti na viber

Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), во режија на Лев Пуљиезе (Италија). Сценографијата е на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореографијата на Олга Панго, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.

Во солистичката екипа настапуваат: Кристијан Федеричи (Италија) во насловната улога Дон Џовани, Јанош Носек (Полска) како Лепорело, Игор Дурловски како Комендаторе, Биљана Јосифов како Дона Ана, Нико Франкини (Италија) во улогата на Дон Отавио, Злата Тошевска како Дона Елвира, Николина Јаневска како Церлина и Драган Ампов како Мазето, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

„Дон Џовани“ е опера инспирирана од легендата за Дон Жуан, во која Моцарт и либретистот Лоренцо да Понте создаваат сложен и фасцинантен лик што ја отсликува вечната борба меѓу желбата, моралот и одговорноста. Со својата музичка генијалност и длабока психолошка разработка на ликовите, делото и денес силно комуницира со современата публика и го задржува статусот на едно од највлијателните оперски остварувања во светската музичка литература.

Прикажи повеќе...

Култура

Американска премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ во Мајами

Објавено пред

Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на Miami Science Fiction Film Festival, еден од водечките американски фестивали посветени на научната фантастика.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот, кој со години привлекува врвни автори и продуценти од целиот свет, е препознатлив по својот фокус на иновативни, визионерски и авторски филмски дела. Во претходните изданија меѓу специјалните гости се најде и Џорџ Р.Р. Мартин, авторот на романите врз кои е базирана глобалната хит ТВ серија Игра на Тронови.

Со селекцијата во Мајами, филмот го продолжува својот успешен фестивалски пат и дополнително ја зацврстува позицијата на македонската анимација на светската сцена. Светската премиера ја имаше во Ситџес, Шпанија, еден од најголемите жанровски фестивали во светот, а досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, каде што освои шест награди.

„Среќен сум што преку овој филм не само што и‘ дадовме на Македонија прво долгометражно анимирано остварување, туку успеавме и да ја ставиме нашата земја на светската мапа на научната фантастика. Нашата национална кинематографија бележи период на невиден подем на светско ниво, и среќен сум што сум дел од оваа мала културна револуција“, изјави Цветановски.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, а продуцент е Алан Кастиљо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија12 часа

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија13 часа

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија14 часа

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ15 часа

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...

Македонија15 часа

Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано...

Македонија17 часа

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

Националниот парк Шар Планина информира дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите...

Македонија17 часа

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните, а по повод пресудата на Апелациониот суд во Скопје...

Македонија18 часа

АХВ доби поддршка: Изградбата на гробишта за домашни миленици претставува решавање на деценискиот проблем

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со...

Македонија18 часа

Злоупотреби во Прилепската болница: меѓу обвинетите за проневера и поранешната директорка

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера...

Топ19 часа

Кривична пријава за „даночно затајување“ против фирма од Струмица и двајца управители

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44),...

Македонија19 часа

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ...

Свет20 часа

Америка сериозно размислува за напади врз Иран, има неколку опции, објави Ројтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување...

Свет21 час

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет21 час

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа21 час

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...

Свет21 час

Индија ги намалува царините за увоз за европски луксузни автомобили

Индија веднаш ќе ги намали царините за луксузни европски автомобили од 110 проценти на 30 проценти според новиот трговски договор...

Македонија22 часа

Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија1 ден

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...