Контакт

Култура

Операта „Магбет“ во Националната опера и балет

Објавено пред

Националната опера и балет ја најавува изведбата на операта „Магбет“ на 21.2.2020 (петок), со почеток во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Драма, можеби една од најзначајните на Шекспир, што ги отвора прашањата за човековата психологија, алчност и желбата за власт, кои го уништуваат здравиот разум.
Ова е оперското дело со кое Џузепе Верди воспоставува уметничка врска со Шекспировите драми, па правејќи многубројни исклучоци од традиционалната италијанска опера и промена во личниот музички израз, ни ја претставува приказната за деструктивноста на човековата природа преку главните ликови на Магбет и Леди Магбет.

Состојбата на нивниот дух, која носи фатални последици и загрозува многу човечки судбини, на сцената на Националната опера и балет ќе ја донесат првенците Борис Трајанов и Весна Ѓиновска-Илкова.

Диригентската палка овој пат е во рацете на маестро Диего Гарсија Родригез од Шпанија, кој не ја крие возбудата за овој свој дебитантски настап пред македонската публика на сцената на Националната опера и балет.

Во другите улоги настапуваат: Александар Стефаноски, Никола Стојчески, Катерина Митева, Дејан Стоев, Диме Петров, Борко Биџовски, Марко Гапо, Димитар Кожухаров, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Режисер: Марко Спада (Италија), Сценограф: Мауро Тинти (Италија), Костимограф: Раде Василев, Кореограф: Олга Панго, Концерт-мајстор: ас. хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска, ас. режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска, Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – Никола Ѓуричко настапува во МНТ за роденденската прослава

Објавено пред

Од

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер Никола Ѓуричко. Наградуван актер и во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на холивудската сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште (ЈДП) во Белград, каде беше постојан член на ансамблот уште од 1995 година и каде реализира бројни успешни театарски улоги, а од крајот на 2019 година живее и работи во Лос Анџелес, САД.

dobivaj vesti na viber

Ѓуричко e светски препознатлив и по улогата на Јури во хит серијата „Stranger Things“, како и во филмот „World War Z“ и други меѓународни продукции.

По три години од успешниот стенд-ап „Сѐ што сакавте да знаете за Џони, а никогаш не се осмеливте да го прашате“, Ѓуричко подготви нова програма под наслов „Show biz“, со која настапува низ Србија, регионот и дијаспората во рамки на големата турнеја.

Новиот материјал, како и претходниот, е потпишан од актерската ѕвезда и се однесува на неговиот живот, кариера и семејство. И оваа шоу-програма на духовит начин ги раскажува интересните детали од неговиот живот и професионален пат.

„Show biz е моето ново стенд-ап шоу. Речиси три години не настапував, па се зажелев за луѓе, за публика. Имам многу нов материјал… тоа се само некои нови животни искуства и сознанија, кои сакам да ги споделам со луѓето, како на пример, зошто ме фаќаа за јаката, зошто морав да присуствувам на породување или зошто го пријавив син ми во полиција.“, вели Ѓуричко.

Вечерта на 30 март, Ѓуричко најавува вечер исполнета со хумор, анегдоти и лично сведоштво од меѓународната кариера.

Неговиот настап е дел од роденденската прослава на МНТ. Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава пак, прославата се надоврзува на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.

Билетите се пуштени во продажба онлајн, како и на билетарницата во МНТ.

Прикажи повеќе...

Култура

47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Подгответе се за исклучителен избор на филмови, дружење со реномирани светски кинематографери и разговори за седмата уметност

Објавено пред

ИФФК „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи во Битолa, од 19 до 25 септември 2026 година. „Подгответе се за многу незаборавни дружења со реномираните светски кинематографери и разговори за визуелните деликатеси на седмата уметност“, порачуваат организаторите.

dobivaj vesti na viber

Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската камера од Балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки.

На 47. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, посетителите можат да очекуваат исклучителен избор на играни филмови, документарни филмови, кратки филмови и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат.

Покрај извонредните пет натпреварувачки програми, фестивалот се гордее со својот Клуб на великаните.

Низ годините, плејада кинематографери од светски глас беа добитници на престижните награди. Лауреатите на Манаки се врвни мајстори на филмската фотографија, чии епохални остварувања ја разбранувале филмската индустрија. И годинава ќе бидат доделени наградите: Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува ДФРМ.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Објавено пред

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here Without You“, почина на 47-годишна возраст, неколку месеци откако објави дека боледува од тешка болест.

dobivaj vesti na viber

Бендот ја објави тажната вест

„Со тешко срце ја споделуваме веста дека Бред Арнолд, основач, главен пејач и текстописец на 3 Doors Down, почина во саботата, на 7 февруари“, објави бендот на Инстаграм.

„Почина во сон, опкружен со љубов, покрај својата сопруга Џенифер и семејството, по храбра борба со рак“, додадоа тие, споменувајќи ја неговата сопруга Џенифер Сандерфорд.

Бендот се присети на Арнолд како на основач, пејач и оригинален тапанар, кој оставил силен белег во мејнстрим рокот, спојувајќи пост-гранџ звук со емоционално директни текстови кои лесно допирале до публиката.

„Песните на Бред одбележаа една генерација и создадоа некои од најголемите хитови на 2000-тите, вклучително и онаа која го прослави бендот – ‘Kryptonite’ – која ја напиша на час по математика на само 15 години“, стои во објавата. „Неговата музика го надмина концертниот простор, создавајќи моменти на поврзаност, радост и заедничко искуство кои ќе живеат и по неговите настапи.“

Го опишаа и како „посветен сопруг“, додавајќи: „Неговата добрина, хумор и великодушност ги допреа сите кои имаа среќа да го познаваат. Најблиските ќе го паметат не само по талентот, туку и по неговата топлина, скромност, вера и длабока љубов кон семејството и пријателите.“

„Семејството е длабоко благодарно за излеаната љубов и поддршка во ова тешко време и моли за почитување на приватноста“, се заклучува во соопштението на бендот.

Борба со тешка болест

Во мај минатата година, Арнолд објави дека боледува од рак на бубрег во четврта фаза. Во видео објава на Инстаграм откри дека болеста се проширила на белите дробови, поради што морале да ја откажат турнејата.

Почетоци на бендот и хитот напишан во средно училиште

Бред Арнолд е роден во 1978 година во Ескатаупа, Мисисипи. Бендот 3 Doors Down го основал како матурант, заедно со пријателите Тод Харел (бас) и Мат Робертс (гитара).

Во 1998 година им се придружил гитаристот Крис Хендерсон и заедно издале независно CD издание со рана верзија на песната „Kryptonite“, која постигнала голем успех на локалните радио-станици.

„Ја напишав таа песна на час по алгебра во средно училиште“, се присети Арнолд во едно интервју, објаснувајќи дека токму креативното пишување го поттикнало да ги создава текстовите како кратки приказни.

Патот до ѕвездите

Во 1999 година, бендот потпиша договор со Universal Republic Records. Им се придружи тапанарот Ричард Лајлс, што му овозможи на Арнолд целосно да се посвети на пеењето и пишувањето.

Нивниот деби албум The Better Life излезе во 2000 година и постигна голем успех, пред сè благодарение на синглот „Kryptonite“, кој им донесе и номинација за Греми.

Албумот Away from the Sun од 2002 година ги донесе хитовите „When I’m Gone“ и „Here Without You“, а и следните албуми продолжија да се искачуваат високо на топ-листите. Вкупно имаат издадено шест студиски албуми.

Личен живот и хуманитарна работа

Во 2004 година, бендот ја основа хуманитарната организација The Better Life Foundation. Арнолд претходно јавно зборуваше и за својата борба со алкохолизмот, и дека побарал помош и останал трезен.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија51 минута

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет58 минути

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет2 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет3 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет3 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа3 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет3 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет4 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет15 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија16 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија16 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија17 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ21 час

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија22 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ22 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија22 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија23 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија24 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...