Контакт

концерти

Отворена новата сезона со балетските премиери „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“

Објавено пред

Во Националната опера и балет се одржа прес-конференција за отворањето на сезоната 2019/2020 со две балетски премиери во иста вечер – „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ и одбележување 70 години балет.

dobivaj vesti na viber

Својата прва премиера Балетот на МНТ ја прикажал на 27 јануари 1949 година во кореографија на Ѓорѓи Македонски, под диригентската палка на Трајко Прокопиев, сценограф Василие Поповиќ – Цицо, костимограф Милица Бабиќ – Јовановиќ, беше изведен балетот „Валпургиска ноќ“ од операта „Фауст“ на Шарл Гуно. Во таа прва претстава настапиле: Ѓорѓи Македонски, Анелизе Асман, Драган Савиќ, Благовеста Каваја, Жика Сувачеревиќ…
Ѓорѓи Македонски е основоположникот на нашиот балетски ансамбл.

Триесет години подоцна Ѓорѓи Македонски во „Екран“ од 1978 година ќе ја опише атмосферата по повод овој настан: „На премиерата публиката што немаше билети ги скрши прозорците од споредните простории и влезе непоканета. И никој не ја избрка ниту, пак, ја казни бидејќи одушевувањето беше општо и огромно. Поради аплаузите и постојаното враќање на уметниците на сцената, претставата, наместо два и пол часа, траеше четири“.

За формирањето на Балетот, неговиот основач, Ѓорѓи Македонски, ќе истакне: „За шеф на балетот на Државната опера во Скопје сум поставен со акт за стапување на должност, бр. 2226 од 1 јули 1948 година… истата година претстоеше премиерата на операта „Травијата“, а во неа има балет. Бидејќи во Скопје не постоеја балетски играчи, ниту балетско училиште, бев принуден од Белград да донесам балерини и играчи… Ангажирав една група од 25 члена и со неа почнав да ја подготвувам кореографијата за „Травијата“. Истовремено, објавивме конкурс за едногодишен балетски курс, на кој се пријавија 120 кандидати. По аудицијата, задржавме 30 девојчиња и сите 30 машки што се пријавија“.

Нов балетски празник се случил на 30 декември 1949 година кога младиот ансамбл го прикажал својот прв целовечерен балет „Бахчисарајска фонтана“ од Борис Асафјев, исто така во кореографија на Ѓорѓи Македонски. Во „Бахчисарајска фонтана“ се појавува практично и првата генерација македонски балетски играчи кои во следните години, а повеќето од нив во следните две децении, ќе бидат главни носители на репертоарот. Меѓу нив се имињата на Натка Пенушлиска, Светлана Мавровска, Магдалена Јанева, Олга Милосавлева, Емилија Џипунова, Елица Поповска и Јанка Атанасова, односно Тони Шулевски, Александар Гочков и Љубомир Спасовски, малку подоцна и Вера Божинова, Смиљка Силјанова и Олга Дорошева.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија7 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија12 часа

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија13 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија13 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија14 часа

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија14 часа

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ15 часа

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ16 часа

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија16 часа

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет17 часа

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет17 часа

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија1 ден

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија1 ден

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ1 ден

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија2 дена

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија2 дена

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ2 дена

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...