Култура
Роденденска забава на театар „Златен Елец“
В недела независниот театар „Златен Елец“ од Скопје ќе прослави две години постоење.
„Не ми го чепкај пивото!“, „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“, „Дневникот на лудиот“, „Човекојадство“, „Чувари на планетата“, „Која сум јас“, „Новогодишна авантура“, се премиерите што се одржаа овие години, во следниот период следуваат премиери на неколку претстави, како и меѓународен театарски фестивал во Бурса, Турција, на 21 март со претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“, во режија на Ана Батева, која на 2 март може да се гледа во МКЦ Скопје.
![]()
„Грета“, „Куќа на духови“, „Вејка на ветрот“, „Кенди“ и уште други се дел од насловите на новите премиери.
Репризите на сите претстави ќе се одвиваат во текот на целата година во Скопје и во државата.
Надица Петрова со „Која сум јас“ или One wo/man comedy show во Балет – Скопје, Гевгелија и Богданци оваа недела го почна годинашниот репертоар, Алексоски, пак, в петок на 18 февруари ја игра „Човекојадство“, вториот дел од монодрамата „Дневникот на лудиот“.
![]()
Роденденската ноќ на 20 февруари ќе ја почне Бобан Алексоски со „Дневникот на лудиот 1“ според тркстот на Николај Гогољ од 20 ч. One wo/man comedy show и од 21 ч. Jem Session во социјален центар „Дуња“.
Нашиот развој е поткрепен од многумина уметници со кои досега соработувавме, многу работи се случија за две години, продолжуваме мотиварано и понатаму.
Театарот ќе се развива сѐ додека постои, а токму тој развој е клучен за независната сцена.
Театарот „Златен Елец“ почна со работа во февруари 2020 година, основан од актерите Бобан Алексоски и Надица Петрова, како и неколку членови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

