Контакт

Изложби

Современата уметност ги отвори границите меѓу Македонија и Грција

Објавено пред

Музејот на современата уметност во Скопје за првпат во историјата е домаќин на Музејот на современа уметност „МОМус“ од Солун, соседна Република Грција. На 27 септември (петок) со почеток во 20 часот ќе биде отворена голема постановка со наслов „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ (Am I That Name or That Image?). Ова е прво претставување на солунскиот Музеј на современа уметност пред македонската публика со дела од нивната колекција.

dobivaj vesti na viber

Колаборацијата меѓу двата музеи не претставува само културна размена, туку ја степенува важноста и за поширока билатерална соработка меѓу Македонија и Грција и е од огромно значење за двете земји.

Во МСУ ќе бидат изложени дела од 16 автори меѓу кои: Fillipo Berta, James Bridle, Fenia Kotsopoulou, Kuriaki Goni, Vladan Jeremic и Rena Radle, Majida Khttari, Marianna Ignataki, Oleg Mavrommati и Boryana Rossa, Virginia Mastrogiannaki, Eleni Mylonas, Natasha Papadopoulou, Marilou Poncin, Vivy Tsioga, Ira Valdron, Evangelia Basdekis, Alexandros Plomaritis…

Паралелно со главната програма на 28 септември предвидена е серија перформанси на уметниците Tomas Diafas, Alexandros Plomaritis и колективот I Broke the Vase – Eva Matsigkou i Nefeli Sani.

Во Скопје пристигнуваат: кураторката на изложбата Сираго Цијара, нејзините асистенти Домна Гунари и Ерини Папаконстантину. Понатаму, член и претседател на Управниот одбор на музејот, Андреас Такис, и директорката на „МОМус“, Мариа Цацаноглу. Покрај кураторскиот тим, пристигнуваат и дел од уметниците како: Alexandros Plomaritis, Tomas Diafas, Eva Matsigkou, Nefeli Sani, Rena Radle и Vivy Tsioga.

„Оваа културна размена е од историска важност за Македонија и Грција. Уметноста отсекогаш умеела да ги ‘скрши’ границите. Возбудени сме што со музејот во Солун успеавме да воспоставиме блиски врски и што со заднички сили можеме да продуцираме значајни проекти. Живееме во регион кој претрпе и продолжува да страда од последиците на национализмот и транзицијата, од бурните социо-политички промени. Соработките нè зближуваат, а изнаоѓањето заеднички решенија и доаѓање до нови и ефективни модели на соработка се рефлектира и во програмските активности на двата музеи, и во можноста за нови идни институционални билатерални соработки“, истакна директорката на МСУ во Скопје, Мира Гаќина.

Сираго Цијара, кураторката на изложбата „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ смета дека начинот на којшто се доживуваме себеси и нашите односи со другите луѓе драстично се менува во ерата на дигиталната култура, поставувајќи го прашањето како се дефинираат современите луѓе. По името што им го дало семејството, по нивното потекло, по нивната професија, родот, сексуалноста, општествената класа, религијата, етничката припадност, индивидуалната или колективната меморија, или тие својства се преиспитуваат и стануваат предмет на нова обработка во контекстот на имиџот што луѓето го стекнуваат или го конструираат за самите себе на социјалните медиуми? И колку е таа дигитална слика за нив „реална“? Дали старата дистинкција помеѓу „реалното“ и „конструираното“ повеќе не е релевантна и дали сликата за самиот себе отсекогаш била измислица на замислено претставување, кое само се пренесува преку новите технологии?

„Уметниците/учесници во постановката даваат критички осврт на наивната сигурност на основната дистинкција помеѓу постоењето и неговото измислување, помеѓу реалното претставување и фалсификувањето. ‘Реалноста’ на меѓучовечкиот однос е нарушена и одново воспоставена, во согласност со имиџот, маската и идеалниот модел што го конструираме за самите себе. Поради тоа и дигиталните медиуми, како фотографијата, интернетот, видеото и проекцијата, се користат во голема мера при визуелното претставување на самиот себе“, појаснува Цијара.

Инаку, тимот од Музејот на современата уметност Скопје минатата година беше во работна посета во неколку водечки институции од областа на современата уметност во Солун. Директорката на МСУ, Мира Гаќина, и дел од кураторски тим разговараа за можни идни соработки со конкретни предлози за размена, истражување и изложување. Директорката на „МОМус“, г-ѓа Марија Цацаноглу, изрази голем интерес за соработка со МСУ – Скопје. И двата музеи се фокусирани кон современото уметничко визуелно творештво и имаат автентични колекции, кои покриваат важни периоди од светската уметност на 20 век. Паралелно со изложбената програма се направија и планови за реализација на летна школа за млади уметници и куратори од регионот, како и за заеднички настап при конкурирање на соодветните фондови во ЕУ и други меѓународни структури.

На 18 јули оваа година МСУ – Скопје во „МОМус“ – Солун ја отвори изложбата „Сè што ни е заедничко“ со дела на 14 уметници од Југоисточна Европа. Куратори на изложбата беа Мира Гаќина и Јованка Попова, а истата беше соработка меѓу двата музеи, како дел од пошироката заедничка програма на МСУ Скопје со институции и музеи од регионот и Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа

Објавено пред

Фото: Арбнора Мемети

Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“,  ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.

dobivaj vesti na viber

Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.

Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.

Фото: Иво Велчевски

Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.

Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.

Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.

Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.

Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ3 часа

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет3 часа

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија8 часа

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет8 часа

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион10 часа

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија11 часа

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија21 час

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа22 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија23 часа

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ1 ден

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија1 ден

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија1 ден

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија1 ден

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија1 ден

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија1 ден

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија1 ден

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...

Македонија1 ден

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија1 ден

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...