Контакт

Култура

Беј Д Фиш ќе настапат заедно со италијански бенд

Објавено пред

Македонскиот состав Беј Д Фиш на 3 април ќе имаат настап во клубот „Ла кања“ заедно со италијанската нео-кантри атракција „honeybird & 3eg0-bird“, дуо кое за прв пат ќе настапува во Македонија.

Македонскиот состав Беј Д Фиш на 3 април ќе имаат настап во клубот „Ла кања“ заедно со италијанската нео-кантри атракција „honeybird & 3eg0-bird“, дуо кое за прв пат ќе настапува во Македонија.

Италијанското дуо зад себе има неколку изданија, а едниот член е познат Диџеј.

Двата состави за прв пат ќе настапат заедно, а по концертот во „Ла кања“ ќе се претстават и пред кумановската публика./крај/ин



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Сеќавање за Сион“ – изложба на Давид Атанасоски

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори самостојна изложба на Давид Атанасоски насловена „Сеќавање за Сион“.

Делата на Атанасоски бараат согледување, размислување. Тие се моќни во привидот на едноставноста. И секое дело одделно егзистира како автохтон сегмент. Тие го добиваат значењето на универзалното, погледот кон Спасителот. Неговиот ‘објектив’ навлегува во порите на инкарнатот, кој обилува со светоста на духовноста и со сакралноста на животот. Навидум сосема спонтани и едноставни, неговите дела се секвенци на опозитот на сите контрасти и сеќавања што ги носи животот, кои кај секој од нас, наеднаш знаат да се извишат во хармонија на една чиста духовност, во која се забележува една нескротлива и на моменти, навидум ‘дива’, амбивалентна ритмика, а сепак структура што авторот успеал да ја ‘скроти’ и да ја претвори во една совршена целина, каде што секој сегмент од картонот го пронашол своето место, оформувајќи една целосно хомогена структура, што всушност е и еден од главните цели на неговиот истражувачки процес. Ритмичното повторување на сегментите во целината ја нагласува динамиката што авторот претендира да ја создаде, која во голема мера зависи од позиционирањето на парчето картон или хартија и точно одредениот пресек на внатрешноста што го дава движењето и рамнотежата на композицијата.

Употребувајќи рециклирачки и лесно модулативни материјали, интенциозно насловувајќи ја оваа своја изложба „Сеќавање за Сион“, младиот автор нè навраќа на сегментите и на секвенците од колективната меморија на библиското случување, побудувајќи изобилство на сензации во пресоздавањето, претставувајќи го трансформативниот процес на тлото земја, кој одбрал да го искористи како појдовен инспиранс во својот истражувачки процес, во овој случај светото парче земја – Ерусалим и околината, со акцент на библискиот Сион. Делата на младиот автор, со композициска структура специфична за неговиот ликовен израз, оставаат впечаток на зачудувачка неделивост и совршена компактност, каде што сè е толку складно и слеано, истовремено упатувајќи и на некаков посебен мир и скротена експресија… Оваа негова изложба е во континуитет на неговите досегашни реализирани проекти, каде што смело нурнува во срцевината на тематиката што ја истражува, и во нему веќе својствен манир, вешто запазувајќи ја суштествената структура на материјалот, нагласувајќи ја податноста на картонот и хартијата, ја започнува својата нарација за библискиот Сион, преку тивок и ненаметлив говор, шепот од одбрани мисли што раскажуваат– Ангела Витановска

Давид Атанасоски е млад уметник, роден во Прилеп 1995 година; во 2018 година завршува факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек Вајарство со конзервација и реставрација. Член на меѓународната организација за уметност и култура Narrative Movment. Самостојни изложби: 2015 – Скопје, Проект за урбана скулптура во простор, спонзорирана од Цементарница УСЈЕ; 2019 – Прилеп, Пејзажни знаци, Ликовен салон Марко Цепенков; 2019 – Прилеп, Геолошки пресек, Нов културен бран.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Теорија на чудноста“ на чешката писателка Павла Хоракова

Објавено пред

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Теорија на чудноста“ на чешката писателка Павла Хоракова.

Преводот е на Даниела Роус Мишевска и Донка Роус, а романот е награден со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.

Романот претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот. Опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а најмногу од својата работа во Институтот за интердисциплинарни студии за човекот, таа наоѓа забава во забележувањето на ситни, очигледно случајни и невообичаени детали околу неа, пред да сфати дека тие навистина следат одредени обрасци, што резултира со нешто што таа приватно го нарекува „теорија за чудноста“.

Зголемената опсесија на Ада со потрагата по исчезнатиот син на колешката ја турка на нов пат и нејзиниот уреден, предвидлив живот одеднаш ќе добие сосема неочекуван пресврт.

Книгата се чита и како љубовна приказна со загатка, но истовремено и како расудување за смислата на суштествувањето, карактерот на времето, историјата на Централна Европа, за туѓите влијанија кои Ада ги забележува околу себе, а кои со карактеристичниот хумор, саркастична перцепција и мистичност, се обидува да ги обедини во „теоријата на чудноста“.

За сите овие феномени, таа бара сеопфатна дефиниција во својата „теорија за чудноста“ и открива дека не може да ги сфати бесконечните сложености на светот со чиста причина.

И додека општеството околу неа сè повеќе се приврзува кон празните правила, Ада ги напушта своите структури една по една и тргнува кон слободата.

Романот „Теоријата на чудноста“ е оценет како дело на голем литературен талент во комбинација со брилијантен интелект и со т.н. женска мистика.

Магазинот „Ехо“ го нарече најпаметното дело на чешката проза на деценијата.

Павла Хоракова (1974) е чешка писателка, литературен преведувач и радиски новинар. Нејзини објавени прозни дела се: детективска трилогија за млади (2010, 2011, 2012), новелата „Јохана“ (коавтор со Алена Шеиностова и Зузана Досталова, 2018), а во 2018 година го објави својот прв роман за возрасни „Теорија на чудноста“. Таа има преведено над 20 книги од англиски и од српски јазик и е добитник на две награди за превод.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Објавено пред

Друштвото на писатели на Македонија и овој декември го отвора Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања во календарската година.

Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се клучен репер за валоризација на годишната книжевна продукција кај нас.

Право на учество на овој конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири (4) примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2020 г.) во посочените категории.

Примероците може да ги достават во канцеларијата на ДПМ , но поради состојбата со пандемијата на Ковид-19, од ДПМ апелираат учесниците претходно да се јават на мобилниот број на веб-страницата на ДПМ.

За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со евидентно искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион42 минути

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Македонија1 час

Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија, тврди бугарски весник

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот...

Топ2 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион2 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија2 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија3 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион3 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет4 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа17 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија18 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија19 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија19 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија22 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен23 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ23 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет24 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет1 ден

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија1 ден

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет1 ден

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Досие