Култура
Културна понуда за среда
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР„Мара/Сад“, режија: Васил Христов – 20 ч.
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР„Мара/Сад“, режија: Васил Христов – 20 ч.ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР„Баханалии“, режија: Наташа Поплавска – 20 ч.КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЦК„Неверство“, режија: Нина Николиќ – 20.30 ч.ИЗЛОЖБИМУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТИзложба на избрани дела од меѓународната збирка на МСУ;Од француската колекција МСУ;КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАРИзложба на скулптури од Жарко Бошески (вторник);МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА„Археолошка изложба 2009“; изложба на Роберт Цветковски;НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈАОбјект ДАУТ ПАШИН АМАМРетроспективна изложба на Решат Амети;Национална поставка од 13 до 21 век;Објект МАЛА СТАНИЦА„Ѕверови во системот“ – изложба на Ива Димеска и Лидија Георгиева;Објект ЧИФТЕ АМАМИзложба на модна фотографија од Кире Галевски;МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ„Пад и подем“ изложба на Снежана Алтипармак;„Деус секс машина“ – изложба на Атанас Ботев;„Траги“- 60 години Музеј на град Скопје- изложба;Изложба- Скопската тврдина (археолошки наоди од ископувањата на Кале);Галерија Белогаски: Поставка по повод 15 години од смртта на Љубомир Белогаски;КИНАКИНО РАМСТОРСала 1„Титаник“, анимиран филм – 12, 14 ч.„Алиса во земјата на чудата“ – 16, 18, 20, 22 ч.Сала 2„Александар Велики“ – 12, 14 ч.„На работ на темнината“ – 16 ч.„Човек волк“ – 18, 20, 22 ч.КИНО МИЛЕНИУМ„Алтиплано“ , режија: Питер Бросенс– 18 ч.„Се што сакам“,режија: Јачек Борчух – 20ч.„Оддел 9“, режија: Најл Бломкамп – 22ч.ДИСКОТЕКИ/КАФУЛИЊАХавана Клуб – Жива Свирка – 00ч.Миднајт Клуб – Бени (Нон Стоп) 00ч.Маракана Клуб – Саут Парк (Д бенд)00ч.Кабаре Џубокс – Стенд Ап комеди – Гораст Цветковски 22ч./к
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

