Култура
Културна понуда за викенд
МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИНедела:„Љубовен напиток“, опера – 20 ч.
МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИНедела:„Љубовен напиток“, опера – 20 ч.МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАРПеток:„Сребрена свадба“, режија: Ѕвезда Ангелова, премиера – 20 ч.Сабота:„Госпоѓа Mинистерка“, режија: Наташа Поплавска – 20 ч.ДРАМСКИ ТЕАТАРПеток:„Последните Македонци“, режија: Сашо Миленковски-премиера – 20 ч.Сабота:„Догодина во исто време “, од Бернард Слејд – 20 ч.ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИПеток:„Малата сирена“, режија: Деан Дамјановски- 19 ч.Сабота:„Снежана и седумте џуџиња“, режија: Петар Пашов – 20 ч.Недела:„Лакомата меца“, режија: Дарин Петков – 12.30 ч.ТУРСКИ ТЕАТАРПеток:„Шеќерна приказна“, режија: Коле Ангеловски, детска претстава – 14 ч.Сабота:„Кавкаски круг со креда“, режија: Мартин Кочоски, премиера – 20 ч.ИЗЛОЖБИМУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТИзложба на избрани дела од меѓународната збирка на МСУ;Од француската колекција МСУ;КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАРИзложба на скулптури од Жарко Бошески;МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА„Археолошка изложба 2009“; изложба на Роберт Цветковски;НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈАОбјект ДАУТ ПАШИН АМАМРетроспективна изложба на Решат Амети;Национална поставка од 13 до 21 век;Објект МАЛА СТАНИЦА„Ѕверови во системот“ – изложба на Ива Димеска и Лидија Георгиева;Објект ЧИФТЕ АМАМИзложба на модна фотографија од Кире Галевски;МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ„Пад и подем“ изложба на Снежана Алтипармак;„Деус секс машина“ – изложба на Атанас Ботев;„Траги“- 60 години Музеј на град Скопје- изложба;Изложба- Скопската тврдина (археолошки наоди од ископувањата на Кале);Галерија Белогаски: Поставка по повод 15 години од смртта на Љубомир Белогаски;КИНАКИНО РАМСТОРСала 1„Титаник“, анимиран филм – 12, 14 ч.„Алиса во земјата на чудата“ – 16, 18 ч.„Човек волк“ – 20, 22 ч.Сала 2„Александар Велики“ – 11.30, 13 ч.„Железниот човек 2“ – 15, 17.30, 20, 22.30 ч.КИНО МИЛЕНИУМ„Ловец на уцени “ – 11, 13.30, 18, 20.30, 22.30 ч.Сабота и Недела:„Човек пеликан“ – 11, 13.30 ч.КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА – ДЕНОВИ НА ЕВРОПАПеток:„Светлини во квечерината“, режија: Аки Каурисмаки – 17 ч.„ Белата панделка“, режија: Михаел Ханеке – 19 ч.„ Платоновата академија“, режија: Филипос Цитос – 21 ч.Сабота:„Ангел закачен на мене“, режија: Георге Преда – 17 ч.„Светот е голем и спасение демне од секаде“, режија: Стефан Командарев – 19 ч.„ Дрвена кутија“, режија: Хуан Карлос Фалкон – 21 ч.Недела:„Победа“, режија: Марко Белокио – 17.00 ч.„The Front Line“, режија: Дејвид Глисон – 19 ч.„Мамут“, режија: Лукас Мудисон – 21 ч.КИНО УТРОСабота:„Малата сирена“, режија: Рон Клеменс и Џон Маскер – 11, 13 ч.ДИСКОТЕКИ/КАФУЛИЊАПеток:Клуб Хавана – „Hardcore Attack fest“ 20ч.Клуб Колосеум – Слаткаристика целовечерен концерт Клуб Милениум – Елена Ристевска. настап во живоКапан Ан – ПМГ рекордингс „Launch Party“Клуб Сектор – диџеј Гоце (САФ) – 00ч.Кафе бар Ленинова – „Afterwork Mojito Party“ Диџеј Андреј МицајковСабота:Универзална сала – Ѓоко Танвески – концерт – 20:30ч.Кафе Вирус – Диџеј Бабура, настап на модно студио ЦрнокракНедела: Метрополис арена – Дејвид Гета/крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

