Култура
Отворени 38 Мајски оперски вечери
Со палење на фестивалскиот оган од страна на долгогодишната првенка на операта, Анастасија Низамова-Мухиќ, на платото на Македонската опера и балет синоќа во Скопје свечено беа отворени 38 мајски оперски вечери.
Со палење на фестивалскиот оган од страна на долгогодишната првенка на операта, Анастасија Низамова-Мухиќ, на платото на Македонската опера и балет синоќа во Скопје свечено беа отворени 38 мајски оперски вечери.На свеченото отворање се обратија генералниот директор на МОБ, Оливер Арсовски, и евроамбасадорот Ерван Фуере, а за отворени, годинашните Мајски оперски вечери ги прогласи министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска, по што следуваше премиера на операта „Љубовен напиток“ од Гаетано Доницети во режија на Гордан Драговиќ-Черногорски.„Мајските оперски вечери станаа радост за љубителите на музиката во најубавиот месец во годината. Од година во година фестивалот го потврдуваше своето значење и прерасна во амбасадор на македонската музичка култура“ рече Директорот на МОБ, Оливер Арсовски Арсовски, додавајќи дека Мајските оперски вечери станаа бренд на македонската култураВо изминатиот период, додаде тој, одржани се преку 300 претстави со над 1200 учесници од целиот свет.Евро амбасадорот Ерван Фуере рече дека отварањето на Мајските оперски вечери има двојна важност.„Нивното отварање се совпаѓа со нашата прослава на Денот на Европа. Оваа година се прославува 60 роденден на ЕУ, а во исто време Мајските оперски вечери го слават богатото музичко наследство во Европа“ додаде Фуере.Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека Македонија ја чествува културата и уметничкото изразување кое најискрено се создава кога безгрижно се живее најголемата човекова придобивка-мирот.„Оваа манифестација претставува средба со старите пријатели и новите оперски ѕвезди на оперските сцени. Таа ни ја нуди можноста одново да уживаме во универзалното есперанто на музиката, уметноста, јазикот со кој се пренесуваат пораките за убавините и љубовта како темелни вредности на човековото постоење“ рече Канчевска-Милевска.Со малото враќање во Фиренца кон крајот на 18 век, љубителите на операта имаа можност да ја доживеат моќта на виното кое уште еднаш ја потврди слатката Шекспирова слепост на љубовта.Операта „Љубовен напиток“ беше изведена премиерно по 19 години кога последен пат и била претставена на публиката во рамки на Мајските оперски вечери.„Специфичноста на претставата е во тоа што таа е кореографирана, односно има хор кој е носител на една многу важна функција. Останатото е направено така што не одевме на никакво осовременување или барање на некои теми кои ги нема во оваа опера. Ова е една шармантна љубовна приказна што се раѓа меѓу двајца млади луѓе и која завршува со среќен крај како што е вообичаено во италијанската оперска драматургија, изјави режисерот Гордан Драговиќ-Черногорски.Диригент на претставата е Саша Николовски – Ѓумар, сценографијата е на Марија Ветероска, кореографијата на Тања Поповиќ, а костимографијата на Љупка Арсовска.Љубителите на операта ќе имаат можност во рамки на 38-те Мајски оперски вечери да ги видат и изведбите на „Травијата“ од Џузепе Верди, „Турандот“ од Џакомо Пучини, „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, „Кармен“ од Жорж Бизе, а ќе има и вечер посветена на Густав Малер. Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со изведбата на операта „Аида“ од Џузепе Верди./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.

