Култура
Томислав Османли на средба со читателите

Томислав Османли, добитникот на годинешната награда „Роман на годината на Утрински весник“, утре ќе се сретне со читателите во книжарницата „Или-или“.
Томислав Османли, добитникот на годинешната награда „Роман на годината на Утрински весник“, утре ќе се сретне со читателите во книжарницата „Или-или“.
Средбата со читателите ќе се оствари од 12 до 14 часот.
„Ова е прекрасна можност за оние на кои им се допадна романот „Дваесет и првиот“ во издание на Блесок да добиjат посвета на своjот примерок и истовремено да се дружат и да поразговараат со авторот за сето она што тоj го има доловено во неговиот награден роман“, соопштуваат од „Или-или“
За оние кои се уште не го набавиле романот, во текот на целиот ден „Дваесет и првиот“ ќе може да се купи по промотивна цена во „Или-или“/крај/со/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија утре се затвора „Скопско лето“

Овогодишното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, кој ќе се одржи утре – 30.07.2025г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан.
Диригент: Иван Еминовиќ
Програма:
А. Вивалди – Четири годишни времиња
А. Пјацола – Четири годишни времиња
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија во 1986 година. Составен е од студенти на Факултетот за музичка уметност од Скопје, но во него често може да се сретнат и млади музичари од други земји. Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија со своето музицирање во сиот овој период се наметна како изведувачки состав со високо професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле значајни имиња од македонската музичка сцена: Фимчо Муратовски, Горјан Коруновски, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Мирослав Спасов, Борјан Цанев, Бисера Чадловска, Олег Кондратенко, но и познати странски диригенти како: Арилд Ремерајт, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и други. Оркестарот е и добитник на национални награди и признанија.
Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продаваат и на влез на Сули ан, пред почетокот на настанот.
Култура
Националниот џез-оркестар ќе гостува на фестивалoт Сплитско лето

Националниот џез оркестар ќе гостува на еден од најзначајните културни настани во регионот – фестивалот „Сплитско лето“. Концертот ќе се одржи на 30 јули, на величествениот Перистил во Сплит, во организација на Хрватскиот народен театар.
Овој концерт ја отвора новата сезона на интернационални гостувања за Националниот џез оркестар, со кои оркестарот ја зацврстува својата позиција на меѓународната музичка сцена преку иновативен пристап и силна уметничка визија.
Публиката во Сплит ќе има ретка можност да ужива во уникатна програма што го поврзува современиот џез со традиционалното португалско фадо – во изведба на Националниот џез оркестар и извонредната вокалистка Мариа Мендеш, под диригентство на маестро Владимир Николов.
Соработката на Националниот џез оркестар со Мариа Мендеш започна со незаборавниот концерт во Скопје, во март оваа година. Вечер што нежно допре до публиката, благодарејќи на внимателната и чувствителна изведба која создаде посебна атмосфера.
Настапот на „Сплитско лето“ носи повеќе од музика – тој е израз на културна размена, меѓународна поврзаност и внимателно претставување на македонската уметничка сцена пред европската публика.
Култура
Две нови фестивалски селекции во Италија за „Јон Вардар“

Македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со успешното фестивалско патешествие, со две нови селекции во Италија. Филмот ќе биде прикажан во главната програма на Ariano International Film Festival, каде што ќе има прајм-тајм проекција овој вторник, 29 јули, како и на International Tour Film Festival во Рим, во текот на октомври.
Двата фестивала имаат за цел да ја промовираат кинематографската уметност преку поттикнување на иновативни стилски пристапи и културна размена помеѓу различни народи и култури. Особено внимание се посветува на дела кои ја комбинираат уметноста со забава, едукација и современа визуелна експресија.
„Многу сум среќен што филмот продолжува да живее на фестивали низ Европа и светот. Италија е посебно значајна за мене, бидејќи е земја со богата традиција во анимацијата и филмската уметност. Овие селекции се уште една потврда дека и од малите земји можат да дојдат големи авантури,“ изјави режисерот Гоце Цветановски.
Овие нови селекции доаѓаат по италијанската премиера во мај на Cartoons on the Bay, најголемиот италијански фестивал за анимација, каде што „Јон Вардар против Галаксијата“ се натпреваруваше за Pulcinella Award, една од најпрестижните европски награди во областа на анимацијата.