Култура
„Мајки“ исклучително храбар филм!
Светската премиера на „Мајки“ ма фестивалот во Торонто минала со преполна киносала и исклучително големо внимание од гледачите, кои, без здив го изгледале филмот.
Светската премиера на „Мајки“ ма фестивалот во Торонто минала со преполна киносала и исклучително големо внимание од гледачите, кои, без здив го изгледале филмот.
По проекцијата следел громогласен аплауз, како и речиси получасовната сесија прашања и одговори со режисерот Манчевски
Филмот пред публиката синоќа го претставил директорот на Торонто фестивалот Пиерс Хендлинг, кој „Мајки“ го нарече „исклучително храбар филм!“, информираат од продукцијата Банана филм.
Светската премиера на „Мајки” на Милчо Манчевски на фестивалот во Торонто минала во знакот на спектакуларната свеченост со која беше отворен новиот фестивалски дом, импресивниот кино-комплекс Бел Лајтбокс.
„Мајки“ ја доби честа да биде првиот филм што има премиера во најголемото од петте првокласни кина во Бел Лајтбокс, со капацитет од 550 седишта и совршен звук.
По проекцијата, на публиката и биле претставени и режисерот Манчевски, продуцентката Кристина Калас и дизајнерот на продукција Дејвид Манс.
„Задоволен сум од широкиот одѕив на вака тежок филм. Вистината понекогаш боли, ама мораш да се соочиш со неа”, рекол режисерот Манчевски.
„Мило ми е што филмот имаше многу убава премиера на одличен фестивал во вистинска атмосфера и во престижен термин. Добиваме многу покани за други фестивали”, изјавила продуцентката Кристина Калас.
Во публиката беа присутни и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски, како и владиката Методиј.
Инаку, уште пред премиерата, „Мајки” во канадските медиуми беше сместен меѓу Топ 10 филмови кои мора да се видат на Торонто филм фестивал.
„Многу сум импресиониран со секој од деловите, чудовиштата и тајните кои извираат под невиноста (и претпоставената невиност на камерата низ сето тоа). Особено ми се допаѓа што Милчо има таква контрола врз материјалот додека истовремено му дозволува на неочекуваното постојано да извира од него”, рече легендарниот аргентински писател и режисер Ариел Дорфман.
„Мајки” ќе има уште две фестивалски проекции на Торонто фестивалот, во понеделник на 13-ти и во сабота на 18-ти септември.
Особена почест за „Мајки” е што беше меѓу првите филмови што има премиера во новиот спектакуларен дом на Торонто фестивалот, комплексот Бел Лајтбокс, што со огромна целодневна свеченост се отвори само неколку часа пред премиерата на филмот на Манчевски. Киното Бел Лајтбокс е навистина првокласно, особено звукот.
Сместен во центарот на Торонто, Бел Лајтбокс е комплекс со пет јавни кина, две галерии, образовни студија и неколку ресторани, што се градеше осум години и чини 200 милиони долари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.
Култура
Локомотива на Canal 2026 во Витри-сир-Сен (Париз)
Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Северна Македонија) ќе учествува на Canal 2026, дводневна професионална платформа иницирана од CN D – Centre national de la danse.
Настанот обединува 10 француски танцови институции и 6 институции од Балканот (Грција, Словенија, Бугарија, Северна Македонија) и го претставува работењето на 32 уметнички тима преку извадоци/перформанси, разговори, работилници, дебати, проекции и презентации на проекти.
Canal 2026 се одвива во Витри-сир-Сен на три локации—La briqueterie CDCN, MAC VAL – Musée d’art contemporain du Val-de-Marne и Théâtre Jean Vilar, како и на cnd.fr, со онлајн издание што започнува од март 2026.
Локомотива ќе биде претставена од Биљана Тануровска-Ќулавковски, која ќе ја презентира работата на Локомотива и ќе ги претстави кореографките/танчерки од Северна Македонија поврзани со организацијата: Тереза Лазарев и Викторија Илиоска. Дополнително, Биљана Тануровска-Ќулавковски ќе учествува и на дискусија, во петок, 30 јануари (11:00–12:30, во MAC VAL) на тема: „Кои се специфичностите на кореографскиот екосистем на Балканот…?“
Уметнички презентации од Северна Македонија
Викторија Илиоска ќе ја претстави својата уметничка пракса, вклучувајќи ја досегашната работа како и Hope for the Best – Prepare for the Worst, перформативен тренинг што го третира телото како ресурс, а театарскиот диспозитив како заедничка инфраструктура. Развиена во услови на кратења во културата и екстрактивни економии, работата ја поставува публиката како активен материјал на ситуацијата, а не како набљудувач—каде вниманието, физичкото присуство и издржливоста циркулираат како заеднички ресурси. Делото прашува: За што треба да се тренираме како колективно тело за иднината што доаѓа?
Тереза Лазарев ќе ја претстави својата уметничка пракса, вклучувајќи ја досегашната работа како и Passionate Animal, кореографски истражувачки проект што ја истражува врската помеѓу колективната меморија и личната танцова меморија, и прашува како нестабилноста и колапсот го трансформираат телото. Како дел од истражувањето, таа ќе изведе краток танцов сегмент на музика од Александар Гроздановски.
Оваа активност е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд, CN D (Centre national de la danse) и Театроскоп – програма иницирана од Францускиот институт, Министерството за култура и Министерството за Европа и надворешни работи.

