Култура
Отворена изложбата на Глигор Чемерски
Големата ретроспективна изложба на еден од најплодните македонски сликари Глигор Чемерски, вечерва беше отворена по говорот на министерката за култура Елизабета Канчева Милеска и звуците на гитарата на маестралниот Влатко Стефановски.
Големата ретроспективна изложба на еден од најплодните македонски сликари Глигор Чемерски, вечерва беше отворена по говорот на министерката за култура Елизабета Канчева Милеска и звуците на гитарата на маестралниот Влатко Стефановски.
Даут пашин амам и Чифте амам беа претесни да ги соберат љубителите на уметноста и уметниците кои дојдоа да се запознаат со дел од педесетгодишното творештво на Чемерски. И 2000 метри квадратни беа премалку за да соберат се она што овој уметник има да го прикаже.
„Оваа изложба е празник за Македонија, половина век од работата на еден уметник како Чемерски одбележува цела една епоха во историјата на нашата националност.Недостижната цел на оваа изложба е да покаже што се уметникот творел во текот на целиот свој живот. Велам недостижна затоа што опусот на Чемерски е толку голем што не може да се собере во двата големи амама. Покрај оригиналните дела кои го посочуваат развојниот пат на нашиот уметник и ги одбележуваат неговите врвови тука се и фотографиите и репродукциите на двете ремек дела на Чемерски, споменикот на слободата од Кочани и мозаикот од претседателската палата на Водно,“ истакна меѓу другото академик Митко Маџунков.
„Петдецениското творештво на Чемерски е единствено и неповторливо во ликовната уметност. Како творечки продолжувач на експресивната тенденција на современата македонска уметност која се развиваше од Мартиновски и Личеновски па се до Мазев, Чемерски е еден од ретките автори што оствари голем опус, што остана верен на своите творечки ориентации.Секогаш отворен за нови предизвици и сознанија што ќе го сочуваат својот индивидуален жесток сликарски ракопис. Делата на Чемерски се негова биографија, материјализација на неговата креативна духовност. Низ нив се гледа неговиот динамичен, разновиден и богат животен и творечки пат,“истакна министерката за култура Елизабета Канчева Милеска.
Маја Крстевска, директорката на Националната галерија на Македонија изјави дека и понатаму овие културни установи ќе поддржуваат уметници како Чемерски се со цел негување на македонската култура и уметност.
Изложбата ќе трае два месеци, а ќе биде издадена и богата монографија.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

