Контакт

Култура

Георги Шарески по втор пат на џез-фестивалот „Клузоне“ во Италија

Објавено пред

Георги Шарески и Емин Џијан на 23 јули ќе настапат на фестивалот „Клузоне“ во Италија, еден од најголемите европски џез-фестивали. Тоа ќе биде нивно второ гостување на овој фестивал, по минатогодишниот настап со квартетот на Георги Шарески

Оваа година Шарески и Џијан ќе се претстават со новото македонско-италијанско трио наречено „Скопје конекшн“. Во „Скопје конекшн“, покрај Џијан на хорна и мелодион и Георги Шарески на акустична гитара, членува и Лука Аквино на труба и флугелхорн. Новиот албум на ова акустично трио е снимен во Чифте амам во Скопје, а содржи композиции на Џијан и Шарески, како и неколку импровизирани композиции. Продуцентот на албумот е Енрико Блумер, кој исто така е и иницијатор на оваа соработка. Албумот веќе доби одлични критики и највисоки оцени од европските џез-критичари, а нивниот настап на „Клузоне“ ќе се одржи во акустичниот простор на манастирот „Сан Патрицио“, изграден во 1580 година. На 24 јули, Шарески и Џијан ќе настапат на битолската премиера на претставата „Троил и Кресида“, на српскиот режисер Љубиша Ристиќ. Шарески е композитор и аранжер на музиката за последниот дел од претставата, а музиката ќе биде изведена во живо.Тој и Џијан на први август ќе музицираат на второто издание на македонскиот фестивал „Фонетика“, каде што ќе настапат и Кирил Џајковски со својот бенд, „Суперхикс“, диџеј Гоце од „САФ“, Самоил Радински и други.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Медена земја“ во 30 градови низ Македонија

Објавено пред

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) продолжува со нови датуми и градови низ Македонија. Проекциите што се одржаа минатите недели во дваесетина градови предизвикаа огромен интерес кај македонската публика и билетите речиси за сите беа однапред распродадени.

Филмот, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, се прикажа во: Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Куманово, Битола, Охрид, Свети Николе, Делчево, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Богданци, Крушево, Радовиш Прилеп, Кичево, Кочани и во Пехчево.

Прилепчани ќе имаат можност повторно да го погледнат документарецот на 22 октомври, во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Истиот ден ќе има репризно прикажување и во Домот на култура во Крива Паланка. На 24 октомври (20 ч.) ќе се прикажува во Домот на култура „Македонија“ во Гевгелија, на 25 октомври (20 ч.) во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница и на 26 октомври (20 ч.) во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово. Беровчани ќе имаат можност да го погледнат филмот во салата на „Бизнис-инкубаторот“ на 30 октомври (20 ч.).

Во Струмица „Медена земја“ ќе се прикаже во Центарот за култура „Антон Панов“ од 8 до 11 ноември. Три дена подоцна, (14 ноември, 19 часот) ќе се прикажува во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Следува премиера и во Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар на 30 октомври. Во Скопје продолжуваат редовните проекции во скопските кина „Синеплекс“ и „Милениум“.

Кинодистрибуцијата на „Медена земја“ низ Македонија е во организација на „Трис филмс“ и на Драгица Николовска.

Во меѓувреме „Медена земја“ го продолжува својот успешен пат на светските филмски фестивали. На „Синеист“ (CineEast), фестивалот што се одржува во Луксембург, „Медена земја“ ја доби наградата од публика за најдобар филм. Викендов ја доби и специјалната награда од жирито на Фестивалот на документарен филм „Вест лејк“ (West Lake), што се одржува во Хангжу во Кина.

„Медена земја“ деновиве ќе биде дел и од 27. издание на најзначајниот и најголем светски филмски фестивал посветен на филмската камера „Камеримиџ“ (Camerimage), што се одржува во Полска.

Филмот е дел од кратката листа на најдобри документарци за оваа година што ја објави Интернационалната документарна асоцијација (ИДА). Доделувањето на наградите на најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм ќе се одржи во студијата на „Парамонт“ во Лос Анџелес на 7 декември. Исто така, филмот доби и пет номинации за наградата Избор на критиката за документарци во САД. Тој е номиниран и во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобар документарец на тема наука или природа, како и за најпривлечен лик во документарец – за што е номинирана главната протагонистката во „Медена земја“– Атиџе Муратова. Доделувањето на наградите е на 10 ноември во Њујорк и е вовед во претстојните „Оскари“.

Во моментов во тек е и промотивната кампања на филмот за номинации за „оскар“, која е финансиски поддржана од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Маалски прикаски 1+2“ во Кавадарци

Објавено пред

Вечерва од 18:30 часот во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе се оддржи промоција на книгата „Маалски прикаски 1+2“ од македонскиот новинар Синиша Станковиќ.

За книгата ќе зборува самиот автор, а извадоци ќе пренесе актерот Александар Малинков.

Како дел од промоцијата авторот ќе потпишува примероци од „Маалски прикаски 1+2“

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба и промоција на Влатко Деков

Објавено пред

В четврток, на 24 октомври, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Прага интима“  на фотографот Влатко Деков.

„Прага интима“ е личен, интимен портрет на еден од најубавите градови во светот, Прага. На трагите на она што го работеше познатиот чешки фотограф Јосеф Судек, „Прага интима“ ги доловува скриените, вонвременски делови на градот, најчесто без присуство на луѓе. Проектот е работен 2 години, период во кој авторот ја посетува Прага 5 пати, живее и ја фотографира  вкупно 44 денови, во текот на летниот и во зимскиот период.

Ќе бидат изложени 34 црно-бели фотографии. Воедно ќе биде промовирана и фото-книга со истото име како и изложбата.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а книгата е во издание на издавачката куќа „Или-или“ од Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија54 минути

„Тортура“ почнува од почеток по година и 8 месеци судење

Поради смена на поротник и поради истек на 90 дена, судењето за предметот „Тортура“ на СЈО почна од почеток. Судијката...

Македонија57 минути

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет1 час

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет2 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион3 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет3 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион3 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион16 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет17 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија19 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ20 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија21 час

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија23 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ23 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија1 ден

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет1 ден

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Досие