Култура
Чиста петка за Џорџ Бенсон
Вистински погодок направија сите оние кои специјално за овој концерт допатуваа од разни краишта на Македонија (па и однадвор), а вистинско промашување сите оние кои веќе беа во Охрид а пропуштија да бидат дел од музичкиот настан на годината
И таман помислив дека скопскиот концерт на Пети Смит ќе ми биде настан на годината, се случи и Џорџ Бенсон во Античкиот театар во Охрид.Правилото дека секогаш е подобро да се има извесна воздржаност во очекувањата отколку претходна еуфоричност, и овојпат ја издржа провеката. За волја на вистината, или во име на реномето кое го ужива Бенсон, веројатно и немаше место за какво и да е сомневање во квалитетот на концертот. Евентуалните скепси делумно беа во однос на организацијата на настанот, но за среќа (или за „браво“), се’ беше тип-топ.Не верувам дека сите присутни во неделата во Античкиот театар беа закоравени фанови на Бенсон, но доволно беше да препознаат барем три-четири вечни композиции или изведби (Mascarade, My Way, Geve me the night, Brodway), да го слушнат оној ист „,закон“ звук како од неговите плочи од пред 10, 20 или од пред 30 години. Сосема исто, неверојатно автентично, беспрекорно, совршено… Конечно, зошто живата свирка на господин Бенсон би требала да биде поинаква од снимките? Ако е нешто добро направено нема потреба да се менува. Вечерта имав впечтаок дека на целиот концерт Џорџ имаше одвај 5% гитарски или вокални импровизации и додавки. Така прават мајсторите.Почетното загревање со џезирани блуз балади прерасна во фина фанки атмосфера, за на крајот да кулминира со вистинска фанки-рок журка, кога преполната арена последниот половина час го ислуша стоејќи, поточно, го одигра во слободна групна кореографија. Навистина ретко доживување. Просто неверојатно во живо да се слушне такво бравурозно свирење на гитара, толку ,,расфрлање,, шарм и насмевки и толку беспрекорна вокална умешност… А за да биде така како што беше, „виновни“ беа и членовите на бендот, од кои секој поединечно работеле со најголемите ѕвезди од светската естрада: Бритни Спирс, Кристина Агилера, Стиви Вондер, Барбара Стрејсенд …
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

