Култура
Премиера на краткометражниот филм „Серија од мајки“ во Кинотека

Краткометражниот филм „Серија од мајки – убиство број 3“ од младиот автор Илија Каров ќе биде премиерно прикажан утревечер, 30 јули, во Кинотеката на Македонија, со почеток во 19 часот
Филмот е екранизација на истоимениот роман на Ава Мирис. „Идејата за реализација на проектот се роди многу спонтано. Седевме пред промоцијата на романот со авторката во едно од скопските кафулиња, и се роди идеја да направиме само неколку кадри од најмоќните делови од книгата. Веднаш ми светна , зошто многу неповрзани кадри, кога може една мала целина. Ава веднаш се согласи со мојата идеја, несебично ми ја отстапи целата авторска слобода над нејзиното дело. Веднаш се фатив за работа…“, вели младиот режисер.
Филмот е снимен на неколку локации низ Скопје. Играат: Васко Тодоров – Убиецот, Ана Костовска – Жртвата и Благој Веселинов – Просјакот. Останатиот дел од екипата го сочинуваат: Иво Антов – продуцент, Александар М. Крстевски – директор на фотографија, Влатко Чачоровски, Јован Манов и Мишко Самарџиев – сценографија, Филип Грчевски – монтажа и постпродукција и Снеже Ангеловска – шминка. Костимографијата е дело на режисерот, кој има диплома за техничар по костимографија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

Првпат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски.
Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови, меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, One more game, „Бал-кан-кан“, Piargy, „Трето полувреме“ и многу други. На концертот Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми, кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.
Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот, тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.
Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6 април 2025 година во големата сала на Националната опера и Балет со почеток во 20 часот.
Култура
(Видео) Симон Трпчески го сефтоса клавирот, донација од Анѓушев за Факултетот за музичка уметност

Во преполна сала во Националната опера и балет, синоќа најпознатиот македонски пијанист, Симон Трпчески со колегите одржа спектакуларен концерт, изведувајќи повеќе дела од Моцарт, Брамс, ерменски фолклор, како и неговиот проект „Македонисимо“.
Настанот беше по повод новиот клавир „Feurich“- донација од бизнисменот Кочо Анѓушев, за потребите на Факултетот за музичка уметност, во соработка со австриската Амбасада и амбасадорот Мартин Памер.
Заедно со Трпчески синоќа настапија и пијанистката, Елена Атанасовска-Ивановска, виолинистот Момчило Куфујанакис, соло пејачите Иван Наумовски и Горан Начевски.
Круна на вечерта беше проектот „Македонисимо“ со кој Трпечески и неговите колеги ја кренаа публиката на нозе. Квинтетот ги вклучува и Хидан Мамудов (кларинет, алто саксофон и кавал), Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело) и Влатко Нушев (удиралки). Концертите на „Македонисимо“ со кои се промовирира македонскиот ритам наидоа на одличен прием во целиот свет,а многу реномирани критичари го опишаа како магично искуство.
Во салата синоќа беа присустни и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура, Зоран Љутков, а меѓу гостите беше и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.
Како што изјави деканката на Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, идејата за новиот клавир ја покренал амбасадорот на Австрија, инаку поранешен виолинист, кој самиот дошол во просториите на ФМУ. Потоа со Анѓушев била договорена донацијата на клавирот. Досега музичарите од овој факултет свиреа на инструмент постар од 50 години.
Памер кој важи за голем пријател на Македонија и огромен љубител на музичката уметсност, зборуваше на македонски јазик, а потоа и на англиски, како што рече, во интерес на времето. Кога пијанистот Трпчески му се заблагодари на германски, тој се огласи од публиката, довикувајќи: „Разбирам македонски“, што ги расположи присутните во салата.
Кусо обраќање имаше и Анѓушев, кој рече дека подеднакво голема донација е и онаа на Трпчески на големата сцена.
Култура
Македонската диригентка Елена Митревска настапи со престижниот Дански национален вокален ансамбл

Македонската диригентка Елена Митревска која живее и работи во Шведска, неодамна настапи со престижниот Дански национален вокален ансамбл.
Во текот на три концертни вечери во Мермерната црква во Копенхаген, Митревска диригираше дела од дански, но и од композитори од светската музичка ризница кои истовремено беа проследени со спектакуларни светлосни ефекти дизајнирани специјално за настанот од Кристијан Вајнберг Бонде.
Концептот со наслов „Небесна светлина“ има за цел да постигне комплетно доживување во кое светлосните ефекти се во комплетна хармонија со музиката која се изведува со цел да се постигне ефект на едно деноноќие. Инаку, ова не е прв настап на Елена Митревска со Данскиот вокален ансамбл кој важи за еден од водечките хорови во Скандинавија и во Еропа. Нејзиното постојано работно место како главен хорски диригент е во операта во Малме каде во следната сезона ќе ја диригира продукцијата на операта „Кармен“ од Жорж Бизе.

Foto: Flemming Bo Jensen
Македонската публика неодамна имаше можност да ја види Елена Митревска во Скопје, каде со Македонската филхармонија настапи на популарниот новогодишен концерт, a ќе настапи и со камерниот оркестар „Ајга“ на фестивалот „Денови на македонска музика“.