Култура
Започнува АКТО_4
Вечерва (12 август, среда) во Битола, со премиерата на претставата „Разбојници“ од Фридрих Шилер, во режија на Младен Вукиќ-Феџа, во Офицерскиот дом со почеток во 22 часот започнува четвртото издание на Фестивалот за современи уметности АКТО
Претставата, која вчера имаше генерална проба со публика во просторот „Алхамбра“, е во продукција на самиот фестивал, а до недела, на разни и необични локации, седумдесетина уметници, интелектуалци и културолози од регионот и пошироко ќе дебатираат, перформираат и ќе се забавуваат. АКТО е единствен фестивал на полето на современите уметности во Македонија: непрофитен, независен и концепиран надвор од ограничените уметнички форми на изразување, АКТО фестивалот за современи уметности е подржан од градот Битола. На досега одржаните фестивали АКТО_ 2 (Уметност и храна) и АКТО_1 со своите авторски дела се претставија видни домашни и странски имиња.Како итернационален фестивал на современи уметности АКТО е конципиран врз основа на четири оддели: изведувачки уметности, визуелни уметности, музика, теорија на културата, пропратено со многу музички настани и забава за сите возрасти. Темата на годинешното издание е „Поколенија“, го третира генерацискиот проблем и поставува неколку прашања:Колку се раскинати врските на сегашната млада генерација со генерацијата на нивните на нивните родители?Колку денешната млада ителектуална генерација е наследник на постарата и дали воопшто постои такво наслество?На кој начин треба да се третира културното наследство од предходните генерации во денешниот современ концепт?До кој степен и дали предходните генерации и го дефинираат идентитетот на денешната млада генерација?Колку денешниот културено општествен контекст треба да зависи од предходните генерации?Возможно ли е една веќе готова уметничка форма да се трансформира?Возможно ли е “основната” емоција да се трансформира во нова форма со свои сопствени параметри, знаења и закони?…АКТО годинава има 1000 различни фестивалски плакати: сите ќе бидат различни за една цифра. Додека лепиме нов плакат, се раѓа ново поколение и умира едно… Од програмата на АКТО_4 може да се издвојат изведувачкиот “Нем перфоманс” на Деан Дамјановски (Македонија), “Сите Жени на Шекспир” на Маринко Николиќ (Србија) и др. Оваа година на АКТО ќе се одржи конференцијата на тема „Архиви на Идентитетот“ и проектот „Берза на Уметници – Идеален Проект“. На Фестивалот ќе биде доделена и наградата за интердисциплинарност „Драгиша Наневски“ за едно од делата на фестивалот. Во жирито за наградата се: Марија Радош, куратор (Србија), Јово Панчев, куратор (Бугарија) и Билјана Исијанин, куратор и артист (Елемент) Битола, Македонија.На АКТО _4 ќе можат да се проследат многу групни изложби на автори од Македонија (Велимир Жерновски, Слаѓана Богеска), Косово (Зени Балажи), Србија (Ана Недељковиќ), Хрватска (Тонка Малековиќ), Словенија (Пилја Русјан ), потоа мултимедијални перформанси и музички имиња во подем како „Репетитор“ од Србија, „Action One“ од Грција, „Bei the Fish“ и „The John“ (Македонија)… Сето тоа зачинето со миксовите на реномирани домашни и странски диџеи.Петдневната понуда на АКТО е во чекор со европските трендови на современата уметност, а атракцијата на фестивалот е досега невиден панк-папет театарски перформанс на „Das-Helmi“ од Берлин, Германија. АКТО им овозможува на посетителите и бесплатен превоз со воз на релација Скопје-Битола на 14 август (петок), во кој музика ќе пуштаа водечките македонски диџеи. Поаѓањето е во 14.30 часот од третиот колосек на железничката станица, а заинтересираните можат да се пријават на тел. 071 800 053 или на email: [email protected]
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

