Култура
Скопскиот Градски театар гостува во Словенија

Градскиот театар Скопје ќе гостува на фестивалот Клуже во Р. Словенија, кој се оддржува од 07 до 13 агуст, со претставата „Последната лента на Крап“ во режија на Ристе Алексовски
Претставата ќе се одигра на 12 (среда). Премиерата на „Последната лента на Крап“ беше изведена на 21 април годинава и претставува втора премиера на Градскиот театар Скопје. Текстот е на Семјуел Бекет, во улогата на кловнот Крап настапува актерот Златко Митрески, а музиката е на Зоран Митрески. Фестивалот Клуже е во организација на фестивалот Exponto т.е. Центарот за култура Б–51 (www.exponto.net).Според режисерот Алексовски, претставата е реквием за осамениот човек. Желбата да се биде некој. Желбата да се биде нешто. Желбата да се биде достоен за сопствените сонови. И најголемата, желбата да не бидам сам. Не станува збор за физичката осаменост, а онаа во која говорењето се претвора во обично чкрипење на полуотворена врата. Сам меѓу сите, ситуација во која никој со никој не се разбира, никој со никој не се гледа, никој со никој не сака да се види. Стравот од се се сведува на простата потреба да бидам тоа што сум. Иронијата на самата ситуација во која сме принудени да земеме учество е дека во финалната права ние единствено го бираме инструментот, начинот и егзекуторот на нашата смртна пресуда.Понекогаш сакаме да заборавиме зошто сме тргнале.Во крајна линија зошто сакаме да бидеме посакувани?Домашната критика ја оцени претставата „Последната лента на Крап“ како една од најавангардните продукции во последните години кај нас, која се одликува со радикалност во режисерскиот и актерскиот пристап, како и едноставност во нејзината форма.По гостувањето во Р. Словенија, Градскиот театар Скопје планира гостувања на уште неколку реномирани фестивали во регионот со неговите продукции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Почина Наташа Маневска, драматург во штипскиот театар

Со огромна тага ја споделуваме веста за смртта на нашата колешка Наташа Маневска, драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, соопшти штипскиот театар.
Маневска беше член на нивниот колектив од 2011 година и во периодот од 2011 до 2015 година беше на чело на институцијата како директор.
Од 2016 година беше на работното место драматург.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Штип в четврток, 27.2.2025, од 13 до 14 часот.
Комеморација во нејзина чест ќе се одржи во Театар „Штип“ в петок, 28.2.2025 во 12 часот.
Култура
Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

Првпат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски.
Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови, меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, One more game, „Бал-кан-кан“, Piargy, „Трето полувреме“ и многу други. На концертот Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми, кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.
Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот, тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.
Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6 април 2025 година во големата сала на Националната опера и Балет со почеток во 20 часот.
Култура
(Видео) Симон Трпчески го сефтоса клавирот, донација од Анѓушев за Факултетот за музичка уметност

Во преполна сала во Националната опера и балет, синоќа најпознатиот македонски пијанист, Симон Трпчески со колегите одржа спектакуларен концерт, изведувајќи повеќе дела од Моцарт, Брамс, ерменски фолклор, како и неговиот проект „Македонисимо“.
Настанот беше по повод новиот клавир „Feurich“- донација од бизнисменот Кочо Анѓушев, за потребите на Факултетот за музичка уметност, во соработка со австриската Амбасада и амбасадорот Мартин Памер.
Заедно со Трпчески синоќа настапија и пијанистката, Елена Атанасовска-Ивановска, виолинистот Момчило Куфујанакис, соло пејачите Иван Наумовски и Горан Начевски.
Круна на вечерта беше проектот „Македонисимо“ со кој Трпечески и неговите колеги ја кренаа публиката на нозе. Квинтетот ги вклучува и Хидан Мамудов (кларинет, алто саксофон и кавал), Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело) и Влатко Нушев (удиралки). Концертите на „Македонисимо“ со кои се промовирира македонскиот ритам наидоа на одличен прием во целиот свет,а многу реномирани критичари го опишаа како магично искуство.
Во салата синоќа беа присустни и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура, Зоран Љутков, а меѓу гостите беше и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.
Како што изјави деканката на Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, идејата за новиот клавир ја покренал амбасадорот на Австрија, инаку поранешен виолинист, кој самиот дошол во просториите на ФМУ. Потоа со Анѓушев била договорена донацијата на клавирот. Досега музичарите од овој факултет свиреа на инструмент постар од 50 години.
Памер кој важи за голем пријател на Македонија и огромен љубител на музичката уметсност, зборуваше на македонски јазик, а потоа и на англиски, како што рече, во интерес на времето. Кога пијанистот Трпчески му се заблагодари на германски, тој се огласи од публиката, довикувајќи: „Разбирам македонски“, што ги расположи присутните во салата.
Кусо обраќање имаше и Анѓушев, кој рече дека подеднакво голема донација е и онаа на Трпчески на големата сцена.