Контакт

Култура

Петнаесетта Галичка книжевна колонија

Објавено пред

Од 14-ти до 16-ти август во прекрасниот Галичник, во организација на Здружението за литература, уметност и култура „Галикул”, ќе се одржи традиционалната петнаесетта по ред, Галичка книжевна колонија

dobivaj vesti na viber

Галичка книжевна колонија е единствена од ваков вид кај нас. Покрај потсетот на настани и автори од подалечното и поблиското минато, таа главно ги афирмира актуелните текови на современото македонско литературно творештво. Таа исто така има за цел да овозможи неколкудневно пријателствување и инспиративен престој на македонски автори во овој незаборавен мијачки предел и нивно непосредно запознавање со богатото културно-историско наследство и традициите на овој крај на Македонија. На Галичка книжевна колонија ќе земат учество истакнати македонски автори од неколку книжевни генерации. Нејзини учесници овојпат се: Матеја Матевски, Георги Сталев, Илхами Емин, Бистрица Миркуловска, Али Алиу, Гордана Михаилова Бошнакоска, Ристо Јачев, Ферид Мухиќ, Тодор Чаловски, Санде Стојчевски, Весна Ацевска, Науме Радически, Зоран Анчевски, Иван Џепаровски, Борче Панов, Кристина Николовска, Никола Маџиров, Софија Грандаковска, Владимир Мартиновски и Елена Пренџова. И годинава, по обичај, во петок на 14-ти август, Галичка книжевна колонија ќе започне со посета на спомен-куќата на знаменитиот македонски преродбеник, поет, учебникар, лексикограф, историчар и војвода Ѓорѓија Пулевски и на старата и веќе реновирана црква „Света Петка” во Галичник.  Во петок приквечер во хотелот „Неда”, во рамките на програмата, на пригоден начин ќе бидат одбележани осумдесетте години живот и плодна творечка работа на истакнатите македонски писатели и поранешни учесници на Галичка книжевна колонија: Матеја Матевски и Гане Тодоровски. Потоа ќе бидат промовирани новите поетски книги на Гордана Михаилова Бошнакоска: „Толкување на морето” и „Докази”, во издание на Матица Македонска. За книгите ќе говори писателот Санде Стојчевски.Вечерта, пак, пред платото на хотелот „Неда” ќе се одржи традиционалниот поетски митинг насловен како „Галичко вдахновение”, на кој со одбрани текстови ќе настапат сите учесници на книжевната колонија. Интерпретацијата и водителството на програмата оваа година му се доверени на актерот Страшко Милошевски. Во сабота, на 15-ти август, на вториот ден на манифестацијата, предвидено е одржување на симпозиумот на тема „Планината и носталгијата” што ќе го води Георги Сталев. На овој поетски интониран разговор се очекува да настапат поголемиот дел од учесниците на манифестацијата. Инаку и од овој симпозиум се планира да биде објавена соодветна публикација. Пред почетокот на годинашниот симпозиум ќе биде претставен зборникот „Каменот и копнежот”, кој е публикуван неодамна во издание на „Галикул”, во кој се објавени стихови и текстови од учесниците на минатогодишниот симпозиум. Попладнето се предвидени претставување на уште две книги: книгата книжевни разговори „Пишувањето како пресметка за себеси” од Тодор Чаловски во издание на „Галикул” за која ќе говори Иван Џепаровски, и поетската книга „Препечено сонце” од младата поетеса Софија Грандаковска во издание на „Темплум”, која ќе ја претстави поетот Илхами Емин.Вечерта во монументалната црква „Свети Петар и Павле” ќе се одржи литературна вечер „Од вознес до тихование” на која свои стихови ќе говорат учесниците на манифестацијата. И оваа вечер низ програмата ќе води актерот Страшко Милошевски. Во недела на 16-ти август, третиот и последен ден на петнаесетта Галичка книжевна колонија, планирана е посета на манастирот „Св. Јован Бигорски” со што и ќе заврши годинешното издание на оваа книжевна манифестација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Објавено пред

Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.

dobivaj vesti na viber

Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.

Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.

Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Кетрин О’Хара

Објавено пред

Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.

dobivaj vesti na viber

О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.

Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.

Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.

Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.

Фото: скриншот од филмот „Сам дома“

Прикажи повеќе...

Култура

Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски

Објавено пред

На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.

Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.

Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет7 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион8 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија10 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет12 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија13 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија15 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет1 ден

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија1 ден

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија1 ден

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...