Контакт

Култура

Канческа – Милевска: Реконструкцијата на фасадата на MOБ ќе заврши во октомври

Објавено пред

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска даде изјава за Проектот за реконструкција на фасадата на Македонската Опера и Балет и нагласи дека тој целосно ќе заврши во октомври и ќе се санира и подготви фасадата на целиот објект

Министерката Канческа-Милевска изјави дека овој зафат е значаен пред се за самата институцијата, а потоа за вработените и за државата.„Оваа институција е една од најзначајните, тука се одвиваат голем број значајни културни манифестации“, рече Канческа-Милевска. Таа додаде дека досега вработените во МОБ се соочувале со течење на покривот кај сценографијата и во фоајето, а со реконструкцијата ќе и се помогне на институцијата да го добие својот сјај кој го заслужува.Од отворањето на МОБ досега, како што посочи Канческа-Милевска, не се извршени никакви реконструкции на објектот.  Таа изјави дека освен надворешната реконструкција, претходно, исто така со средства на Министерството за култура, направени се внатрешни преуредувања околу фоајето, влезната партија и сцената.Запрашана дали ќе се реновира платото пред МОБ, таа одговори дека дел веќе е уредено, а другиот дел е во сопственост на општина Центар и оти контактираат со нив. Министерката рече дека и Комерцијална Банка сака да инвестира во уредување на платото.  Дејан Прошев, уметнички директор на Операта изјави дека реконструкцијата на објектот е многу значајна за МОБ зашто порано дождот правел штети на магацините каде се чува декорот, во кој се вложени многу пари. Од дождот, како што рече тој, скапувало дрвото и сега тоа ќе биде заштитено. Тој додаде дека со реконструкцијата ќе се направи и покривот на фоајето и со тоа ќе се добие на квалитет на изгледот на театарот.Миодраг Ефремов, управител на „Робер ЛТД“ изјави дека засега не се санира покривот, туку се работи на местата каде е оштетена фасадата и каде се јавува течење. Според неговите проценки, фасадата е во лоша состојба, оштетена е бетонската конструкција, бетонските платна и во моментов се санира тој дел.Министерката за култура посочи дека во самата Програма на Министерството е зацртано реконструкција и реновирање на повеќе национални институции и додаде дека минатата година е извршено скенирање на состојбата во која се наоѓаат инститициите на културата. Оваа година, како што рече, во повеќе културни институции е почнато со реновирање.Канческа – Милевска најави дека в понеделник заминува за Кичево, каде во Центарот за култура веќе се завршени сите инвестициски зафати кои биле предвидени и додаде оти во уште 15 градови веќе се започнати санирања на центрите и домовите на културата.  Запрашана за градење џамија на плоштад, таа одговори дека постојат законски процедури за почнување на градба и оти тие треба да се испочитуваат.  Министерката Канческа-Милевска додаде дека просторот е на општина Центар и оти таа е надлежна во донесувањето таква одлука, но исто е важна и волјата на граѓаните.Во однос на тоа дали ребалансот на Буџетот ќе влијае на проектите на културата, министерката изјави дека ќе работат со дозволените средства.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Основачот на „Џифони“, Губитози: Важно е да ја следите вашата интуиција

Објавено пред

„Имав 17 години кога почнав да размислував што сакам да правам, на 18 почнав да ставам сѐ на едно место, а на 19 години веќе го организирав првото издание на „Џифони Италија“. Кога имате 17 години, имате огромни очекувања и честопати очекувањата ги надминуваат сите логики. Од почетокот бев поврзан со идејата за фестивал за деца и, да, многу сум горд на тоа што го создадов, но секогаш сум по малку незадоволен бидејќи секогаш може да се направи повеќе. Имаме 50 години искуство, но живееме во сегашноста и мораме да размислуваме за иднината“, вака Клаудио Губитози, извршен директор и основач на „Џифони филм фестивал“, го почна своето предавање со „џифонците“ од Македонија. Тој се осврна на 50-те години посветеност кон доближување на вистинските вредности на децата преку филмската уметност.

Македонските „џифонци“ покажаа голем интерес да му постават прашање на Губитози, кој покажа голема почит кон секого од нив. На прашањето зошто е важен „Џифони“, тој вели:

„На ‘Џифони’ имате слобода да бидете она што сте. Доаѓаат деца од 55 земји од целиот свет, но на беџовите не пишува од која националност се децата, туку само името, бидејќи не ве прашуваме од каде доаѓате, туку што сакате да бидете. Децата доаѓаат на ‘Џифони’ бидејќи тука може слободно да ги изразат своите мислења, да бидат слушнати, да израснат и да ги развијат своите емоции. Тука се зборува и се размислува на многу теми од животот, не можеме сите да ги наброиме, но сите тие ве поттикнуваат да размислувате. Има деца што велат дека биле многу срамежливи кога дошле првпат, па им било срам да зборуваат, но по првите јавни настапи тоа се менува. ‘Џифони’ е место каде што се раѓа мислата, место каде што можете подобро да ги спознаете или да ги препознаете вашиот идентитет и вашата личност“, вели Губитози.

На прашањето дали се плаши дали сѐ ќе биде во ред додека трае фестивалот, а и дури се организира, Губитози одговори: „Секогаш ми е страв. Никогаш не се случило да не ми е страв. И по многу години, јас сум секогаш исплашен и пред и за време и по завршениот настан зашто носам голема одговорност. Но, стравот нѐ движи напред. Држам предавања и на факултети и секогаш се подготвувам за тоа. „Џифони“ се роди од една интуиција, која, ете, случајно ми се појави токму мене. Ја почувствував и решив да ја следам и оттогаш не сум ја напуштил. Треба да ги препознаете добрите идеи: идејата може да се појави, да стои во вас неколку дена или неколку месеци, а потоа да ве напушти. Ако интуицијата ви вели дека идејата е добра, не чекајте, почнете да работите на нејзино остварување и со тек на време таа ќе ја добие својата форма.

Вчера се одржа и дискусија на тема женски права откако беше прикажана епизода од француската серија „Бестрашни“.

Данскиот филм „Хакер“ во режија на Пол Берг, синхронизиран на македонски јазик, ќе биде премиерно прикажан вечерва во 19 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката. Гласовите ги позајмуваат: Стефонатор, Гораст Цветковски, Кристина Христова-Николова, а за синхронизацијата се погрижи „Катавеј“ од Скопје. Во 18 часот на дигиталната платформа youth.mk и на фејсбук-страницата на фестивалот обожавателите на јутјуберот Стефонатор ќе може да се дружат со него на работилницата што се организира по повод премиерата на филмот „Хакер“, во кој познатиот јутјубер го позајмува гласот на главниот лик.

На дискусијата во 16 часот кадетите ќе имаат можност да поразговараат со Лаура Жоу, режисер на филмот „Животот без Сара Амат“.

Учесниците на „Џифони Македонија“ денеска во 17 часот преку платформата youth.mk ќе може да се сретнат со Ана Андонова, авторка на краткиот филм „Малечка“.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Објавено пред

Од вечерва до 3 октомври ќе се одржува фестивалот на комедијата „Гола месечина“, кој е во продукција и организација на НУ Театар „Комедија“, а под генерално покровителство на Општина Аеродром.

„Годинешното издание на фестивалот е малку поинакво од досегашните. Пандемијата ни ги промени секојдневието и начинот на работа и функционирање, но не дозволивме да нè сопре во нашата цел – животот на театарот, животот на комедијата. Затоа сите заедно и солидарно смогнавме сили за да го одржиме нашиот традиционален фестивал. Долго размислувавме дали годинава да имаме гости од соседството, но сепак на крајот одлучивме да им отстапиме максимален простор на македонските театарски работници и да го избереме најдоброто“, велат организаторите на настанот.

Во текот на шесте фестивалски вечери публиката ќе може да гледа пет претстави од домашни продукции и еден стендап-настап. Влезот за публиката и годинава е бесплатен, со тоа што ќе може да се влезе само со приложување билет поради ограничениот број седишта, а бесплатните билети ќе може да се подигнат од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.

Фестивалот ќе се одржува под посебни протоколи за одржување настани на отворено, на сцена поставена на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонскиот центар – Аеродром.

Претставите почнуваат во 20 часот, а влезот за посетителите, кои ќе мора да носат заштитна маска, ќе биде отворен од 19 часот.

„И оваа година, во рамките на последната фестивалска вечер, ќе доделиме признанија и награди, меѓу кои и наградата за животно дело ‘Анче Џамбазова’, која ја воведовме од минатата година. Се надеваме дека временските услови ќе ни излезат во пресрет и дека Фестивалот на комедијата и годинава ќе помине успешно и ќе внесе доза позитивност и смеа во нашето секојдневие и ќе го збогати културниот живот во Скопје“, изјавија од управата на НУ Театар „Комедија“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Се отвора изложбата Panic Room во Музејот на современата уметност

Објавено пред

На 2 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје, со почеток во 12 часот, ќе биде отворена групна изложба „Panic Room или скок во мислењето“.

Во поставката земаат учество уметниците: Искра Димитрова, Нехат Беќири, Верица Ковачевска, Нада Прља, Велимир Жерновски, Матеј Богдановски, Христина Иваноска, Јане Чаловски, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Никола Узуновски и групата ОПА. Кураторка на изложбата е Љиљана Неделковска.

Последиците од климатските промени, на чии процеси во голема мера влијае нaчинот на кој човекот се однесува, ја искористува и уништува природата, забрзано ги менуваат животните услови: загаден воздух, почва, мориња, топење на мразот, пожари, поплави, уништени екосистеми, миграции, глад, пандемии… Изложбата ја тематизира состојбата на глобалната опасност што му се заканува на светот.

Уметниците со оваа изложба на разни начини и со разни уметнички техники (сликарство, инсталација, цртеж, видео, фотографии, постери, уметничкo истражувачка работилница, интерактивен виртуелен и партиципативен проект), исцртуваат координати за лоцирање на проблемите со кои се соочува современиот свет во кој живееме, како и на можни креативни платформи како места на отскок од вообичаените практики на мислење и дејствување.

„Концепт на изложбата Panic room е да се понудат можни начини на редизајнирање или ресетирање на нашиот однос кон природното и социјалното опкружување. Создавање инакви пристапи на поврзување и солидарност помеѓу луѓето и нивната околина наспроти вообичаениот начин на кој животните услови се земаат здраво за готово, како нешто што се подразбира, како нешто што ни е дадено и што ни припаѓа.
Воедно, изложбата е и критика на неолибералната финансиска, технолошка, биополитичка, односно некрополитичка стратегија на манипулирање и колонизирање на сите сфери на просторното, биолошкото и симболичкото постоење, и критика на скриената логиката на функционирањето на глобалниот пазар: што повеќе катастрофи (војни, политички, економски и еколошки кризи), толку повеќе профит“, вели кураторката Неделковска.

Panic room не подразбира некакво безбедно место, каде што би можеле да се скриеме (како во филмот на Дејвид Финчер, од кој е и позајмен насловот), туку се однесува на интимниот, внатрешен простор како место на одлука за одлучен пресврт во мислењето: наместо резигнирано да прифатиме дека е многу полесно да се замисли крајот на светот отколку крајот на капитализмот, да направиме скок во мислењето и да го замислиме крајот на капитализмот повикувајќи „нова земја, нов народ“ (Жил Делез, Феликс Гатари) притоа отворајќи можности за нова уметност на живеење и заедништво во светот и со светот. Наместо екологија на стравот, екологија на мислењето.

Ако уметноста сè уште може да не погоди, провоцира, да нè измести од нашите кодифицирани светогледи, ако сè уште може да иницира креативни и критички места од кои би се развивале потенцијални линии на отпор и промена, тогаш таа мора сета своја креативна сила да ја насочи кон разградување на воспоставените клишеа на мислење од кои постојано ги храниме нашите предрасуди и нашите ресентименти.

Во оваа насока, изложбата можеби треба повеќе да се чита како еден вид експеримент, вежба во мислењето, поттик и обид од мислењето да се направи настан, сила со потенцијал за трансформација и промени оттколку само како постановка на дела кои преку понудените уметнички и естетски концепти може длабоко да нè допрат и за миг да ја разбудат во нас свеста за опасноста во која се доведовме, и себеси и светот. Зашто, за да мислиме, не треба само да станеме свесни, туку треба да направиме и пресврт. Пресврт во мислењето.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура како дел од Годишната програма за 2020 и ќе биде отворена до 1 ноември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет2 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија2 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија3 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија3 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија4 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија4 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет4 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија5 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ6 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија6 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет7 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет7 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија8 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет8 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа8 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт17 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион19 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет21 час

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет21 час

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Досие