Култура
Фрицл како инспирација за уметничка инсталација

Претставата „Пансион Ф“ на режисерот Хурберт Крамер којa зборува за австрискиот монструм Јозеф Фрицл ќе ја видиме на овогодинешното издание на „Млад отворен театар“ на 24 септември. Во меѓувреме во Лондон, ќе биде претставена уметничка инсталација, инспирирана од злогласниот подрум во неговата куќа
Делото со наслов „Еуфориа“ го изработи уметникот Николас Растон и го прикажува подрумот на Фрицл како порнографски сет. Во него преовладува розовата боја на постелнината, играчките, балоните, а подрумот е опремен и со камери, микрофони и телевизор. Како основна идеја Растон го наведува истражувањето на сексуалните злочини и улогата на жолтиот печат, нешто слично како и медиумската сатира на Крамер. „Сексуалниот дел од приказната за Фрицл се продаде како добар производ, што укажува на тоа како всушност функционира денешниот свет“, вели Растон за BBC. Она што него најмногу го фасцинирало е тоа што ќерката Елизабет и нејзините деца од инцестот со Фрицл, единствениот контакт со надворешниот свет го имале преку телевизијата, кои по расветлувањето на случајот и самите станаа дел од медиумите. „Се обидов да создадам еден свет на фантазија, но клаустрофобичен, ладен и конфузен. Исто така, сакав да ја потенцирам и разликата помеѓу водењето љубов и порнографијата, она што многу луѓе го изедначуваат токму поради медиумите“, додава уметникот. Инсталацијата е дел од изложбата „Desire“ која е поставена во галеријата Holster Projects. Ќе биде поставена до 10 октомври.Јозеф Фрицл 24 години ја држел во заробеништво и ја силувал својата ќерка Елизабет и од овој чин имаат 7 деца. Случајот беше откриен минатата година, а оваа година беше осуден на доживотен затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.