Култура
„Сенки“ на Манчевски со кинопремиера во Мексико

Филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, и две години по светската премиера на фестивалот во Торонто, продолжува со живот низ кината во светот
Деновиве Сенки почна да се прикажува на редовниот репортоар во кината во Мексико. Интересно е дека мексиканскиот дистрибутер го прикажува под насловот Меѓу мртвите (Entra los Muertos). Инаку, филмот минатата година беше прикажан и на филмскиот фестивал во Мексико Сити. Ова е третиот македонски филм што воопшто се прикажува во кината во Мексико, по двата филма на Милчо Манчевски, Пред дождот и Прашина.Сенки, филм што критиката го нарече „онирички трилер“, досега играше на десетици меѓународни фестивали. Во јануари годинава имаше и американска кинопремиера во Њујорк, а потоа и низ САД, а се прикажуваше на редовниот репортоар и во Индија, Унгарија, Романија, Турција, Јужна Кореја. Филмот е продаден за редовно кино и телевизиско прикажување и во голем дел од Европа, на Балканот, меѓу другите и во Грција и Јужна Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Концерти и претстави во втората недела на „Скопско лето“

„Скопско лето“ продолжува оваа недела со неколку концерти и претстави на различни локации.
Денеска ќе се одржи јубилеен концерт на „Баклава“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан.
Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.
На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“ – како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам.
Влезницaта по цена од 500 денари, ќе се продава на влезот на Куршумли ан, пред почетокот на настанот.
На 24.06.2025г. (вторник) има три настани на фестивалот „Скопско лето 2025“.
Со почеток во 18:00 часот во Драмски Театар ќе се одигра театарската претстава „Гидионовиот јазол“. Билетите се во продажба на karti.com.mk
Со почеток во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ќе се одигра театарската претстава „Добри луѓе“. Билети: bileti.mkc.mk или на билетарницата од МКЦ Скопје.
Со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба за самостојност ќе се одржи пијано рецитал на Горјана Стојановска. На програмата ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Шуберт, Лист, Чајковски, Володос, С. Рахмањинов и А. Скријабин. Билетите ќе се продаваат пред почетокот на настанот, на влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност по цена од 300 денари.
На 25.06.2025г. (среда) ќе се одигра детска театарска претстава „Куќа на духовите“ со почеток во 19:00 часот во Театар за деца и младинци. Билетите се во продажба на karti.com.mk.
Исто така во среда, ансамблот Арт Нет (Србија) во Музејот на македонската борба за самостојност ќе ја претстави концертната изведба на првото сценско дело на Џакомо Пучини – Le Villi, со либрето на Фердинандо Фонтана. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот пред влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност.
На 26.06.2025г. (четврток) со почеток во 20:30 часот во Сули ан Ансамблот Консонанс ќе одржи музичка приказна „Песна за жирафата“. Во оваа музичка приказна преку приказна и интеракција, децата ќе можат да се заапознаат со музиката од периодот на класицизмот и да ги слушнат аранжманите напишани специјално за овој концерт, кои нè едуцираат за познатата музика на Ф. Ј. Хајдн изведена од квинтет сочинет од следниве инструменти: виолина, флејта, англиски рог, кларинет и бас кларинет. Сите овие инструменти се солистички инструменти кои можат да настапуваат и сами, но најчесто се употребувани во поголеми ансамбли, во голем симфониски оркестар, оперска и балетска музика.
Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан.
На 27.06.2025г. (петок) со почеток во 20:30ч. во Сули ан ќе се одржи детска театарска претстава „Во царството на другарството“ во продукација на Театар „Хит“ – Скопје.
Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот, на влезот на Сули ан.
Исто така, на 27.06.2025г. (петок) со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт насловен „Звуците на љубовта низ италијанскиот романтизам“ на Марија Ташевска (сопран) и Анастасија Кочева (пијано).
Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот на влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност.
Култура
Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“ на 25 јуни – примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години уметничка дејност

На 25 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер.
Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет.
Втората изведба на балетот е закажана за 27 јуни, 20.00 часот.
Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми.
Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизност и современ израз го доловува духот на 19 век, додека музичката подлога е составена од дела на К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон и Г. Ф. Хендл, сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, светло дизајн, Милчо Александров, а концерт-мајстор е Климент Тодороски, генерален менаџер на проектот: Киро Павлов.
Особено значајно е што оваа премиера е посветена на Марија Кичевска Шокаровска, која со својата уметничка кариера остави неизбришлив печат во историјата на македонскиот балет.Таа ќе ја толкува главната улога на Ема Бовари, во останатите улоги ќе настапат, Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (аптекар) заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Култура
Бесплатен концерт под отворено небо „Од MOБ за Скопје“

На 5 јули, 2025 во 21 часот, ќе се одржи гала концертот „Од MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет.
Концертот ќе се одржи по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Настанот е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1, но регистрацијата е задолжителна.
„Единствена можност да уживате во врвна музика под отворено небо, во срцето на Скопје. Под диригентство на маестро Винценц Праксмарер, културно поврзување помеѓу Виена и Скопје!“, велат од МОВ.
Регистрирација на линкот: https://t.ly/OdMobZaSkopje0507.