Култура
„Демократија – за сите?“ – германски демократски јубилеи во Скопје
Како дел од одбележувањето на германските демократски јубилеи кај нас, од 21 до 26 септември во Кинотеката на Македонија ќе се случува филмски фестивал на документарни и кратки филмови „Демократија – за сите?“
Филмовите кои ќе бидат прикажани на фествалот се дел од еден глобален филмски проект „Зошто демократија?“, во кој беа вклучени 5 уредници од Данска, Англија, финска, Франција и Германија, како и двајца продуценти од Данска и Јужна Африка. Германскиот поглед на демократијата ќе биде прикажан низ филмовите на Medienwerkstatt Franken од Нирнберг, збратимениот град на Скопје. Освен тоа, за време на фестивалот ќе бидат присутни и градоначалниците на Скопје и Нирнберг, како и амбасадорката на Германија во Македонија. Овој филмски фестивал ќе се случува во склоп на Германските недели во Скопје и Тетово, по повод неколку јубилеи од германската историја – донесувањето на Вајмарскиот устав, 1819; донесувањето на денешниот германски Устав во 1949 година и падот на Берлинскиот ѕид, 1989 година.
Особена атракција од Германија претставува „Омнибусот за директна демократија“ кој ќе застане во Скопје и Тетово, како дел од неговата турнеја низ Југоисточна Европа. „Омнибусот“ е двокатен автобус, патувачко училиште, кој веќе 22 години ја реализира во пракса идејата на уметникот Јозеф Бојс за самоопределено креирање на заедницата од страна на луѓето, самоопределувањето како „социјална скулптура“, односно сфаќање на демократијата како уметничко дело. Омнибусот посетува околу 100 германски градови годишно и во текот на неколку денови отвора форуми на плоштади и други отворени простори, во училишта, универзитети, компании… Оваа есен 2009 година омнибусот тргна во својата историска тура и ги опфаќа Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје, Софија, Солун, Атина, Истанбул, Букурешт, Белград, Будимпешта, Братислава, Линц, Виена и Минхен. Преку средби и културни настани членовите на „Омнибус за демократија“ ќе се обидат да ја развијат идејата за поврзаноста на демократијата и уметноста. Омнибусот ќе застане на плоштадот Македонија во понеделник, 21 септември, од 10 до 18 часот и во вторник, 22 септември, кај Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, а во среда, 23 септември, ќе биде на Штуловиот униврзитет во Тетово.Покрај филмскиот фестивал и турата на омнибусот, германската недела ќе биде одбележана и со неколку дискуии и работилници во Музејот на современа уметност и на Универзитетот ЕСРА.
Одбележувањето на Германските недели во Македонија е организирано од Гете-институт од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.
Култура
Почина Георги Сталев Поповски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.
Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.
Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.
Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

