Култура
Пинтер во ЦК

Театар
Кон „Неверство“ од Харолд Пинтер, режија Нина Николиќ. Играат: Дарја Ризова, Благој Веселинов, Мартин Јорданоски и Ненад Митевски. Продукција: Центар за драмски уметности Т-ХАУС.
Постојаната дискусија во нашите театарски кругови околу квалитетот на аматерскиот и професионалниот театар, институционализираниот или алтернативниот и кој од нив е доминантен веројатно ќе беше во ред доколку навистина постоеја некакви дистинкции и можности кај нас да се видат што повеќе нови претстави во нови, поинакви простори со нови актерски имиња. Во последниов период низ домашните театри и нема некоја претстава што би предизвикала поголемо внимание, а изборот на текстови кои се поставуваат како постојано да се повторува.
Но токму во ваква апатична состојба на театарската продукција кај нас одвреме-навреме ќе се почувствува некоја свежина, нови ветришта, нови имиња. Најважно, млади имиња. Токму една таква свежина носи и првата претстава на Центарот за драмски уметности Т-ХАУС, текстот „Неверство“ од Харолд Пинтер, во режија на Нина Николиќ, студентка во четврта година на Факултетот за драмски уметности во класата на Слободан Унковски. Одличен избор! Пинтер и онака не е поставен во Скопје неколку години. Уште подобар избор е и просторот на културниот центар ЦК каде се игра претставата. Мал простор кој уште поавтентично го доловува згуснатиот и енигматичен стил на британскиот драматург. Четворицата актери – Дарја Ризова, Благој Веселинов, Мартин Јорданоски и Ненад Митевски, студенти и дипломци од ФДУ, многу сериозно ја сфатиле задачата да се игра во еден текст на генијалниот автор. Нивната младешка енергија многу лесно ја внесува публиката во целата сложувалка од зборови, изговорени и неизговорени, тишината толку карактеристична за Пинтер, анахронизмот во дејството и разголувањето на меѓусебните човечки односи. Клуч кон откривањето на најдлабоките човечки тајни, машко-женските односи, пријателството во кое изневеруваат и истовремено сите се изневерени. Јазикот кој кај Пинтер никогаш ја нема примарната функција на комуникација овде многу лесно комуницира со публиката, повторно благодарение на актерите. Навистина пријатно изненадување.Со надеж за долг живот на овој Пинтер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.
Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје
Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис
Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.
Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.