Контакт

Култура

Дела на Ибрахим и Башески во Њујорк

Објавено пред

Во галеријата МС во Њујорк во петок, 8 јануари, ќе биде оторена изложба на македонските уметници Беди Ибрахим и Жарко Башески

dobivaj vesti na viber

Беди ќе изложи триесетина цртежи и слики изработени во комбинирана техника, а Башески со видеопроект – компјутерски анимации и платна со кои постигнува тродимензионалност. Изложбата ќе биде отворена во наредните десет дена.

Жарко Башески е роден во Прилеп во 1957 година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Постдипломските студии ги завршува во 1998 година на матичниот факултет, каде што во тој момент работи како стручен соработник. Од 1988 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби). Живее во Скопје и работи како професор на Факултетот за ликовни уметности.

Беди Ибрахим (1959) е дел од првата генерација скулптори дипломирани во 1985 година на ФЛУ, каде работи како професор на одделот за скулптура. Дел е од култната уметничка група „Зеро“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Објавено пред

Од

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.

dobivaj vesti na viber

На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.

Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје

Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис

Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

Објавено пред

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.

dobivaj vesti na viber

„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.

Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.

Прикажи повеќе...

Култура

СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Објавено пред

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.

Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?

И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?

Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.

Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?

Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Од Скопје до Охрид ќе се патува час и половина по новиот автопат од Тетово до Гостивар

За две години ќе биде готов новиот автопат од Тетово до Гостивар, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта...

Топ1 час

Обид за убиство и насилство во кочанското село Тркање

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело убиство  во обид...

Регион3 часа

Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето...

Регион3 часа

Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат...

Македонија4 часа

Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно...

Македонија7 часа

Уапсен е зетот на покојниот Зоки Фаци, ја запалил куќата во која живееле сестрата и внуците

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор...

Регион8 часа

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“....

Регион9 часа

На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош....

Свет20 часа

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија22 часа

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет1 ден

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион1 ден

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија1 ден

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија1 ден

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет1 ден

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија1 ден

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет1 ден

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...

Македонија1 ден

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...