Култура
Премиера на „Име си е име“ во САД

Американската премиера на филмот „Има си е име“ на исландскиот режисер Сигурјон Еинарсон денеска ќе биде одржана во Вашингтон
Филмот е посветен на македонскиот народ и проблемот околу името што го има со Грција. Низ очите на скандинавски патник е прикажана приказната на неколку луѓе кои објаснуваат што значи да си Македонец. Сигурјон Еинарсон Mакедонците ги нарекува „нација во заложништво поради своето име“. Премиерата на филмот ќе се одржи со помош на Обединетата македонска дијаспора во САД,. Се очекува присуство на политичари, претставници од американскиот конгрес и дипломатскиот кор, како и Македонци кои живеат во Вашингтон.Продуцент на филмот е Џејсон Мико, а музиката ја напиша и изведува фронтменот на групата А-Ха, Мортен Харкет.Во изработката на „Име си е име“ учествуваа луѓе од Македонија, Исланд, САД, Норвешка, Велика Британија. Светската премиера на филмот се одржа во октомври минатата година во Торонто, Канада.Предвидено беше американската премиера на филмот да се одржи во резиденцијата на исландскиот амбасадор во Вашингтон, но беше откажана поради притисок на грчката дипломатија и дијаспора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Изведба на раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на 7 март на сцената на Националната опера и балет

На 7 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“. Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.
Во главните улоги на Маргарита и Арманд ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија) заедно солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
„Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите.“ – Василиј Медведев, кореограф.
Култура
Почина актерот Самоил Стојановски

На 55-годишна возраст почина актерот Самоил Стојановски, кој беше дел од македонската актерска сцена повеќе децении.
Од 2003 па до неговиот последен аплауз во декември годинава беше вработен во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.
„До семејството, колегите и пријателите на Самоил упатуваме најискрено сочувство во овие тешки моменти. Неговата посветеност и топлина што ги споделуваше со сите што го познаваа ќе останат засекогаш во сеќавањата. Нека спомените за него бидат утеха, а неговото дело сведоштво за неговиот живот и љубовта кон театарот“, велат од велешкиот театар.
На сцената на велешкиот театар создаде ролји во многубројни претстави, меѓу кои: „Будење“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, „Четвртата сестра“, „Орест“, „Жени во народното собрание“, „Сомнително лице“, „Враќање“, „Железно пиле“, „Дом за птици“, „Да се заборави Херострат“, „Х-Хамлет“, „Птици“, „Џинот, учителот“, „Веселите жени од Виндзор“, „Тероризам“, „Баханалии“, „Злосторство на островот на козите“, „ММЕ кој прв почна“, „Онегин“, „Шашардисани времиња“, „Принцезата и Гускарот“, „Последниот Балкански вампир“, „Крал Лир“, „Тартиф“, „Најважната работа на светот“, „Приказни од шестиот кат“, „Класен непријател“, „Добрата надеж“, „Мачорот во чизми“, „Ана Комнена“, „Синиот портокал“, „Лисистрата“, „Елешник“, „Креонт и Антигона“ и други.
Стојановски оствари улоги и во филмската и телевизиската продукција, учествувајќи во проекти како што се: „Трст виа Скопје“ (1987 – 1990), „Погрешно време“ (2000), „Вампирџија“ (2002), „Крајот на играта“ (2002), „Крчма на патот кон Европа“ (2005), „Ова не е американски филм“ (2011), „Старо купуем“ (2013), „Приказни од животот“ (2014), „Ослободување на Скопје“ (2016), „Преспав“ (2016), „Македонски народни приказни“ (2017) и „Црвениот поет“ (2024) и други.
Култура
(Видео) Скопје во магична светлина под свеќи – што се случуваше на Мостот на уметноста?

Во пресрет на концертниот спектакл Candlelight: Timeless, кој ќе се одржи на 22 март во Македонската филхармонија, многубројните свеќи го осветлија Мостот на уметноста во срцето на Скопје создавајќи магична атмосфера, што го најави овој уникатен музички настан.
Активацијата, која се одржа во четвртокот, привлече многубројни минувачи и љубители на класичната музика, кои беа сведоци на несекојдневен визуелен спектакл. Видеото од оваа грандиозна најава ги доловува амбиентот и возбудата што владеат пред концертот, што ќе внесе безвременска магија во концертната сала на Филхармонијата.
Петар Пејчиќ: виртуозот што со нетрпение го очекува својот прв настап во Македонија
Еден од најдобрите млади виолончелисти во светот, Петар Пејчиќ, првпат ќе настапи пред македонската публика. Со својот исклучителен талент и меѓународни признанија Пејчиќ е веќе значајно име на светската класична сцена, a веќе со години го привлекува светското внимание со својата виртуозност, музикалност, неверојатна техника, сценски изглед и харизматична изведба. Toj е награден на неколку престижни меѓународни натпревари, вклучувајќи го Вториот меѓународен натпревар на кралицата Елизабета, и е дел од програмите на престижни академии и фондации.
„Навистина сум возбуден што ќе настапам во Скопје првпат! Ова ќе биде исклучителна вечер исполнета со неверојатна музика, емоции и посебна атмосфера. Со нетрпение очекувам да ја споделам сцената со врвниот камерен оркестар ‘Профундис’ и да ја почувствувам енергијата на македонската публика“, изјави Пејчиќ.
Програма на концертот – безвременски дела и ексклузивна изведба на свитата The Hours
Овој концерт ќе понуди богат и внимателно избран репертоар, кој ги обединува класичните ремек-дела со современи маестрални композиции. Посебен акцент е ставен на саундтракот од филмот The Hours, кој првпат ќе биде изведен во Македонија.
Филип Глас – музика од филмот The Hours. Музиката на Филип Глас за овој филм е пример за минималистичката генијалност што носи длабока емоција и меланхолија. Неговата свита ги води слушателите низ слоеви на суптилна експресија создавајќи атмосфера што остава длабок впечаток.
Давид Попер – Унгарска рапсодија оп. 68. Ова дело е вистински предизвик за секој виолончелист – виртуозноста и драматичните мелодии ја прават рапсодијата динамична и незаборавна.
П. И. Чајковски – рококо варијации. Инспирирани од класичниот стил на Моцарт овие варијации се елегантна и виртуозна демонстрација на виолончелистичката уметност.