Контакт

Култура

Наградата „Ана Франк“ доделена на Криста Јохансен

Објавено пред

За прв пат оваа година почнува да се доделува наградата „Ана Франк“, во организација на издавачката куќа „Феникс“ и фондацијата „Македонија презент“, а жири комисијата одлучи наградата да и биде доделена на канадската писателка Криста Јохансен

Во образложението на жири комисијата Криста Јохансен се вели дека нејзиниот роман „Тори и принцот-змија“ е магична авантура полна со акција и неодолив хумор.Наградата ќе и биде врачена на Меѓународниот саем на книгата во Скопје кој ќе се одржи и оваа година.Јохансен е автор на бројни фантастични и научно фантастични романи за деца и млади, како и збирки на раскази за возрасни и серијата на сликовници „Пипин и Мејбл“.  Јохансен е родена во Кингстон, Онтарио, Канада во 1968 година. Студирала англиски јазик и историја на Универзитетот Маунт Алисон, а магистрирала средновековни студии во Центарот за средновековни студии на Универзитетот во Торонто, како и англиски јазик на Универзитетот Мекалистер во Хамилтон. Живее во Саквил, Канада. Член е на Унијата на писатели на Канада, Толкиновото здружение и Друштвото за проучување на раноанглиски текстови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со премиерни изведби на „Херои 4:33“ завршува МОТ

Објавено пред

На 5 и 6 декември во рамки на „Млад отворен театар“ ќе се изведе македонската претстава „Херои 4:33“, во режија на Деан Дамјановски, а по текст на Сашо Димоски на Театарот „Ј. Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес со што ќе се затвори и 45. издание на Меѓународниот театарски фестивал.

Изведбата е во живо, со присуство на публика, од 18 и од 19 часот и ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

„Проектот „Херои 4:33“ всушност е своевидно продолжение на еден друг проект „Тој и Таа“ кој го работевме со Велешкиот театар ова лето и кој беше фокусиран на користењето на интернет технологијата во театарот. Проектот се состоеше од 12 интернет епизоди од материјали снимени од актерите, дома и потоа монтирани – сето тоа без никаква физичка интеракција меѓу учесниците, односно, без „физичко присуство“. Токму овој концепт за „присуство/отсуство“ кој е заложен во основата на театарот како медиум е основата за оваа театарска инсталација наречена „Херои 4:33“,  вели Деан Дамјановски.

Истражувањето на врската на „присуството/отсуството“ карактеристично за театарот како медиум се изведува преку употребата на различни медиуми во три специфични простори, изолирани едни од други. Гледачите, соодветно заштитени и водени еден по еден, како низ музеј, ќе бидат запознаени со нашите „експонати“, последните преживеани, пионерите на „новата реалност“. Стварноста што ќе биде претставена во секој од просторите, наликува на своевидна дистописка стварност, во која човештината отстапува пред сопствената опачина. Целото доживување, кое гледачот го има од инсталацијата, наликува на оние секунди пред почетокот на претставата, кога светлата во салонот ќе се изгаснат, а претставата сѐ уште не започнала, кога стварноста околу нас отсуствува, а сценската сѐ уште не се појавила. Просторот, костимите и музиката се во функција на доживувањето од овој меѓумомент на „присуство/отсуство“, кое трае нешто повеќе од 13 минути.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Сеќавање за Сион“ – изложба на Давид Атанасоски

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори самостојна изложба на Давид Атанасоски насловена „Сеќавање за Сион“.

Делата на Атанасоски бараат согледување, размислување. Тие се моќни во привидот на едноставноста. И секое дело одделно егзистира како автохтон сегмент. Тие го добиваат значењето на универзалното, погледот кон Спасителот. Неговиот ‘објектив’ навлегува во порите на инкарнатот, кој обилува со светоста на духовноста и со сакралноста на животот. Навидум сосема спонтани и едноставни, неговите дела се секвенци на опозитот на сите контрасти и сеќавања што ги носи животот, кои кај секој од нас, наеднаш знаат да се извишат во хармонија на една чиста духовност, во која се забележува една нескротлива и на моменти, навидум ‘дива’, амбивалентна ритмика, а сепак структура што авторот успеал да ја ‘скроти’ и да ја претвори во една совршена целина, каде што секој сегмент од картонот го пронашол своето место, оформувајќи една целосно хомогена структура, што всушност е и еден од главните цели на неговиот истражувачки процес. Ритмичното повторување на сегментите во целината ја нагласува динамиката што авторот претендира да ја создаде, која во голема мера зависи од позиционирањето на парчето картон или хартија и точно одредениот пресек на внатрешноста што го дава движењето и рамнотежата на композицијата.

Употребувајќи рециклирачки и лесно модулативни материјали, интенциозно насловувајќи ја оваа своја изложба „Сеќавање за Сион“, младиот автор нè навраќа на сегментите и на секвенците од колективната меморија на библиското случување, побудувајќи изобилство на сензации во пресоздавањето, претставувајќи го трансформативниот процес на тлото земја, кој одбрал да го искористи како појдовен инспиранс во својот истражувачки процес, во овој случај светото парче земја – Ерусалим и околината, со акцент на библискиот Сион. Делата на младиот автор, со композициска структура специфична за неговиот ликовен израз, оставаат впечаток на зачудувачка неделивост и совршена компактност, каде што сè е толку складно и слеано, истовремено упатувајќи и на некаков посебен мир и скротена експресија… Оваа негова изложба е во континуитет на неговите досегашни реализирани проекти, каде што смело нурнува во срцевината на тематиката што ја истражува, и во нему веќе својствен манир, вешто запазувајќи ја суштествената структура на материјалот, нагласувајќи ја податноста на картонот и хартијата, ја започнува својата нарација за библискиот Сион, преку тивок и ненаметлив говор, шепот од одбрани мисли што раскажуваат– Ангела Витановска

Давид Атанасоски е млад уметник, роден во Прилеп 1995 година; во 2018 година завршува факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек Вајарство со конзервација и реставрација. Член на меѓународната организација за уметност и култура Narrative Movment. Самостојни изложби: 2015 – Скопје, Проект за урбана скулптура во простор, спонзорирана од Цементарница УСЈЕ; 2019 – Прилеп, Пејзажни знаци, Ликовен салон Марко Цепенков; 2019 – Прилеп, Геолошки пресек, Нов културен бран.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Теорија на чудноста“ на чешката писателка Павла Хоракова

Објавено пред

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Теорија на чудноста“ на чешката писателка Павла Хоракова.

Преводот е на Даниела Роус Мишевска и Донка Роус, а романот е награден со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.

Романот претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот. Опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а најмногу од својата работа во Институтот за интердисциплинарни студии за човекот, таа наоѓа забава во забележувањето на ситни, очигледно случајни и невообичаени детали околу неа, пред да сфати дека тие навистина следат одредени обрасци, што резултира со нешто што таа приватно го нарекува „теорија за чудноста“.

Зголемената опсесија на Ада со потрагата по исчезнатиот син на колешката ја турка на нов пат и нејзиниот уреден, предвидлив живот одеднаш ќе добие сосема неочекуван пресврт.

Книгата се чита и како љубовна приказна со загатка, но истовремено и како расудување за смислата на суштествувањето, карактерот на времето, историјата на Централна Европа, за туѓите влијанија кои Ада ги забележува околу себе, а кои со карактеристичниот хумор, саркастична перцепција и мистичност, се обидува да ги обедини во „теоријата на чудноста“.

За сите овие феномени, таа бара сеопфатна дефиниција во својата „теорија за чудноста“ и открива дека не може да ги сфати бесконечните сложености на светот со чиста причина.

И додека општеството околу неа сè повеќе се приврзува кон празните правила, Ада ги напушта своите структури една по една и тргнува кон слободата.

Романот „Теоријата на чудноста“ е оценет како дело на голем литературен талент во комбинација со брилијантен интелект и со т.н. женска мистика.

Магазинот „Ехо“ го нарече најпаметното дело на чешката проза на деценијата.

Павла Хоракова (1974) е чешка писателка, литературен преведувач и радиски новинар. Нејзини објавени прозни дела се: детективска трилогија за млади (2010, 2011, 2012), новелата „Јохана“ (коавтор со Алена Шеиностова и Зузана Досталова, 2018), а во 2018 година го објави својот прв роман за возрасни „Теорија на чудноста“. Таа има преведено над 20 книги од англиски и од српски јазик и е добитник на две награди за превод.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Заев: Очигледно е дека Бугарија ќе стави вето, да почекаме да им поминат изборите

Очигледно е дека Република Бугарија ќе ја стави блокадата и ќе имаме вето оваа година, изјави премиерот, Зоран Заев. Тој...

Македонија59 минути

Штип ќе добие модуларна болница и ново возило за итна помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип. „Имајќи предвид...

Свет2 часа

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира пред Владата

Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест пред Владата поради преговорите со Бугарија. Протестот пред владината зграда е закажан за во...

Метју Палмер Метју Палмер
Регион2 часа

Палмер: Американскиот пристап кон Западен Балкан нема да се промени

САД се посветени на партнерство со земјите од Западен Балкан и на нивната европска перспектива, а тој пристап нема да...

Македонија3 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува една страна на да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија4 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија4 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија18 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија19 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија20 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија21 час

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија21 час

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија22 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа23 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија24 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија1 ден

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ1 ден

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион1 ден

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ1 ден

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Досие