Култура
Изложби на фотографија во Ростуше
Изложба на фотографии од култниот македонски фотограф Устијан Шекуткоски и од Анастас Ќушкоски, ќе биде поставена утре, 4 мај, во просториите на Домот на културата во Ростуше
Изложбата на вечански фотографии од Шекуткоски е под наслов „Ледената капија и рогатите трамболини“.Устјан Шекуткоски (1915 – 1970) од Вевчани е еден од основоположниците на современата македонска фотографија и припадник на втората генерација Македонски фотографи. Целиот свој животен век го посветил на фотографијата овековечувајќи ги обичните луѓе и нивните навики но истовремено вешто ги пронаоѓа интересните мотиви и сцени.Не двоејќи се од фотоапаратот низ неговиот четиридецениски опус Шекуткоски оставил стотици фотографии кои за момент го замрзнале времето и ни оставиле сведоштва за животот и настаните од просторите на цела некогашна Југославија. Како фоторепортер кој работел за најугледните весници и списанија (Белградска Политика) уште во времето на Кралството Југославија, Шекуткоски објавува фотографии кои ги презентираат природните убавини и богатото културно наследство на Дримколскиот и Охридскиот крај.По Втората светска војна ги презентирал и зачувал интересните моменти од Вевчани и Дримкол но и активно работел на развојот на културата и презентација на својот крај.Она што е најбитно и мора да се спомене е дека Шекутковски покрај со “Life” фотографијата ја истражува и се бави и со уметничка фотографија. Со своите дела Жед, Ледени Капии, Пејсажи, Портрети и делови од старата Дримколска архитектура тој практично ги удира темелите на современата Македонска уметничка фотографија.Интересен е податокот дека иако Шекуткоски објавил стотици фотографии низ многу европски весници и списанија и изложувал на голем број групни изложби каде што бил и наградуван никогаш не подготвил самостојна изложба сакајќи да создаде уште и уште интересни фотографии.На изложбата ќе биде презентиран избор од триесетина фотографии меѓу кои и неколку од првите рачно (хемиски) боени фотографии од Македонија.Изложбата е во организација на Центарот за современи уметности – Скопје, во рамките на пректот Култура во руралните заедници и Општина Маврово – Ростуше.Изложбата на фотографии од Анастас Ќушкоски под наслов “Лазурна Рапсодија”, e 13 самостојна изложба на авторот на тема Води. Изложени се 20 фотографии, реализирани во период од 2000 – 2010 год. Мотивите се од 4 езера и три рекии тоа: Охридско Езеро (Охрид, Струга, Дрим), Преспанско Езеро (Отешево, с.Коњско, остров Голем Град)), Вевчанска локва (Планинско Езеро), Вевчански извори, Бела Река и Скадарско Езеро.Поентата на изложбата е водата како извор на живот и убавина која воедно има симболика и моќ да го поврзува просторот и луѓето. Покрај нејзината уметничка страна, изложбата е во функција на промоција на природните убавини на туризмот на овие простори.Изложбата е дел од активностите на проектот Култура во руралните заедници финансиранa од Швајцарската програма за Култура на западен Балкан и Институтот отворено општество – Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

