Култура
Пијано концерт на Герасимовска

Пијано концерт на во изведба на Огненка Герасимовска ќе се одржи во четврток во 20 часот во малата сала на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово
Огненка Герасимовска е родена во Скопје, а во 2007 година дипломара на Факултет за Музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов.Таа ја доби и наградата″26 јули – Франк Манинг″ за 2007 година, а беше прогласена и за најдобар студент на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.Учествувала на голем број концерти во Македонија, но и надвор, во Србија, Хрватска, Русија, Франција, Украина, Романија, Чешка, Косово и др.Одржала повеќе рецитали на културните манифестации во државава Скопско Лето, Штипско лето, Битолско Лето, Гевгелиска Пролет, како и во Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар.Добитник е на голем број признанија и први награди на државните натпревари, меѓу кои се издвојува наградата Климентина Рафајловска за најдобар матурант. Од меѓународните се издвојуваат I награда на меѓународен пијано натпревар ″Николај Рубинштајн″ во Париз, Франција, II награда на меѓународен натпревар ″Виртуози за музика на пијано″ во Усти над Лабем, Чешка; Лауреат на ЕПТА – меѓународен натпревар за млади пијанисти во Осијек, Хрватска, I награда на ″Интерфест Битола″, интернационален натпревар за млади пијанисти; специјална награда за најперспективен млад пијанист доделена од Сојузот на музичките уметници на Македонија, III награда на пијано натпреварот “Карл Дрецхел” Нинберг, Германија.Во 2008 г. го издаде своето прво ЦД со сонати од Бетовен, Шуман и Прокофјев, под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија. Во моментов е студент на последипломски студии по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Романов. Работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски -Луј”, асистент по пијано на државниот универзитет во Тетово и музички соработник на факултетот за музичка уметност во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Започнаа пробите на претставата „Лов на дива свиња“

Македонскиот народен театар од Скопје и Градското позориште од Подгорица потпишаа Меморандум за соработка за продлабочување на културната и уметничката размена меѓу Северна Македонија и Црна Гора.
Претставувани од директорите Никола Кимовски и Сандра Вујовиќ, двете институции ја изразија својата подготвеност за заедничка работа во областа на театарот, културата и уметноста.
Меморандумот предвидува размена на театарски претстави, реализирање заеднички копродукции, спроведување едукативни програми, како и соработка во областа на техничката и логистичката поддршка, маркетингот и промоцијата на заеднички проекти. Целта е воспоставување долгорочна и одржлива соработка, со редовна комуникација и координација при реализацијата на предвидените активности.
Овој документ претставува значаен чекор кон унапредување на регионалната културна поврзаност и зацврстување на меѓународната соработка во уметничката сфера.
„Македонскиот народен театар и натаму продолжува да создава во духот на мојата визија и стратегија – создавање театар отворен за сите, современ театар кој постојано вмрежување, остварува институционални и меѓународни соработки, со цел развој на современиот театар во Македонија и регионот“, изјави директорот Никола Кимовски.
Првата меѓународна соработка започнува со реализацијата на претставата „Лов на дива свиња“, чиј автор е црногорската современа писателка Марија Сарап, а режијата е на македонската режисерка Наташа Поплавска.
Претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје.
Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова и Мина Јелушиќ Јериниќ од Македонија, како и Ѓорѓе Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.
Претставата „Лов на дива свиња“ премиерно ќе биде изведена на 19 јули во рамки на фестивалот „Скопско лето“, а премиера во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември.
Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од компаниите: „Виталиа“ од Скопје, хотелот „Мериот“ и рестораните „Дистрикт“, „Тренд“ и „Шпајз“.
Култура
Изложба на пастели од Илија Спасов-Чендо

На 19 јуни, во 13 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе биде отворена изложбата на слики изработени во техниката пастел од академскиот сликар Илија Спасов Чендо
Илија Спасов – Чендо
Роден е во Неготино. Дипломирал на ФЛУ Скопје. Член е на ДЛУМ. Добитник е на наградата за сликарство „Лазар Личеновски„ 2011. Самостојно изложувал во Скопје, Софија, Битола , Белград, Нови Сад, Дубровник, Кавадарци и Неготино. Учесник е на повеќе групни изложби. На изложбата авторот ќе се претстави со 25 пастели изработени во последните две години.
Изложбата ќе биде отворена до 01.07.2025 година.
Култура
Промоција на поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков

Поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на „Фуснота“ ќе биде промовирана денеска во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 19:00 часот.
Промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, главен уредник е Маја Којчева Величкова, лектура: Елизабета Коневска, дизајнот на корицата изработи Мите Спасовски, а извадоци од романот ќе чита Светла Јакшиќ.
Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.