Култура
Слика на Пикасо најскапо продадена некогаш
„Акт, зелено лисје и биста“, која славниот Шпанец ја насликал во 1932 г., е продадена за дури 106,4 милиони долари е најскапото уметничко дело некогаш продадено на аукциите
Почетнат цена изнесувала 70 милиони долари, но на крајот го постигнала највисокиот износ за 2,1 милиони долари повеќе кој во февруари на аукција во Лондон ја достигна иконографската скулптура „Човек кој оди 1“ (L’homme qui marche I) на големиот швајцарски надреалистички скулптор Алберто Џакомети настаната во 1961 г. Тогаш аукцијата се движеше од почетните 12 милиони долари колку што всушност изнесува провизијата, прво на 55 милиони, па на 80 милиони а во еден момент наддавањето се запрело на 92 милиони долари која со дополнителната аукциска провизија ги сочинува вкупните 104 милиони долари. Оваа една од најпознати бронзи ја продаде новиот сопственик на пропаднатата Дрезден банка, втората по големина банка во Германија – Комерцбанк, преку аукциската куќа Sotheby’s.Досега најскапо платена уметничка слика исто така беше на Пикасо, „Момче со луле“ (Garçon a la pipe) продадена 2004 г.Големата слика на Пабло Пикасо последните половина век беше изложена само еднаш, а беше највредното дело од збирката уметнички дела на Франкезо Ласкер Броди, филантроп од Лос Анџелес кој почина во 2009 г. Сегашниот купец, се разбира, е анонимен. Во последните четири месеци, двете најголеми светски аукциски куќи Christie’s и Sotheby’s водеа вистинска војна за збирката на Броди, при што поуспешна беше Christie’s.Инаку, досега шест уметнички дела се продадени за најголеми цени, и сите се слики. Во 2006 г. рекордот е поставен со продажба на плaтното No.5,1948, на Џексон Полок, кое кога би се пресметала инфлацијата денес би чинел 148 милиони долари. На второ место е сликата „Жена 3“, на експресионистот Вилјем Кениг, продадена во 1994 г. за цена која денеска е проценета на 145 милиони долари. Трет е Густав Климт со неговото дело „Портрет на Адела Блох-Бауер 1“, продадена за 143 милиони долари. Јапонскиот милијардер Рџоеи Саито во 1990 г. ги купил двете следни слики на листата најскапи уметнички дела, за „Портрет на др. Гаше“ на Ван Гог плати денешен еквивалент од 135, а „Бал ду мулен де ла Галет“ 127 милиони долари. Шеста е сликата на Пабло Пикасо „Момче со луле“ која ја има денешната вредност од 118 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

