Контакт

Култура

Вип оператор – партнер на „Браќа Манаки“

Објавено пред

Во насока на продолжување на традицијата и вистинските културни вредности, ВИП оператор и Интернационалниот филмски фестивал на филмска камера Браќа Манаки денеска го објави официјалното партнерство за 31-то издание на фестивалот кој ќе се одржи од 16 до 22 октомври во Битола

dobivaj vesti na viber

Како новина за годинашното издание на фестивалот беше најавено по првпат воведувањето на програмата „ВИП јуниор “ со која младите секој ден за време на траење на фестивалот ќе гледаат по еден бесплатен филм во центарот на Битола.„Сакаме да воспоставиме нови стандарди, а не младите да седат дома и да гледаат шпански и турски серии. Заедно со ВИП ќе се потрудиме на фестивалското издание да има повеќе семинари и тркалезни маси бидејќи само така може да ги поттикнеме новите генерации на филмски творци и вљубеници во филмот“, рече директорката на „Браќа Манаки“ Лабина Митевска на денешната прес-конференција.Како што истакна Митевска, целта на воведувањето на програмата „ВИП јуниор“ е да се отргнат младите од гледањето на шпански и турски серии.„Наша цел како фестивал е да ја внесеме Македонија во светската културна мапа и за тие два-три дена за времетраење на фестивалот да го донесеме светот кај нас. Како и сите познати фестивали за остварување на нашата работа и за зачувување на лани стекнатиот епитет најдобар од малите фестивали ни беше неопходна поддршка од спонзор. Морам да изразам огромно лично задоволство од воспоставеното партнерство со ВИП“, додаде Митевска.Никола Љушев, Главен извршен директор на ВИП истакна дека честа да се биде партнер на еден настан којшто ги обединува  традицијата и вистинските вредности е навистина голема.„Заедничка цел  е да се даде нова вредност, визија и содржина на фестивалот, кој  е успешна филмска приказна веќе 31 година, период кој зборува за сериозноста и кредибилитетот што ја постигнал фестивалот што претставува авангарда во Македонија. Просечната старост на вработените во ВИП е 30 години и ние себе си се сметаме како авангарда во телекомуникациски бизнис. Затоа не ни беше тешко да се одлучиме на партнерство“, истакна Љушев.Главен покровител на фестивалот ќе биде претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе биде финансиран и поддржан од  Министерството за култура, Општина Битола  Филмскиот фонд и амбасадите на Холандија и САД во Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Фестивалот „Културен амалгам“ почна во Скопје, а вечерва продолжува во Крива Паланка

Објавено пред

Првата вечер од второто издание на фестивалот „Културен амалгам“ започна во Културно информативен центар – Скопје на 15 јули со впечатлив настан во Скопје, обединувајќи фотографија, документаристика и уметнички експеримент во еден културен мозаик. Публиката во КИЦ Скопје имаше ретка можност да ја проследи изложбата „ФотоСинтеза“, која претстави над 40 автори од Романија специјализирани за алтернативни фотографски техники како цијанотипија, вандајк и гум-бихромат. Делата беа силно поетични, но и технички прецизни, нудејќи свежа перспектива на историските процеси во современ контекст.

dobivaj vesti na viber

Веднаш потоа, беше прикажан документарниот филм „Манaки – Приказна во слики“, режиран од Роберт Јанкулоски, кој со внимателно истражена нарација и автентични фотографии нè врати во времето на првите балкански кинематографери, преку факти кој ретко кој ги знаел. Филмот остави силен печат врз публиката со својот достоинствен пристап кон културното наследство, давајќи историски контекст на приказната.

Со ова, фестивалот започна како што и најави: со јасна визија, културна длабочина и отвореност кон интердисциплинарна уметност.

Вечерва Крива Паланка станува нова станица на патувачкиот фестивал „Културен амалгам 2025“. Во просториите на Градскиот музеј, од 20 часот, публиката ќе има можност да ја проследи ревијалната изложба „ФотоСинтеза, која прикажува редок избор на алтернативна фотографија од фотоклубот „Ирис“. Техники како цијанотипија, гумоил и вандајк ќе бидат изложени преку дела на над 40 автори, кои го оживуваат минатото со современа чувствителност.

По изложбата ќе следува и проекција на документарниот филм „Манаки – прикзна во слики“, посветен на животот и делото на пионерите на балканската фотографија – браќата Манаки.

Настанот е бесплатен и отворен за сите љубители на уметноста, културата и фотографијата.

Следна станица на естивалот е Куманово на седми август во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Со овие активности Културно-информативниот центар – Скопје настојува да поттикне децентрализација на културата во Македонија и да воспостави трајна соработка меѓу културните институции низ земјата.

Целта е да се заживеат локалните простори преку изложби, проекции, работилници и трибини, како и да се создадат нови услови за самоорганизирано културно делување. Годинешната тема е фотографијата, со фокус на нејзиниот историски развој и алтернативни техники кои повторно стануваат актуелни. Проектот има и амбиција да се прошири на регионално и меѓународно ниво.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Култура

14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“

Објавено пред

Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во НУ Центар за култура – Битола ќе се одржи 14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.

dobivaj vesti na viber

Во традиционалниот термин на две сцени во Центарот за култура ќе се одиграат десет претстави. А покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот оваа година подготви богата придружна програма.

Шест претстави од Грузија, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Македонија ќе се натпреваруваат за фестивалското Гран-при за најдобра претстава во целина. Дел од програмата се театрите „Нодар Думбадзе“ и „Пиро Ќеци“, национални установи од Грузија и Албанија. А ни доаѓаат и признатите независни продукции: „Колибри“ од Унгарија и „Мала сцена“ од Хрватска кои важат за најстари и водечки театри за деца во своите земји. На програмата е и куклениот театар „Сенџу“ од Бугарија кои ни носат јапонски куклен театар по методот на Такеда а за прв пат на „Битолино“ ќе учествува и Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје.

„Нашите сцени се место каде што детската насмевка, фантазијата и искрените емоции се во центарот на вниманието. Преку театарот ние не само што раскажуваме приказни, туку и ги воспитуваме идните генерации – во духот на емпатија, разбирање и љубов кон уметноста. Срдечно им се заблагодарувам на сите театари од целиот свет кој изразија интерес да учествуваат. А особено – на децата, нашата верна публика изминатите тринаесет години кои се срцето на сè што правиме.“ – истакна Филип Етмишовски, директор на Бабец театар и Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.

Во годината кога Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, кој важи за носечка платформа за театарските аматери, е оправдано одложен. „Битолино“ одлучи да ја отстапи својата сцена на аматерските театри и театарски школи од земјата. Оваа година во придружната програма ќе бидат Театар Чекори од Скопје и Театарот при ЈОУ Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци. Фестивалот ќе го отвори и затвори Театарската школа „Бабец“ со претставите „Зборови“ и „Аудиција“. Токму со премиерата на младинската постановка на „Аудиција“ по текст на Александар Галин, Бабец театар ќе го одбележи и својот јубилеен 15. роденден.

Во придружната фестивалска програма е и дводневна театарска работилница за куклен театар „Светот на куклите“ со бугарската режисерка и актерка Ефимиа Павлова. Токму директорката на Државниот куклен театар во Сливен, Бугарија ќе биде претседател на фестивалското жири. Останатите два члена се македонските актери со интернационална театарска, филмска и телевизиска кариера: Тони Наумовски и Мартина Тапарчевска.

Фестивалот е поддржан како проект од национален интерес во рамки на Годишната програма на Министерстовото за култура и туризам на Македонија, Годишната програма за култура на Општина Битола а генерален спонзор е Комерцијална банка АД Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Пет книги влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2025

Објавено пред

Пет книги влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшки вечери на поезијата за 2025.

dobivaj vesti na viber

„Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 година одржан на 18 јули 2025 година По завршување на првата, поединечна фаза на работа, во согласност со Правилникот за наградата, Во текот на првиот дел на состанокот, во согласност со Правилникот, едногласно ја усвои следнава листа на потесен избор од пет поетски книги (наведени по азбучен ред, според презимето на авторот):

– „Рубедо“ од Андреј Ал-Асади (Скопје: ПНВ Публикации, 2025)

– „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (Скопје: ПНВ Публикации, 2024)

– „Маслина и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (Скопје: Макавеј, 2025)

– „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева (Скопје: Три, 2025)

– „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски (Скопје: Макавеј, 2025)“, се истакнува во информацијата.

На конкурсот, според соопштеното, се пристигнати 37 книги од исто толку автори, кои влеголе во конкуренција.

Согласно планираните програмски активности, читањето на застапените автори во потесниот избор ќе биде на 22 август, додека добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува СВП ќе биде прогласен на 23 август.

„На конкурсот пристигнаа вкупно 35 наслови. Покрај паричниот износ, како дел од наградата од 2012 година во издание на СВП наредната година наградената книга ја објавува во превод на еден странски јазик и ја претставува преку промоција и портрет на добитникот“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија3 часа

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized5 часа

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион6 часа

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија7 часа

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет20 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија20 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија23 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет23 часа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија1 ден

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија1 ден

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized1 ден

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија2 дена

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија2 дена

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија2 дена

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ2 дена

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија2 дена

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ2 дена

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...