Култура
Мементо
Димитрие Османли повторно режира современ филм. Се работи за евокација на скопскиот земјотрес од 1963 година и неколку човечки судбини врзани за и по овој настан
Сценариото е на Јован Бошковски, а музиката на Бојан Адамич. Во филмот настапуваат Раната Фрејскорн, Стево Жигон, Драги Костовски, Предраг Ќерамилац, Петре Прличко, Златко Голубовиќ и Нада Гешовска. Мементо е добар филм со оглед дека дотогашните обиди за екранизација на совремното живеење не донесоа некое посебно ниво.
Мементо се чини е сосема доследен на жанрод со сите потребни драматуршки и естетски премиси. Овој филм е секако исчекор во современата македонска кинематографија, и покрај определени слабости кои едноставно се резултат на недоволното искуство за филмското толкување на совремието.
Актерската екипа главно ја следи идејата на режисерот за создавање карактери со определени психолошки својства и реакции и добро се вклопува во целата драматуршка комплексност. Користењто на документарни снимки од скопскиот земјотрес се користени соодветно, во функција на надградба на драмското дејствие. Што се случуваше во филмскиот свет во овој период од 1960 до 1967 година?
Од филмовите кои останаа да живеат како историко наследство на седмата уметност ќе ги спомнеме: Виридијана и Убавицата на денот на Луис Буњуел, Осум ипол и Сладок живот на Федерико Фелини, Доктор Стренџлав на Стенли Кјубрик, Лудиот Пјеро на Жан Лик Годар, Ќорсокак и Нож во вода на Роман Полански, Бледоликиот самурај на Жан Пјер Мелвил, Андреј Рубљов на Андреј Тарковски, Бони и Клајд на Артур Пен, Дипломец на Мајк Николс, Жил и Џим на Франсоа Трифо, Лоренс од Арабија на Дејвид Лин, Човек за сите времиња на Фред Цинеман, Плеј Тајм на Жак Тати, Психо на Алфред Хичкок, Приказна од западната страна на Роберт Вајс, Јуџимбо на Акира Куросава и т.н.
Најпопуларни актери во овој период беа: Жан Пол Белмондо, Ален Делон, Жана Моро, Софија Лорен, Ворен Бити, Феј Данавеј, Дастин Хофман, Ентони Перкинс, Тоширо Мифуне, Натали Вуд, Берт Ланкастер, Одри Хепберн, Џон Вејн, Марчело Мастројани, Стив МекКвин и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.