Култура
Седум македонски денови во Отава
Последниот ден од Неделата на македонската култура во престолнината на Канада го одбележаа две изложби на македонски уметници и предавање за духовното и културно наследство на Светите Кирил и Методиј
Во преполната галерија Канадијана, пред претставниците на дипломатскиот кор и претставниците од канадското министерство за надворешни работи беше изложена уметноста на академскиот сликар Димче Исаиловски. Дипломатскиот кор во Отава, инаку го сочинуваат 80 амбасадори, а присутни и активни се и други врвни дипломатски претставници на повеќе земји и меѓународни организацииВо презентацијата на делото на македонскиот и канадски сликар Георги Даневски во организација на амбасадата на Република Македонија, учествуваа и дипломати од амбасадата на Република Словенија во Отава, екипа на националната ОМНИ телевизија и многу Македонци. За уметноста на Даневски беа објавени статии во угледните Торонто Стар, Маркам Економист и Сан, како и списанието Норт оф д Сити (North of the City), а за изложбата на Исаиловски прилог донесе и весникот Ембаси (Embassy) особено вреднуван од дипломатските и политички кругови во Отава. Во рамките на Македонската недела смбасадорот Љубен Тевдовски оствари средби со раководствата на најрепрезентативните образовни асоцијации претставувани од Пол Дајвидсон, претседател на Асоцијацијата на Универзитети и Колеџи на Канада и Пол Бренан, подпретседател на Асоцијацијата на Канадски Колеџи на заедниците. На средбите претставниците на канадските образовни институции беа запознати со длабоките образовно-културни традиции во Македонија, како и најновите реформи и достигнати стандарди во македонското образование. Стана збор и за конкретни проекти и иницијативи за соработка и промовирање на идни партнерства помеѓу македонските и канадските образовни институции. Амбасадорот Тевдовски за македонската заедница во главниот град на Канада подготви прием по повод празникот Свети Кирил и Методиј. На свечениот прием покрај поврзувањето на различни генерации и групи на Македонци, беа иницирани и организирани на традиционални активности, како и можноста за формирање координативно тело на Македонците од престолнината, со цел подобро претставување на нивните интереси, како и интересите на Македонската заедница во Канада пред федералните институции.Во рамките на прославата делегација на Амбасадата, со колеги од неколку пријателски мисии, го посети и „македонското дрво“ во паркот Челси, во близина на Гатино, засадено во знак на заедничките напори на Македонија и Канада за чиста средина и одржлив развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Промоција на „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека на Македонија
Кинотеката на Македонија најавува промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, која ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Кинотеката.
Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.
Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието.
Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.
Култура
Крива Паланка ги отвора вратите за „Невестинско поклонение“: Празник на носиите, обичаите и заедништвото на 1 март во Конопница
Во дворот на Црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница, во недела на 1 март 2026 година со почеток во 13 часот, ќе се одржи 16-тото издание на културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“.
Настанот го организира Општина Крива Паланка во соработка со Здружението за рурален развој РЗР „Патник“. Манифестацијата е посветена на негување на македонските автентични носии, традиционалните обичаи и локалниот културен идентитет.
Програмата ќе биде збогатена со музички настап на Андријана Алачки и бендот на Гоце „Синтезис“.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по повод манифестацијата изјави:
„Со вистинска радост и како вистински домаќини, ги отвораме вратите за сите добронамерници кои сакаат да го доживеат овој празник. Ветуваме дека ќе го зачуваме духот на традицијата, убавината на обичаите и автентичните носии, и заедно ќе ги пренесеме овие вредности на идните генерации.“
Од Општината ги повикуваат граѓаните и љубителите на културата да присуствуваат и заедно да го одбележат овој културен настан.
Култура
Фотографска изложба на Александра Костадиновска во КИЦ Белград
На 24 Февруари 2026 год. во 19 часот во Македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“.
Фотографската серија која Костадиновска ја изложува пред белградската публика е приказна за личното искуство со универзалноста на светлината како симбол на нови почетоци, на топлина и на живот, раскажана преку 24 одделни фотографски наративи. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје, а во рамките на проектот за патувачки изложби „МузеумЛинк“ под кураторство на Јасминка Намичева-кустос советник. Претставувањето пред белградската публика е благодарение на подршката од МКИЦ Белград и Министерството за култура и туризам, а изложбата вечерва ќе ја отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.
Фотографиите на Костадиновска се креирани во корелација на тенката линија меѓу документарното и поетското. Во нејзините кадри се препознава смелоста да се напушти комфорната зона, но и тивката радост од прифаќањето на непознатото со осет за миговноста на моментот.
Архитектонските структури, крајбрежните перспективи, тишината на скаменетите дини или случајните сенки кои се проектраат на фасадите не се само регистрирани мотиви – тие се прераскажани во вид на лични записи, каде сонцето е водич, но и сведок. Тоа е визуелна приказна која го надминува поимот на класичен патепис. Тоа е серија фотографии што истовремено функционираат како интимен дневник, како документ на едно лично патување низ европските простори, и како универзална медитација за светлината – нејзината материјалност и нејзината нематеријална сила.
„Осончена тишина“ е и студија за времето: за утринската мекост на светлината, за попладневниот интензитет и за нежната златна нијанса на зајдисонцето кое отскокнува од мазната површина на водата. Секоја фотографија ја носи во себе идејата за минливоста но истовремено и постојаноста – моментот исчезнува, но светлината како чувство во нашата меморија останува.
Со својата суптилност и истовремено силна визуелна експресија, „ Осончена тишина“ претставува покана кон сите нас да ги забележуваме сопствените „сончево бакнати“ моменти – оние мали, минливи фрагменти што се претвораат во вечни спомени замрзнати во личната мемориска капсула.
Изложбата ќе биде поставена пред белградската публика до средината на месец март.
Во вториот дел од вечерашнава програма, предвиден е омаж за неодамна починатиот д-р Коста Балабанов (1929-2026), преку прикажување на неколку документарни филмови од некогаш исклучително популарниот телевизиски серијал „Закопана мистрија“
Д-р Коста Балабанов беше една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност, конзерватор, научник, дипломат и културен деец, кој остави длабока трага во прочувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност.

