Култура
Отворена изложба во Чифте-амам
Вчера во Чифте-амам – Национална Галерија на Македонија беше отворена изложбата/перформанс „Надувливи архитектoнски тела #3“ на Чико Макмуртри и Amorphic Robot Works
Овој проект се состои од изложба, работилница и презентација од Чико Макмуртри и Аморфик Робот Воркс (Луиз Каунерт и Марк Шрегендорфер) а е под кураторство на Мелентие Пандиловски, а во организација на Центарот за визуелни и културни истражувања, Институт Евро-Балкан.Изложбата беше отворена од директорката на Национална галерија на Македонија, Маја Крстевска, Софија Грандаковска, професорка на институтот Евро-Балкан, Мелентие Пандиловски-директор на Центарот за Визуелни и културни истражувања при институтот Евро-Балкан и куратор на проектот, и Чико Мекмуртри. „Надувливи архитектoнски тела #3“ е иновативен развоен проект каде што се имплементираат развојни технологии за новата генерација на роботска скулптура.Проектот е резултат на Работилница за изработка на роботи и перформанс со Чико Макмуртри и Amorphic Robot Works која се одвиваше на Факултетот за ликовни уметности (Сули Ан) од 22 јуни – 30 јуни, 2010. Работилницата на Amorphic Robot Works се бави со дизајнирање, асемблирање и учење на програмирањето на машините во перформансот. Работилницата овозможува практично опфаќање и истражување на роботските технологии. Студентите на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет – отсек за индустриски дизајн, зедоа учество во работилницата со асистирање на Чико Макмуртри во создавањето на роботските скулптури, наменети за изложбата во Чифте Амам – Национална Галерија на МакедонијаЧико Макмуртри, еден од водечките светски уметници кој што ги користи роботичките технологии е уметнички директор на Аморфик Робот Воркс. Формирани во 1992, Amorphic Robot Works се њујоршка група на уметници, инжењери и техничари кои работат заедно со цел да креираат роботички перформанси и инсталации. Чико Макмуртри ја опишува својата визија “Делото претставува настојување да се открије приматот на движењето и звукот. Секоја машина е инспирирана од модерното општество, и она што физички сум го искусил и почувствувал. Севкупноста на сето наведено ги вообличува моите идеи и дело.” Од своето основање,Amorphic Robot Works ги истражува природата на движењето и перформансот преку креацијата на повеќестрани машини-скулптури кои функционираат и заемно дејствуваат во своите уникатно конструирани средини.Оваа уметничка програма резултираше во креацијата на повеќе од 250 механички скулптури од разни димензии кои превземаат антропоморфни и апстрактни форми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

