Култура
Два концерта во Куршумли-ан на Скопско лето
Во понеделник (5-ти јули) во 20.30 часот во Музеј на град Скопје ќе почнат два последователни концерта ма Емил Рибарски на пијано,а од 21.30 часот ќе настапи и составот Инфјус
На програмата на двата концерта ќе бидат изведени делата од С.Рахмањинов: Соната оп. 36. нр. 2 б-молл, Аллегро агитато, Нон Аллегро – Ленто и Л’истессо темпо – Аллегро молто, делатаа на Шопен: Скерцо 3 оп. 39 фис-молл, Полонеза оп. 44 фис-мол. Приспивна оп.57 Дес-дур, од А.Скрјабин ќе бидат исполнети Етида оп. 8 нр. 2 фис-мол и Етида оп. 8 нр. 12 дис-молл, како и поемаата „Верс ла фламе” („Кон пламенот”) Емил Рибарски е роден 1984 г. Скопје, во семејство на професионални музичари. Пијано изучува од шестгодишна возраст во МБУЦ – Скопје во класата на Рита Трпчева, а подоцна во класата на својата мајка, Милица Шперовиќ – Рибарски. Дипломира во 2006 г. со највисоки оценки на одделот за пијано на ФМУ – Скопје во класата на Милица Шперовиќ – Рибарски. Дипломирал и на Акедемијата !„Анџелика Константијана” во Рим, во класата на Марчела Крудели. Особено значајно за неговиот уметнички развиток е неговото усовршување во тек на една академска година (2005/2006) на Државниот Конзерваториум П. И. Чајковски во Москва, во класата на заслужниот артист на Русија, Андреј Диев. Магистрира во 2009 на ФМУ – Скопје во класата на истиот професор, Менторот – Визитинг професор Андреј Динев. Денес, Емил Рибарски работи како пеофесор на ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”. Член е на ЗМУМ, Здружение на музички уметници на Македонија Добитник е на повеќе награди меѓу кои:1996 Втора награда на Шопеновиот натпревар на МБУЦ;2001 Трета награда на Државниот натпревар по пијано;2001 Втора награда на Интернационалниот пијано натпревар Интерфест-Битола;2002 Прва награда на Интернационалниот пијано натпревар Интерфест-Битола. Емил Рибарски концертира во Македонија, но настапувал и на меѓународни сцени: Русија, Италија, Турција, Грција, Шпанија, Рим, Салцбург, Милано, (Вила Медичи). Самостојни рецитали одржал во Истанбул (на Прославата “ 500 години на Истанбулскиот Универзитет”), на фестивалите:” Фестивал Порто-Хели”, (Грција), “Сокоинтерфест” (Србија), “Жирона Класик Лескала” (Шпанија) “Катринехолмс Каммармусикфоренинг” (Шведска). Тонски записи има направено за Македонското радио и телевизија.Групата Инфјус кој ја сочимнуваат Светлана Јовановска – вокал, Влатко Георгиев – клавијатури, Дејан Дино Милосављевиќ – тапани и Зоран Костадиновски – електрична гитара е оформена 2006 г. Во својот музички израз, групата го негува алтернативниот електронски звук. Досега зад себе имаат едно студиско издание „Ароунд Д Блек“, издадено во 2008 г. за Канадската издавачка куќа MDScoring. На овој албум како специјални гости се појавуваат Влатко Стефановски, Драган Даутовски и други истакнати македонски музичари.На концертот во рамки на овогодинешното издание на Скопско лето 2010, покрај композициите од првиот албум, промотивно ќе бидат претставени и композиции од новиот албум на групата со работен наслов „Escape“.Влатко Георгиев на клавијатура, музичар обучен за класична музика, кој е добро познат на Балканот со неговата вештина и продукциски кредит преку 20 години. Тој е виден низ светските турнеи и многу изведби во живо со различни пејачи како: Калиопи, Драган Даутовски, Тоше Проески, Македонската филхармонија. Како поранешен член на Талични Том, Супер Нова, Блу фанки индивидуалс, Бодигардс и други бендови, неговото музичко искуство се развива на Скопскиот „Рок Фест 87”, „Суботица – Омладина 89”, “ Зајечарска гитарија 89” , низ близу илјди клубски изведби, повеќе од сто концерти и стадионски спектакли. Неговиот перфекционистички пристап и неговиот креативен процес се гледа во музиката за балетот „The Little Red Riding Hood“, докуметарецот „Oceanica“, како и музика за театарски претстави и музика за исполнители на различни стиилови музика.Светлана Јовановска (вокал) покажувајќи одличен интерес и талент за музика, нејзиното прво искуство се развива во детскиот хор “Златно славејче” , “Развигорче”, и Женскиот младински хор. Бројни се клубските изведби со нејзиниот почетен бенд Соутхпарк, а исто така настапува на Скопкиот блуз и соул фестивал, како и на Битолско и Штипско културно лето 2008. На сцена таа е харизматична, покажува одлични вокални вештини, силен темперамент, дисциплина и тимски дух. Во ИНФУСЕ таа се приклучува во 2009 со многу креативност, предаденост и позитивна енергија, давајќи ја нејзината одлична инспирација и амбиција за нејзиното понатамошно звучно патување.Дејан – Дино Милосављевиќ на тапани, е активен на македонската музичка сцена како професионален музичар уште од 1993 г. Работел со пејачи и бендови како Сет, Беневентан трио, Кирил Џајковски…. Последните десет години е дел од Влатко Стефановски трио, снимајќи и настапувајќи низ Балканот,Европа па и во САД и Канада. Член на ИНФЈУС е од 2008.Зоран Костадиновски свири електрична гитар, поранешен член на бендот Плејграунд, беше дел од многу настани во живо и концерти како Сентенце Пројецт , изведба во живо со Дани Димитровска и Session Selection on МТВ Adria New Sounds, на европски натпревар во Загреб 2007, фестивалот Златни тапани – Порторож 2007, Скопскиот блуз фестивал исто така и на Битолско и Штипско лето 2008, концерти со Каролина Гочева, бројни клубски изведби со Саут парк… Работи на голем број студио проекции со Тавитјан Брадарс, Никола Перевски, Дамјан Лазаров, Јован Јованов…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.
− „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира македонскиот јазик. Насликан е уште еден мурал преку кој младите уметници оддаваат почит кон личностите со непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја − рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека во изминатите три години младите со своите креативни идеи на автентичен начин ги популаризираат македонскиот јазик и нашата уникатна народна мудрост.
Муралот е дел од конкурсот на Министерството за култура, „Цртај на македонски“, а го изработи визуелната уметница Ивана Самандова, во организација на „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Муралот, на кој е насликан цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист Марко Цепенков, е дел од поддржаниот проект на Самандова, „Јазикот коски нема, ама коски кршит“.
– Преку конкурсот „Цртај на македонски“ во изминатите три години ги поттикнавме младите на креативност. Отворивме нови можности за поддршка и презентација на нивниот талент – рече министерката за култура и додаде дека за три години преку овој конкурс се доделени пет милиони денари за реализација на над 60 дела.
„Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката“, истакна Костадиновска-Стојчевска денеска на промоцијата на новиот мурал на предната фасада на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Култура
„Златен објектив“ за Столе Попов
Кинотеката го одбележува својот роденден, односно датумот кога во „Службен весник“ е објавен Законот за формирање на Кинотеката – на 29 април, во далечната 1974 година.
И, иако Кинотеката формално започнува да работи со полн капацитет и со полна организациска структура дури две години потоа, во 1976 година, кога ги добива своите први канцеларии и депо и започнува да собира архивски материјали, формирајќи ги првите аудиовизуелни збирки и организирајќи ги првите кинотечни филмски проекции – сепак го одбележува како свој роденден 29 април секоја година.
Последниве две децении, по тој повод и околу тој датум – Кинотеката го објавува годишните добитници на сега веќе традиционалното признание „Златен објектив“, кое Кинотеката им го доделува на филмски автори и работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Досегашни добитници на ова признание, досега биле: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.
Оваа година, пак, „Златниот објектив“, по одлука на Управниот одбор на Кинотеката, ќе му биде доделен на Столе Стојан Попов – режисер, сценарист, продуцент и автор, кој во голема мера ја задолжил националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на филмската уметност и филмското образование:
Столе Попов е роден 1950 година во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Снима уште како студент, а со првите документарни филмови како филмски професионалец – ОГАН (1974) и АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1977), тој веќе се етаблира како талентиран филмски творец со препознатлив стилски и естетски сензибилитет. Од 1978 година, се вработува во „Вардар филм“ – и веќе следната, 1979 година, со ДАЕ, документарецот за ромското население во Скопје – станува прв македонски автор кој е номиниран за престижниот американски „Оскар“, тогаш како претставник не само на македонскта, туку и на југословенската кинематографија во тоа време. Потоа, снима бројни рекламни филмови – за Алкалоид, ГП Маврово и ХЕК Југохром, а првиот негов игран филм – ЦРВЕНИОТ КОЊ, го реализира во 1981 година. По тоа следуваат долгометражните филмови СРЕЌНА НОВА ‘49 (1986), ТЕТОВИРАЊЕ (1991), ЏИПСКИ МЕЏИК (1997) и ДО БАЛЧАК (2014), поголем број негови менторски и продуцентски проекти, како и неговиот професорски ангажман на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член е на Европската филмска академија, а еден период беше и директор на државната продуцентска куќа „Вардар филм“ во тоа време.
Во 2011 година – неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание – што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од страна на Кинотеката.
Речиси сите негови филмови – и документарните и играните – се наградувани на бројни регионални и на светски фестивали, а некои од нив – како на пример ТЕТОВИРАЊЕ и СРЕЌНА НОВА ’49 – се здобиваат и со култен статус кај различни генерации од тогашната домашна македонска и југословенска публика, и тој статус само се зголемува и продлабочува со минувањето на времето…! Тоа е и еден од најголемите и вистински показатели за неговата авторска оригиналност и специфична филмска естетика и квалитет – заедно со неговата филмска оставштина и залог помеѓу поновите генерации на филмски автори и промислувачи на филмот кои дошле и доаѓаат по него – поттикнати, окуражени и инспирирани од неговиот длабок естетски и специфичен филмски опус, и од неговиот високо значаен стилски авторски белег кој тој го остава во македонската кинематографија…
По повод Денот на Кинотеката – на 29. Април, 2024 година – сите кинотечни печатени и електронски изданија на Кинотеката досега: значајниот број издадени книги од областите на кинотечната и филмска наука, историја и уметност, сите изданија на кинотечното списание КИНОПИС и сите ДВД-изданија на Кинотеката – ќе се продаваат со „роденденски“ попуст од 50%, во просториите на Кинотеката.
Свеченото доделување на „Златниот објектив“ на нашиот голем доајен на филмската уметност – Столе Попов – ќе се одржи кон крајот на мај оваа година, во просториите на Кинотеката.
Култура
УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.
Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси.
Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.
Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории.
Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.