Култура
Триесет ипет години Млад отворен театар
Во сабота, 18-ти септември со театарската претстава „Кралот умира“, на Јонеско, во режија на Силвио Пуркарете, во копродукција на неколку европски фестивали, во Младинскиот културен центар-Скопје ќе биде отворен љубилејното 35-от издание на меѓународниот театарски фестивал МОТ 2010
Уметничкиот директор на Фестивалот, режисерот Дејан Пројковски, во четврток во просториите на МКЦ го промовираше официјалниот каталог и го објасни мотото на Фестивалот.„Мотото на годинешниов 35-ти МОТ е „Осмели се да сонуваш“, а ова ќе биде триесет и петтиот сон на МОТ. Програмски ова јубилејно издание на Млад отворен театар ветува дваесеттина добри театарски продукции, но само странските влегуваат во трката за наградата на Фестивалот за најдобра претстава“, рече Пројковски.Жирито на Фестивалот е во состав: Лилјана Мазова, театарски критичар, Иван Џепаровски, естетичар и професор на Филозофскиот факултет во Скопје и Наташа Аврамовска, театролог. Директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стевковски, ја искористи денешната конференција за медиуми, за да ги објави наградените со почесна златна плакета на Фестивалот, што ќе бидат доделени првпат по повод јубилејот на МОТ.„Денеска сме овде со две причини, да им оддадеме почит на нашите големи и верни фестивалски пријатели, коишто во сите овие 35 години не не напуштија и несебично ни ја даваа поддршката за секое ново издание на МОТ. Почесните две златни плакети, по повод јубилејот на Фестивалот, решивме да им ги доделиме на Словенечко младинско гледалишче, коишто на годинешниов Мот ќе настапат со две театарски претстави, и на човекот поради кој сме овде, Љубиша Никодиновски Биш“, истакна Стевковски.Годианва Млад отворен театар ќе трае до 26 септември, а освен публиката, и театарџиите од Франција, Словенија, Хрватска, Бугарија, Луксембург, Романија, Литванија, Данска и од Македонија ќе се осмелат да го отсонуваат сонот на овој јубилеен Меѓународен театарски фестивал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

