Култура
„Аида“ се враќа под пирамидите
Познатата опера на Џузепе Верди „Аида“, се враќа во подножјето на Големите пирамиди на Гиза, пишува во понеделник египетскиот весникот Al-Alhram
Традицијата на поставки на операта „Аида“ во подножјето на единственото и едно од првите светски чуда беше прекината пред осум години. Тогаш Министерството за култура на Египет сметаше дека театарските кулиси и сцената за кои се користат и урнатините ги оштетува и се закана за древните споменици на Гиза, како и дека големиот број публика претставува оапсност за територијата на која има огромен број историски и археолошки артефакти и е своевиден историско-археолошки парк. На пример во 1999 г. имало шест илјади гледачи, а следната 2000-та дури 12 илјади љубители на оперската уметност ја следеле изведбата на „Аида“ во Гиза. На 5-ти октомври на сцената под отворено небо во подножјето на пирамидите на Кеопс, Кефрен и на Микерин ќе се одржат четири последователни претстави на „Аида“ кои според првичните најави веќе предизвикаа огромен интерес кај египетската и странската публика. На специјално конструираната платформа можат да се сместат околу четири илјади гледачи, додека во самата поставка ќе бидат вклучени повеќе од три илјади три илјади актери и музичари.Во улогата на Аида се најавени Марија Гулегина, Леона Мичел и Лучија Мазариа, додека за ролјата на Радамес, Владимир Галузин и Николе Мартинучи. Диригенти се Патрик Фурније и Џорџо Крочи а режијата е на Абдел-Моеним Камел.За ова издание веќе владее огромен интерес и кај публиката но и кај медиуми. Така, веќе се акредитирани 110 странски дописници и стотици домашни новинари, а се очекува и голем број музички критичари и новинари да допатуваат деновиве во Египет. Засега само Египетската државна телевизија акредитирала 110 а Радио Каиро 32 свои новинари и технички персонал. Поводот за годинешната претстава е десетгодишнината од обновувањето на Каирската опера. За спектаклот е планиран огромен буџет во кој учествуваат со најголем дел државата Египет но и неколку богати египетски компании. Влезниците за премиерата се движат од 100 до 250 американски долари, додека за трите следни претстави од 75 до 200 долари. Инкау трипати оваа опера на Џузепе Верди е изведенувана во античкиот амбиент на Теба (Луксор), каде во тамошниот оригинален амбиент се одржаа спектаклите во 1987, 1994 и во 1997 г.Основа на либретото на „Аида“ е древното предание, напишано од францускиот египтологист Огист Мариет. Дејствието се одвива во древните египетски градови Мемфис и Теба во времето на фараоните. Во операта се раскажува за несречната љубов на египетскиот војсководец Радамес и робинката Аида, ќерката на етиопскиот цар кој војува со Египќаните.Премиерата на операта е изведена на 24 декември 1871 г. на сцената на Каирската опера, која е отворена две години преходно. Само во следните десет години операта доживува невиден успех и е изведена во оперски куќи во 155 различни земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

