Контакт

Култура

Недељковиќ учествуваше на „Форумот за европскло наследство“ во Истанбул

Објавено пред

Заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ имаше обраќање на „Форумот за европско наследство” кој на темата „Културното наследство, учество и напредок”, се одржа изминатите два дена во Истанбул

dobivaj vesti na viber

Заменик-министерто Драган Недељковиќ на форумот истакнал дека реализацијата на овој настан, кој се одржува во контекст на манифестацијата „Европски денови на наследството“, и кој овозможува барем еднаш годишно да се развие дијалогот меѓу експертите во областа на наследството и меѓу професионалците од другите сектори, ќе го промовира потенцијалот на културното наследство како демократска придобивка на европските општества.  „„Европските денови на наследството“ е иницијатива поддржана и од Европската комисија и во оваа смисла, одржувањето на овој форум е од особено значење за Република Македонија и Република Турција, како држави-кандидати за членство во Европската Унија“, рече Недељковиќ. Тој во своето излагање се осврнал и на иницијативите кои произлегоа од министерската конференција која под наслов „Општествената вредност на културното наследство во Европа“ неодамна се одржа во Скопје.„На мое големо задоволство, во духот на разбирањето, меѓусебната почит и безрезервната поддршка, на  оваа конференција се слушнаа многу срдечни, пријателски интонирани пораки. Конференцијата „Општествената вредност на културното наследство во Европа“ беше исклучително успешна и резултираше со низа конструктивни идеи. Заеднички, со претставниците  на земјите-членки на Советот на Европа, постигнавме неколку значајни резултати: го усвоивме проектот Скопје агенда, обврзувајќи се да ставиме акцент на мониторинг функцијата на постоечките проекти на Советот на Европа, која е неопходна за евалуација на резултатите; Република Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа од Фаро, зголемувајќи го бројот на држави членки-потписнички на Конвенцијата и отворајќи ги можностите за современ интегриран начин на третирање на културното наследство; ги унапредивме принципите на регионалната соработка, основајќи го Советот на министри за култура на Црноморскиот регион и Јужен Кавказ“, е дел од излагањето на заменик-министерот за култура Недељковиќ. „Форумот за европско наследство” се одржа во организација на Директоратот за култура и културно и природно наследство на Советот на Европа и турското Министерство за култура.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Факултетот за музичка уметност го најави годишниот концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“

Објавено пред

Факултетот за музичка уметност – Скопје го најави годишниот концерт насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, кој ќе се одржи во петок, 5 декември, со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на Македонската филхармонија. Настанот е дел од одбележувањето на 59-годишнината од постоењето на институцијата.

dobivaj vesti na viber

ФМУ – Скопје истакнува дека како алма матер на голем број уметници од земјата и регионот, останува централниот столб на музичкото и балетското образование, создавајќи генерации изведувачи, педагози и творци кои го обликуваат уметничкиот живот во Македонија.

На концертната програма ќе настапат Симфонискиот оркестар на ФМУ, Мешаниот хор „Драган Шуплевски“, Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“, Оркестарот од народни инструменти со солисти, студенти од Катедрата за балетска педагогија, од Катедрата за џез и популарна музика, како и дувачкиот ансамбл на ФМУ, под водство на проф. м-р Цанев, проф. м-р Татарчевски и доц. м-р Спироски.

Публиката ќе има можност да слушне дела од Пурсел, Сен-Санс, Прокофјев, Тиле/Вајс, Коен, Сусато, Горецки, Гершвин, македонска традиционална музика, како и нови композиции од студентите А. Голчева и М. Цветановска.

Влезот на настанот е слободен.

Прикажи повеќе...

Култура

Сè што ни е заедничко“ – во МСУ изложба што го иницира прашањето „Дали навистина го дишеме истиот воздух?“

Објавено пред

Сè што ни е заедничко (Институција во дишење) – нова изложба во МСУ-Скопје од 27 ноември

dobivaj vesti na viber

Во Музејот на современата уметност – Скопје на 27 ноември 2025 година, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција во дишење)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова.

Во изложбата учествуваат Forensic Architecture, Денис Фереира да Силва и Арџуна Неуман, Дурмиш Ќазим, Џумана Мана, Зорица Зафировска и Палестинскиот музеј.

Проектот тргнува од прашањето дали навистина го дишеме истиот воздух. Изложбата го поставува воздухот како ресурс што формално го делиме, но не и еднакво, укажувајќи на токсичните атмосфери – буквални и политички – и на позицијата на маргинализираните заедници.

Инспирирана од концептот на Фанон за „борбено дишење“, поставката ги истражува уметничките практики што откриваат колонијални, империјални и капиталистички структури впишани во воздухот што го дишеме. Авторите визуелизираат токсични облаци, архиви на насилство и невидливи атмосфери што влијаат врз секојдневието.

Паралелно со изложбата, која ќе трае до крајот на февруари, ќе се одржат јавни програми. Во рамките на проектот „Институционални градини“ на Зорица Зафировска ќе има детски работилници за садење и изработка на семенски топчиња, активности за чистење и обновување на просторот околу МСУ, поставување компостна кутија и прикажување едукативни видеа.

Со оваа поставка МСУ-Скопје се претставува како „институција во дишење“ – отворена, инклузивна и ориентирана кон заедницата, со повик за заедничко размислување и акција. Визуелниот идентитет на проектот е дело на Албана Бектеши.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска

Објавено пред

Во среда, 3 декември, со почеток од 19:00 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на најпознатата и најуспешна македонска кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам.

dobivaj vesti na viber

Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима Рисимкин ќе ја претстави Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“.

Во ова обемно и луксузно издание, на 180 страници, опфатени се сите значајни аспекти од 45-годишната кариера на Рисима Рисимкин ‒ од самите почетоци како балерина, со сите предизвици со кои се соочувала, до големите успеси што ја дефинираа како истакната кореографка од областа на современиот танц, којашто со нејзината едукациска работа зад себе остава нови генерации танчари и кореографи. Рисима Рисимкин е клучна фигура во македонската култура, а нејзиниот труд годинава беше крунисан и со високото признание ‒ Витез на францускиот ред на уметностите и книжевностите што го доделува државата Франција.

Покрај извонредно питкото писмо на Франговска, што на многу топол и непосреден начин го доближува животниот и професионалниот пат на Рисимкин, извадоците од позначајните рецензии за нејзините дела и обраќањата до читателот од самата Рисима, изданието е збогатено и со неверојатни фотографии од личната архива на Рисимкин и од архивата на „Интерарт културниот центар“, чиишто автори се: Андреј Гиновски, Драган Перковски, Сашо Димоски, Сердар Ајдин, Aнтонио Пиштолов, Ивана Тасев, Олга Ибатулина, Зоран Велјаноски ‒ Летра, Емил Петров и Борис Грдановски.

„Би ја опишала како македонската Пина Бауш, потпрена на белиот балет, којашто во еден момент посакува да излезе од таа рамка и да оди во слободата на движењето…“, ќе изјави Мирјана Радочевиќ за „Политика“, Белград во 2003 г.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира...

Топ54 минути

Струмичанецот кој со шприц сакаше насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...

Македонија2 часа

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во...

Македонија2 часа

(Фото) Отстранета дивоградба на улица „Орце Николов“, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце...

Свет4 часа

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија4 часа

Жителите на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите жителите на четири улици, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет5 часа

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет5 часа

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет15 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија22 часа

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија23 часа

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија24 часа

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион1 ден

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион1 ден

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ1 ден

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет1 ден

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет1 ден

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет1 ден

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет1 ден

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...