Култура
Елизабета Баковска добитник на наградата за кус расказ на „Нова Македонија“
Елизабета Баковска е авторка на првонаградениот кус расказ „Празнина“ на конкурсот на „Нова Македонија“, што во петок ги обајви жирито, во состав Блаже Миневски (претседател), Ана Мартиновска и Игор Исаковски (членови)
Добитникот на втората награда, автор на расказот „Мирјани“ испратен под шифра „Мудринка“, се уште не се јавил во редакцијата на Нова Македонија, како и добитникот на една од трите откупни награди и автор на расказот „Снежана и осмото џуџе“ по шифра Дио.Автор на третонаграден за расказот „Туја“, пак, е Ермис Лафазановски. Добитници на другите две откупни награди се Милован Стефановски за расказот „Тиква како таква“ и Оливера Павловиќ за „Непристоен предлог“.Одѕивот на годинашниот Конкурс за краток расказ на „Нова Македонија“ бил двојно поголем од минатат година со пристигнати 235 раскази од кои, како што рекоа од жирито, голем дел биле квалитетни и ги задоволувале критериумите за издржана наративна структура.На објавувањето на годинашните добитници претседателот на жирито Блаже Миневски истакна дека се наградени шест иако повеќе раскази заслужуваат награди зашто во потесниот избор биле дваесетина ракописи.„Жирито се водеше од следните принципи: стилски успешно реализирани наративи, развиени ликови, издржана мотивација, специфичен агол на раскажување, и оригинален и иновативен третман на темите. Издвоените раскази се одликуваат со современи, секојдневни теми, обработени на несекојдневен начин“, рече Миневски, инаку и самиот повеќекратен добитник на оваа награда.Редакцијата на Нова Македонија го возобнови Конкурсот за кус расказ пред две години. Првпат тој е распишан во 1960 г. а прв добитник на наградата бил писателот Томе Арсовски. Во изминатите педесет години со два прекина во доделувањето на наградата, добитници биле познати книжевни имиња, како Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Васе Манчев, Крсте Чачански, Атанас Вангелов, Венко Андоновски…Наградените раскази Нова Македонија ќе ги објавува во „Лик“ , прилог за култура што во рамките на двевниот весник излегува секоја среда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.
Култура
Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“
Денеска се распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година.
Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.
Со државната награда „22 Ноември“, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.
Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура на следните линкови:
Државна награда „11 Октомври“ – https://kultura.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/odluka-3.pdf
Државна награда „22 Ноември“ – https://kultura.gov.mk/22-%d0%bd%d0%be%d0%b5%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8/
Култура
Мајските оперски вечери немаат никакви примеси на економски ниту политички стремеж, организаторите го најавија 52-рото издание
Мајските вечери немаат никакви економски ниту политички стремеж, еден ваков уникатен собир ќе го обележи и Скопје и Македонија, соопштија организаторите на прес-конференција.
„Оваа манифестација датира од крајот на 60-тите години. Тогаш имало криза со публика, која не била изразена само во Скопје. Во првите години мајските оперски вечери се празни, но со текот на годините заинтересираноста расте“, изјавја организаторите.
Како што велат оттаму, ова е еден од најголемите фестивали во регионот и со квалитетна програма сите овие години.
„Оваа година ќе има екслузивна програма. Очекуваме одлични резултати“, додаваат оттаму.
Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, со успешна кариера во Русија, ја поставува операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, со чија премиера ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери (МОВ) на 9 мај во Националната опера и балет (НОБ). Диригент ќе биде Енрико Довико (Италија), сценографијата ја работи реномираниот Миодраг Табачки од Србија, костимите Марија Пупучевска, а кореографијата Саша Евтимова.
Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена и изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата ќе ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
„Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.