Култура
Форум Личност 2010
Гласајте за Форум личност 2010
На www.forum.com.mk Кликнете на предложи/гласаји следете ги упатствата Изборот за Форум личност 2010 започна во февруари, со предлог на личности од страна на читателите на www.forum.com.mk, редакцијата на неделникот Форум, како и деветчленото жири.Со цел да го отргнеме вниманието на јавноста од секојдневната монотонија и прекумерната политизација, неделникот Форум и интернет порталотwww.forum.com.mk, преку целосна посветеност на што подобра интерактивна комуникација со нашите читатели го продолжува проектот за избор Форум Личност 2010.Изборот ќе се врши во шест категории: Бизнис, Спорт, Шоу Бизнис, Медиуми, Живот и Странец во Македонија.Во категоријата Бизнис се номинираат истакнати и успешни личности од областа на бизнисот и економијата. Така, на пример, за Форум личност на 2009 година беше избран токму бизнисмен, Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид.За личност во категоријата Спорт, очекуваме предлози на македонски спортисти, кои во текот на годината ќе бидат успешни во својот спорт, и преку својата игра ќе придонесат за промовирање на Македонија во светот. Годинава тоа беше ракометарот Кире Лазаров.Шоу Бизнис е категорија во која очекуваме да се појават предлози за личности од медиумите како водители, пејачи, глумци. Марко Маринковиќ – Слаткар, беше на врвот на таа категорија за 2009 година.Категоријата Медиуми треба да биде исполнета со успешни новинари кои придонесуваат во развојот на општествено-политичкиот живот на Македонија особено на патот на евроатланските интеграции. Годинава таа категорија беше поширока, па водителот Илија Николовски беше победник.Во категоријата Живот треба да се предлагаат личности кои можеби не се толку јавно експонирани, но со нивниот ентузијазам, храбрости или одважност, помогнале некому.Дејан Зафиров, овогодинешниот победник е пример за млад човек, кој иако со тежок хендикеп, не се предава и успева да помине половина свет на велосипед.За тоа колку луѓето од другите земји кои работат и извесен период живеат во Македонија приднесуваат за нејзиното промовирање, зборува шестата категорија, Странец во Македонија. Зошто Ерван Фуере беше годинешен победник, не треба многу да се зборува.Форум Личност 2010 избираат читателите и постителите на сајтот заедно со жири комисија во сооднос на гласовите 51% – 49%.Читателите и посетителите, преку СМС и имејл можат да предложат кандидат за Форум Личност 2010, а најмалку пет гласови се потребни за еден кандидат да се најде на листата по која се гласа.Табелата и резултатите ќе може секојдневно да се проверат на www.forum.com.mk.Гласајте за Форум личност 2010На www.forum.com.mk Кликнете на предложи/гласај И следете ги упатствата Преку СМС 145125 (5 ден.+ДДВ)Важи за сите мобилни операториПредлог: категорија и име и презимена предложениот кандидатГласање: име и презиме Е-пошта: [email protected] Предлог: категорија и име и презимена предложениот кандидатГласање: име и презиме
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

