Култура
Велимир Жерновски изложува во Париз

Македонскиот уметник Велимир Жерновски изложува во галеријата Арт’ест во Париз. што е негово прво претставување пред француската публика
Парижаните ќе имаат можност да ги погледнат неговите последни творби – видеа, под наслов “In the third picture“ ( “На третата слика”) работени во 2010г.Во наредните 10тина дена, француската публика освен со делата на Велимир Жерновски, ќе може да ги погледне и оние од изложбата на Марјан Денков, со кој се заокружува ноември, месец на презентација на македонски современи автори во Париз.Изложбата на Жерновски е дел од проектот “Прогрес.с.к”, под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија во соработка со Галерија Арт’ест.Велимир Жерновски е роден во 1981 година и живее и работи во Скопје. Преку цртежи, видеа, инсталации на предмети во јавен простор, пишување и објавување на уметнички книги ги истражува темите од областа на идентитетот, урбаноста, популарната култура, сексуалноста и родовиот идентитет и промовира уметност која ги крши стереотипите и предрасудите. Претседател е, и еден од основачите на ФРИК- Формацијата за развој на иницијативи во култура кои го организираат ФРИК фестивалот во СкопјеПарижаните ќе имаат можност да ги погледнат неговите последни творби – видеа, под наслов “In the third picture“ ( “На третата слика”) работени во 2010г.Во наредните 10тина дена, француската публика освен со делата на Жерновски, ќе може да ги погледне и оние од изложбата на Марјан Денков, со кој се заокружува ноември, месец на презентација на македонски современи автори во Париз.Изложбата на Жерновски е дел од проектот “Прогрес.с.к”, под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија во соработка со Галерија Арт’ест.Велимир Жерновски е роден во 1981 година и живее и работи во Скопје. Преку цртежи, видеа, инсталации на предмети во јавен простор, пишување и објавување на уметнички книги ги истражува темите од областа на идентитетот, урбаноста, популарната култура, сексуалноста и родовиот идентитет и промовира уметност која ги крши стереотипите и предрасудите. Претседател е, и еден од основачите на ФРИК- Формацијата за развој на иницијативи во култура кои го организираат ФРИК фестивалот во Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.