Култура
Чешкиот филм „Кавасаки рози“ најдобар на Синедејс

Чешкиот филм „Кавасаки рози“ на режисерот Јан Хребејк е најдоброто остварување Деветиот Фестивал на европскиот филм Синедејс што во четврток навечер беше затворен во киното „Милениум“ со проекција на годинашниот лауреат на Берлинале „Мед“ на Семих Капланоглу
Одлуката ја донесе жирито под претседателство на Сањин Пејковиќ, режисер и професор на Академијата во Гетеборг, и членовите Николас Гастер, продуцент и Влатко Галевски, филмски критичар од Македонија.Според образложението на жирито, победникот која ја доби наградата Златна ѕвезда „на ефектен начин ја покажува комплексноста на односите меѓу индивидуата и колективот во репресивните системи и покажува дека секоја донесена одлука во животот носи и евентуални последици“.Златната ѕвезда ја прими чешкиот амбасадор Јозеф Браун. Во контекст на содржината на филмот приказна за еминентен научник, поранешен дисидент кој во минатото и помогнал на тајната полиција да дискредитира негов пријател поради што тој емигрирал, амбасадорот Браун рече дека авторите ја тематизираат вината и губењето на колективната меморија.Најмногу награди на фестивалот доби романската кинематографија – Златно сонце за најдобар филм во програмата Балкан-линк му беше доделена на „Пред се Фелиција“, а филмот „Кога ми се свирка, свиркам“ доби Сребрена ѕвезда за најдобра режија (на Флорин Сербан) и Специјална плакета за главната машка улога (Силвио) која ја игра Џорџ Пистирану.Евроамабасадорот Ерван Фуере, кој ја додели наградата Златно сонце за најдобар балкански филм, ја поздрави идејата на организаторот на Синедејс Младинскиот културен центар – да воведе посебна програма и награда за филмовите од Балканот бидејќи, како што рече, културата и културната соработка се обединувачка сила.Со Сина ѕвезда за најдобро сценарио беше награден францускиот „Тивки гласови“ по сценарио и режија на Леа Фехнер. Неа ја прими францускиот амбасадор Жан-Клод Шлумберже, кој истакна дека е задоволен што наградата му припаднала на младиот француски сценарист Фехнер, кој бил на многу фестивали и номиниран во Венеција.Специјални плакети на Деветиот Синедејс добија и актерката Нада Ѓуревска за улогата на Сафа во босанската драма „Јасмина“ на режисерот Неџат Беговиќ и унгарскиот кинематографер Андријас Наги за филмот „Библиотека Паскал“ на режисерот Хајду Заболкс. Фестивалот му додели и плакета на директорот на фотографија Ненад Бороевиќ во филмот „Мисија Лондон“ на Димитар Митев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
(Видео) Објавен првиот тизер за филмот „Денот на жената“ на Гоце Цветановски

Објавени се првите снимки од долгометражниот игран филм „Денот на жената“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски.
Станува збор за општествено-ангажиран филм кој се снимаше во октомври, минатата година, а фокусот на приказната е на трговијата со луѓе и присилната проституција.
Актерката Слаѓана Вујошевиќ ќе ја видиме во главната женска улога како истражувачка новинарка која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината.

Слаѓана Вујошевиќ во главната женска улога (Фото: Маја Арагикијева)
Главните машки улоги ги толкуваат Муса Исуфи и Исмаил Касуми, актери од Кумановскиот театар . Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.
Директор на фотографијата е Фејми Даут, кој беше еден од кинематограферите на номинираниот филм за „Оскар“ – „Медена земја“.
„Денот на жената“ е прв долгометражен филм на режисерот Гоце Цветановски. Тој студирал филмско сценарио и режија во Париз, каде живеел од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филмови, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот, освојувајќи бројни награди.

Режисерот Гоце Цветановски на снимањето на филмот „Денот на жената“ (Фото: Маја Аргакијева)
Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.
Актуелно
Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ

За нов уметнички раководител на Националната опера и балет е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до сега.
Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската филхармонија.
Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.
Култура
„Врба“ на Манчевски ќе игра во кината во САД

Македонскиот кандидат за Оскар за 2021 „Врба“ на Милчо Манчевски ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг-платформите низ САД, во дистрибуција на „Кино Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД.
„Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на 2021 и ќе продолжи во 2022 и 2023.
Сопственикот на Кино Лорбер, Ричард Лорбер, го нарече „Врба“ „моќно и најоригинално дело на маестро Манчевски, достојно за награди – трогателен, брилијантно одглумен и визуелно фрапантен поглед врз мајчинството.
„Не можеме да дочекаме да го споделиме ова длабоко дело со американската публика“, рече тој.
„Кино Лорбер“ постои од 1977 година, а во големата библиотека од над 4.000 нивни филмови се цела низа стари и нови добитници на Оскар и номинирани филмови и филмови на големи автори, како „Жртва“ на Тарковски, „Странецот“ на Орсон Велс, „Книга слика“ на Жан-Лик Годар, „Враќање дома“ на Хол Ешби, „Софи Шол“, „Збогум на оружјето“, „Ѕвездата е родена“, „Песјак“ на Лантимос, „Томасо“ на Абел Ферара со Вилем Дафо, „Суд“ на Тамхане, „Причината зошто скокам“, „Капитал во 21 век“ – документарец со Пикети, Фукујама и Стиглиц, документарни филмови за Јозеф Бојс, Роберт Френк, Кјубрик, Гери Виногранд, Џозеф Камбел, Грејс Џонс, итн. Во последните девет години имаат добиено дури седум номинации за Оскар.
Во текот на 2021 се предвидени кинопремиери на „Врба“ и во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.
За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ се прикажа на над 20 фестивали на четири континенти.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира