Култура
Изложба на Валбона Реџепи во КИЦ
Самостојна изложба на Валбона Реџепи, ликовна уметница од Р. Косово, од синоќа е поставена во двата изложбени салони „Империјал“ во Културно – информативниот центар во Скопје
„Националната галерија од Приштина направи договор со Друштвото на ликовните уметници на Македонија, со кој еден македонски ликовен уметник ќе се претстави во Приштина, а за возврат тука веќе е поставена мојата изложба. Задоволна сум од моето прво претставување тука и многу ми се допадна тоа што на отворањето дојдоа многу луѓе на кои им се допаднаа моите слики“ – изјави Валбона Реџепи.Делата на Реџепи внимателно ги анализирала ликовната критичарка Пенеста Дика од Косово. Дел од своите истражувања таа претстави и на отворањето на изложбата во Скопје.„Со моите истражувања на иконографијата на ѕидовите во сликите на Валбона Реџепи открив дека, од една страна, тие се појавуваат како елемент од традиционалниот простор, а, од друга страна, и како граница меѓу внатрешниот и надворешниот духовен свет на уметникот. Ѕидовите се појавуваат како симбол на заштита, но, можеби, поважен момент е што можат да бидат и симбол на бариерите кои често се испречуваат во нашите животи“ – објасни Пенеста Дика.Ликовниот уметник Решат Ахмети од Гостивар, кој е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, за творештвото на Валбона Реџепи открива дека станува збор за форми кои одразуваат елеганција на постојано движење, и додаде:Со наслов „Игра на ѕидовите“ сликарката ги претставува предизвиците кои треба да бидат надминати за да може да се воспостави рамнотежа со себеси, со современото општество и со ритамот на Универзумот. На уметнички план нејзината изложба веќе сруши една бариера.„Мотивите се динамични, асоцираат на урбани објекти, како ѕидови, прозорци, балкони. Сите се изработени со најразлични бои, што упатува на современиот израз на поп-културата. Делата на Валбона во целост поседуваат фасцинантна динамика, каде сите асоцијативни фигури се чини дека танцуваат и сакаат да излезат од рамките на сликата. Да се верува дека сликите не се само случаен наод во нејзината посветеност кон делата авторката не’ уверува и со начинот на употребата на боите, кои ја играат улогата на засилувач на уметничката идеја. Исто така, остава впечаток и цртежот, кој е многу богат и на делото му дава посебно својство.Со својата изложба Валбона докажува дека таа веќе е тесно поврзана со уметничката работа и истовремено верува во неа. Токму довербата во својата работа, со која располага, ни’ дава надеж дека таа ги надминала сите бариери на уметничкото патешествие и дека просторот е тој што има потреба од нејзините слики, а не обратно“ – нагласи Решат Ахмети.Сликарката Валбона Реџепи е родена во 1973 г. во Приштина. Академија за ликовни уметности завршила во Приштина, каде и магистрирала во 2000 г. во класата на проф. Реџеп Фери. Досега реализирала шест самостојни и учесник е на 50 групни изложби во Косово, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Шпанија. Добитник е на две награди за сликарство.Нејзината изложба во КИЦ – Скопје ќе биде поставена до 15 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало
Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.
Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.
„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.
Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.
Култура
Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата
Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.
Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.
Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.
„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.
Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.
(ПР)
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

